Повеќето клими идат со некоја декарација за 300% ефикасност која нема како да се испита во домашни услови, нити па има некој да се замара со увозниците. Радо би зел уред што е 300% ефикасен, ама ако навистина е на - 15 барем...
Декларациите се обично вредностите мерени на 7с и тоа во лабораториски услови. Така да фактор од 3 прилично тешко да се постигне на -15с, иако има и такви клими (ама од поскапите се). Клима од 500-600 евра (од подобрите такви), на -15с тешко дека ќе направи подобар фактор од 1.5. Но тоа е сеуште 50% поефикасно од класичен електричен грејач.
Една работа која треба да се разбере, е дека ефикасноста на климите не е фиксна, се менува како што се менува температурата и влажноста надвор. Тоа значи дека ако навечер е -20с, преку ден може да биде +10с. Значи како ќе се менува температурата надвор, така ќе се менува и ефикасносата и потрошувачката за да се загрее внатре.
Јас еуровент не го обичам премногу, пошто е исполитизиран, но еве мерени вредности за Toshiba Suzumi Plus (како мојата):
http://www.eurovent-certification.com/en/Certified_products/Access_by_programme.php?lg=en&rub=04&srub=01&select_prog=AC&select_partic=64&select_marque=TOSHIBA&select_class=AC1+%2F+A+%2F+S+%2F+R&tri_chp=&debut_affiche=56&indice_affiche=4Тука гледаш дека на -7с ефикасноста на Suzumi Plus моделите е некаде окулу 2.5 kW. Тоа значи дека за еден kW струја добиваш 2.5 kW топлина.
Имам поставено мерач за потрошувачка, и зиме навечер на најладното знаеше да оди блиску до максималната потрошувачка од 1.40 kW, но најчесто накај ~1 kW. Дневната соба од 36м2 ја загреваше без проблем до 26с внатрешна температура (обично греам до ~22с или 23с). Дење потрошувачката идеше окулу ~400 W. Значи просекот е некаде помеѓу. Од друга страна треба да кажам дека имам термо фасада со 10см стиропор, и сендвич ѕидови.
Пази само дека зборувам за најладното. На почеток и на крај од зимата ефикасноста рипа прилично. Погледни во табелата погоре за +7с, COP факторот оди над 4. Тогаш за еден kW струја добивам 4 kW топлина, само што реално не ми се потребни толку и инверторот симнува потрошувачка па климата грее со 400W - колку 4 сијалици што трошат. Всушност често имам гледано како потрошувачката се симнува и до 150W, ама тоа се минимумите кои се случуваат само одвреме навреме.
Дека климите се економично решение за греење, економични се. Но има и слабости. Прво, со една клима загреваш една просторија. Значи за другите простории треба или да чуваш отворени врати (и таму да биде поладно) или да ставиш клима и во тие простории. Ете да речеме за спалната не е некој проблем (за мене, за друг можеби е проблем), пошто се спие и на поладно (јас имам клима и во спалната, ама некогаш ме нервира звукот па ја гасам). Поголем проблем е загревање на WC-то. За туширање се снаоѓам со пуштање калорифер. Проблемот е за идење во тоалет. Кај мене седи подоотворена вратата па не ми е голем проблем, не е ладно. На некој друг ќе му смета ова.
Од ваков аспект, заради комфорот што се добива, решенијата за греење како тој на Кано се многу покомфорни. Имаш радијатори во секоја просторија, па и во тоалетот/бањата.
Кој може да си дозволи, нема да се заебе.
Е сега некој ќе каже ова истото го имам и со централно парно. Но тоа е врзување со договор за плаќање за навек, плус и сметките не се мали. Економичноста е различна секој корисник различно. Секој за себе си знае што му е важно. Но ако генерализрам, било што од набројаните опции е поисплатливо од централното греење. На годишно ниво, најскапо решение (од спомантиве) е централното греење. Кај централното греење предноста е што немаш голема почетна инвестиција, и плаќаш на рати, и не се замараш. Освен после 10 навечер кога го исклучуваат.

(10 беше?)