Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198029 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2550 на: 19 Октомври 2017, 14:10:39 pm »
Се размислува, добро е. Ама изгледа ќе мора со стап да се решава работата.

Инаку, по едно вакво секој - ни субвенција треба ни бутур. https://klimi.mk/product.php?id=145 Поефтино од било која печка на дрва или пелети, сметки смешни, комшиите и децата незатруени, сметки за болести од загадување 0 итн.

Страшното следува допрва од 1ви Ноември ќе се затруеме ЖИВИ со тоа дрвиштата во сред град.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2551 на: 19 Октомври 2017, 14:16:19 pm »
Ако има субвенции. По мое, проблемот е дека стартната инвестиција не може да си ја дозволат. Ем многумина се греат на дрва на црно купени. Може тоа им е едини начин да се стоплат. Башка куќа да грееш на струја идат ептен високи сметки. Во најмала рака дупло него со легални дрва. Е сега добар дел од куќите во централното подрачје, мада и помал дел во периферниве делови ги рушија и на нивно место изградија згради ко бајаги по термо-ефикасни, гледам некои фирми при изградбата ставаат клими и вентилацика за кјуна/wc наместо оџак. Мојата (т.е. кај шѕо живеам, пошто не е моја зградава :) ) не ни има оџаци.
Дени не може таква промена да се направи одеднаш, за жал обратно може и преку ноќ...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2552 на: 19 Октомври 2017, 14:22:43 pm »
За почеток нека го средат системот со обезбедување на топла вода.
Така што нема да кошта едно брдо пари да се грее една куќа на парно.

Јас за едно станче од 55м2 плаќам 3000ден месечно во цела година.

Што би дошло 6000ден за тие месеци кои се грејни.

Нормално кога ми треба парно после 22 вечер, немам.
Ама затоа во 13-14 часот во станот си се грее мебелот и цвеќињата.

Скапо е.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2553 на: 19 Октомври 2017, 20:47:18 pm »
Незнам по која основа ги праат цените јас за 60 квадрата плаќам 1600-700 денари месечно. Цел стан за тие пари на друг начин нема шанси да го загреам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2554 на: 19 Октомври 2017, 22:34:26 pm »
Баче, кажи годишно колку плаќаш, не месечно. Пошто преку цела година плаќаш.   :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2555 на: 19 Октомври 2017, 22:40:05 pm »
Околу 20000денари годишно. Сите соби загреани не му ја мислам уклучи исклучи евтина скапа струја. Температура 22 степена и тоа со стари дрвени прозори од треска.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2556 на: 19 Октомври 2017, 22:41:49 pm »
Во која населба?
Во Аеродром за 60 квадрата, 33.000 годишно плаќаме

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2557 на: 19 Октомври 2017, 23:01:06 pm »
Во тафталиџе сум кај Веро 2

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2558 на: 19 Октомври 2017, 23:14:54 pm »
Во која населба?
Во Аеродром за 60 квадрата, 33.000 годишно плаќаме
Тоа ти е затоа што не ти е енергетска зградата, кај мене во новата за 60квадрати 1300 денари е месечно, во стариот стан 1700 за 50 квадрати...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2559 на: 19 Октомври 2017, 23:42:15 pm »
Значи џабе да изолираш индивидуално... али ќе треба да се тепаш со комшилукот џам ако отвориш?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2560 на: 20 Октомври 2017, 08:42:46 am »
Во која населба?
Во Аеродром за 60 квадрата, 33.000 годишно плаќаме
Тоа ти е затоа што не ти е енергетска зградата, кај мене во новата за 60квадрати 1300 денари е месечно, во стариот стан 1700 за 50 квадрати...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



пред 2 години се стави комплет фасада (на цела зграда) и нов кров, влезна врата
станот е со комплет сменета дограма

првата година беше 3.000 месечно, лани 2.600, па имаше и некое прерачунавање
инаку од 15 стана, 5 се исклучени и одбиваат да плаќаат и за потстаницата

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2561 на: 20 Октомври 2017, 08:44:45 am »
Дајте ги на извршител и решена ви е работата инаку за двата стана што ти кажав се истп во аеродром...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2562 на: 20 Октомври 2017, 08:48:56 am »
божем фирма за домување ангажиравме за да ги средуват сите работи, ама ...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2563 на: 20 Октомври 2017, 08:55:15 am »
Баче, кажи годишно колку плаќаш, не месечно. Пошто преку цела година плаќаш.   :)

Во која населба?
Во Аеродром за 60 квадрата, 33.000 годишно плаќаме

И јас толку плаќам за таа квадратура. 33 000 годишно.

Иначе сега ни направија фасада па ќе видиме дали ќе намалиме на сметки.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2564 на: 20 Октомври 2017, 09:49:02 am »
Мислам дека треба да викнете од топлификација премери и рачуници да праат за да ја намалат моќноста.