Toшиба ти се слаби за греење реалтивно за цената, имаш еуровент за нив може точно да се види колку сила имаат.
...
LG се корејски не се којзнае што, ама имаат еуровент може да се провери и за нив која е силата точно. Добра е Атхената 1100еур. другите се онака.
^^
Пар работи со кои не се согласувам. Прво неразбирливо е зошто некој за 1.1к евра би земал ЛГ кога за парите има неспоредливо подобри клими. Второ еуровент не ти кажува како се понаша климата во реални услови, а јас лично со Тошиба имам добро искуство - и тоа како вреди за парите (кој може да си дозволи). Од ракав можам да набројам неколку модели од Тошиба кои се подобри (и поевтини) клими од наведениот ЛГ.
Мицибушито кое го наведуваш го мете подот со тој ЛГ, а кошта дури и нешто помалку. Е сега ЛГ-то може да има добар еурвент, ама еуровент не ти кажува колку е уредот квалитетен, колку е склон на влагање во дефрост, на расипување, на проблеми, еуровент не кажува колку интелегентен софтвер има таа клима, какви опции има (тајмери, сензори, итн).
Инаку од искуство можам да кажам дека и покрај добрите намери не можеш да му помогнеш на лаик со набројување на многу клими. Само го збунуваш. На пример која е разликата од Авант на Тошиба и Хансол од Гри, ако коштаат исти пари, а првиот е Јапонец со педигре додека вториот е Кинез. Како влијае разликата во надворешните единици во перформансите, количината на фреонот, тежината, итн... Без пар недели читање вакви работи нема да разбере ништо.
Најпрактично е кога кажуваат колкав им е буџетот, и им кажуваш ти што би земал за тие пари.
Е сега не знам колку и при каква експлоатација би траел инвертерот доколку се земе по квалитетен т.е. дали вреди да се инвестира во инвертер или да се приклучам на парно.
^^
Приклучи се на парно и никогаш нема да можеш да се исклучиш. Т.е. и да се исклучиш, пак ќе ти наплаќаат рушвет.
Клима ти е поекономичен избор, посебно ако си во зграда каде има парно - помала потрошувачка ќе има климата. Брат ми е во трособен стан, со една 3.5ка клима го грее.