Може ли некој да ми објасни разлика, предности и недостатоци на парапетните клима уреди. Дали е подобро за греење да се оди со таква единица или класнична високо на зид. Читам различни мислења некој вика тие подобро затоплувале друг како демек пошто зидните од горе земале топол воздух подобро било... Па ако има некој што стварно стручно се разбира да ми објасни.
Потребно ми е за греење во куќа, дневна 35м2 + кујничка 7м2 на прв спрат, спални на втор, надворешни зидови без изолација, дрвена дограма со термопан стакла.
Може да пуштам и скица од распоредот ако некој се нафати да ми помогне околу изборот 
Генерално нема значајно големи разлики.
Подните можат да се користат кога нема услови за ѕидна монтажа (застаклени ѕидови, ѕидови со завеси, ...), а треба да се избегнуваат кога подот е натрупан со предмети кои можат да го опструираат струењето на воздухот.
Од аспект на ефективноста при греење имаат мала предност во однос на ѕидните бидејќи земаат поладен воздух од подот па ефективната измена на топлина е поголема.
Топлината преминува од повисок кон понизок потенцијал, при греење од фреонот (преку топлоизменувачот) на воздухот. Колку е поголема температурната разлика deltaT толку е поголем и степенот на премин. Бидејќи на подот воздухот е поладен за некои 3-4°С значи дека за некои 5-10% ќе има поефективна измена, а тоа значи за исто количество на предадена топлина ќе треба помал волумен на воздух да помине низ уредот.
Од аспект на чувство на комфорот при греењето со подна изведба, предноста е што ефектот на греење нешто побрзо се чувствува при подна изведба, а особено кај единиците кои имаат и насока на греење долу кон подот (кај одредени модели на почетокот дува и низ отвор странично кон подот) попријатно е чувството во делот на нозете. Сето ова доколку на фронтот на воздушниот ток нема препреки.
Немам лично искуство затоа што во дневниот простор немам погодно место за подна изведба, иако исто како тебе и јас сум размислувал на таа тема. Втората просторија засега е погодна, но монтажата на под ја ограничува евентуалната реорганизација на порсторот во иднина.
Се на се, ако споредиш поден и ѕиден модел од ист производител/модел, најголема разлика е разликата во цена.