Да тој го работи, инаку на принцип на индукција, во водата се става електролит па пуштена низ наизменично поле со висока фрекфенција се индуцира струја во водата и бидејќи нели водата прави спој се ослободува топлина.
паааа... не е баш така. кај овој систем е молекуларно триење на водата. електролитот има повеќе својства освен електричната спроводливост на водата (дестилирана и дејонизирана користиме), меѓудругото и топлинска преносливост има поголема, емулгациони својства има врз се што допира и нај битното, не се распаѓа и уништува.
молекуларното триење не е постигнато со фреквенција на некои елкетро бранови, туку на сосема друг начин, ама тоа веќе навлага во техничкиот инжинерски дел, каде што треба да водиме дебати од друг карактер, кој за 99% од народот и обичниот корисник се шпанско село...
начелно, КАНО е моја фирма и мој бренд (заштитен), и кано системите ЈАС ГИ ПРОИЗВЕДУВАМ и никој друг. по прашање дискусија за овие системи, сум спремен секогаш да ја водам и да докажувам, но не на форум или било која интернет верзија. Сајтот го сменив годинава, т.е. поточно пред неколку месеци, го обновив, сменет е и изгледот целосно, надополнето е со фотографии, има и примери од демонтирани котли други секако со компарации околу снагата и пресметана потрошувачка, текстовите се корегирани околу грешки некои печатни, но во тие текстови нема да најдете технички зборови, технички примери и технички дефиниции, бидејки тој сат е направен за да може секој да разбере што се нуди, што е поентата и што е целта на овој систем, од проста причина, да може да го разбере секој што не се разбира од техника за греење и климатизација, односно 99% од народот.
од следна сезона ке има и англиска, шведска и германска верзија на сајтот, бидејки се спремам за отварање претставништва таму т.е. имам понуди за извоз организиранње на МОНТАЖА.
затоа, секој што го интересира за овој систем, може да најде инфо на сајтот како текст а може и на тел. да ми се јави секој работен ден меѓу 11 и 21 часот. бидејки, ако се сеќавам, телефон беше забрането да го постираш на овој форум, телефонот мој ке го најдете на сајтот, во подмени контакт (има таму и за меил да пратите опција) или пишете ми ПП, ќе ви го дадам. на истиот број можете и на вибер да пишете, а линк до сајтот имате во потписот на секој мој пост.

п.с. 9 души, активни на овој форум имаат директен контакт со кано систем.

9 души ги уживаат благодетите на кано системот. сликата од погоре, ако не се лажам, три години го имаат веќе...