Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198092 пати)

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Eve deni go pisal istoto vo istiot moment

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Поточно се работи за 32 м2, изолирана куќа прв спрат, пвц столарија,  не се грее од доле (подрум) и од страна, се грее од горе. Прозори гледаат на југ и север, ѕид на исток.
Не ми се гледаат евтини кинески клими ниту пак ми се даваат 60000, значи некоја златна средина. Би сакал да може да биде примарна за греење, но ине мора. Може да се догрее со панелки. ( да не биде репер зимава со -20 ).
 Секои препораки со модел се добредојдени.
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер

Јас еве вака би ти препорачал како за кај тебе. Не се по некој редослед.
- Премиум Mitsubishi FH35VE како најскапа опција 63000+ монтажа и крај на програмата. Eфикасност врвна, греење врвно, тајмер врвен...
- Буџет Gree Lomo LOMO GWH12QC-K3DNB4G сега е 27000 + монтажа на попуст, најдобар кинез бренд со греач на тацна со све и 10 години гаранција.
- Нешто измеѓу Gree Hansol GWH12TB-S3DBA3E е 50000+ монтажа, исто како бренд е најдобар кинез бренд со дупли компресор со све и 10 години гаранција.

Toшиба ти се слаби за греење реалтивно за цената, имаш еуровент за нив може точно да се види колку сила имаат.
Daikin ако ти е мерак има по некој модел ама основните модели се океј накај слаби, кај нив вреди Ururu Sarara која е 2500еур+.
Панасоник исто како даикн, модел кој вреди е VX серијата која е 1800еур+.
LG се корејски не се којзнае што, ама имаат еуровент може да се провери и за нив која е силата точно. Добра е Атхената 1100еур. другите се онака.
Сајт со бајаги клими имаш тука https://klimi.mk/

П.С. Зошто не ти се грее одоздола, исто најтопло би ти препорачал да погледнеш парапетни единици. Ако имаш простор ептен се добри за греење зошто дуваат скроз доле во најладниот дел од собата. Нешто вака:
https://klimi.mk/product.php?id=178
https://klimi.mk/product.php?id=146
https://klimi.mk/product.php?id=177
Само кај овие мора да имаш доле ниско простор да ги поставиш и пред нив да има барем простор за да има кај да дуваат. Ако имаш простор за поставување - можеби најдобро решение за греење на земјата. А и си ладат најнормално секако.

Да не те потсетувам што и да бараш побарај си попуст, би требало да го добиеш 1000-3000 колку толку да си покриеш нешто од монтажата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Како сте задоволни од парно? Се мислам измеѓу парно и инвертер.
Мојата ситуација :
Станче од 60-тина квадрати, надворешните ѕидови се од сипорекс и фасаднна цигла, измеѓу со стаклена волна, подот е со ламинат ( здравје може да иде паркет понатака) , под мене се подруми, северо-запад ориентација (дм

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Градско парно или?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Уеп, градско... од мое искуство во 4-5 сабајле е 10 степени пожешко од пеколот ( можеш прозор да отвориш) на вечер (после 10)  го гаснат. Ѕидовите држат топло доволно додека го пуштат повторно( преку ноќта). Добро е што не се плаќа ништо за цефките кои врват (ако не си приклуче), секако дека не греат доволно (нити па очекувам). Зиме 2-3 месеци идат повисоки сметки, 9 месеци нормално. Како што гледам добар инвертер тешко испод 2к еу плус струјата што ќе ка потроши. Би се исплатил после 7-8 години со тоа што треба да се плати побрзо, а и да не се расипи 10 год. за да имам есап да го земам. Сметката е околу 2.000 ден во просек.
Е сега не знам колку и при каква експлоатација би траел инвертерот доколку се земе по квалитетен т.е. дали вреди да се инвестира во инвертер или да се приклучам на парно.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Parno .

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Toшиба ти се слаби за греење реалтивно за цената, имаш еуровент за нив може точно да се види колку сила имаат.
...
LG се корејски не се којзнае што, ама имаат еуровент може да се провери и за нив која е силата точно. Добра е Атхената 1100еур. другите се онака.
^^
Пар работи со кои не се согласувам. Прво неразбирливо е зошто некој за 1.1к евра би земал ЛГ кога за парите има неспоредливо подобри клими. Второ еуровент не ти кажува како се понаша климата во реални услови, а јас лично со Тошиба имам добро искуство - и тоа како вреди за парите (кој може да си дозволи). Од ракав можам да набројам неколку модели од Тошиба кои се подобри (и поевтини) клими од наведениот ЛГ.

Мицибушито кое го наведуваш го мете подот со тој ЛГ, а кошта дури и нешто помалку. Е сега ЛГ-то може да има добар еурвент, ама еуровент не ти кажува колку е уредот квалитетен, колку е склон на влагање во дефрост, на расипување, на проблеми, еуровент не кажува колку интелегентен софтвер има таа клима, какви опции има (тајмери, сензори, итн).

Инаку од искуство можам да кажам дека и покрај добрите намери не можеш да му помогнеш на лаик со набројување на многу клими. Само го збунуваш. На пример која е разликата од Авант на Тошиба и Хансол од Гри, ако коштаат исти пари, а првиот е Јапонец со педигре додека вториот е Кинез. Како влијае разликата во надворешните единици во перформансите, количината на фреонот, тежината, итн... Без пар недели читање вакви работи нема да разбере ништо.
Најпрактично е кога кажуваат колкав им е буџетот, и им кажуваш ти што би земал за тие пари.

Е сега не знам колку и при каква експлоатација би траел инвертерот доколку се земе по квалитетен т.е. дали вреди да се инвестира во инвертер или да се приклучам на парно.
^^
Приклучи се на парно и никогаш нема да можеш да се исклучиш. Т.е. и да се исклучиш, пак ќе ти наплаќаат рушвет.
Клима ти е поекономичен избор, посебно ако си во зграда каде има парно - помала потрошувачка ќе има климата. Брат ми е во трособен стан, со една 3.5ка клима го грее.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Со клима не се грее, ама македончето нема кеш па мора да наоѓа евтино решение. За некое време кога ќе почнат кашлици алергии цацко ќе биде крив

Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Најдлабоко на светот се извинувам ако не сум се искажал добро. Не реков ЛГ да се земе, наспрема мицубишито, напротив. Јасно напоменав дека Мицубишито е изборот кој треба да се направи. Ама од ЛГ (ако морам ЛГ да земам рецимо, таа би ја земал). Рецимо пријател ми е увозник и ќе ми ја даде за упола цена - прост пример. Мицубишито има подобар еуровент, и многу подобар тајмер, подобро дување, двојни издуви за подесување, затоа и го имам крај краева...

Затоа и наведов јасно точно 3 клими кои му ги препорачав едната за 63, другата за 30, и третата за 50. ФХ/ломо/хансол. А другите марки само сакав да напоменам дека ИМААТ добри модели, но се најчесто многу скапи. Да не се залета по ДАИКИН (брааат) а да го земе основниот даикин кој е послаб од све на светов. Или по ЛГ и да е ефтина а безвезе. Даикин е Уруру Сарара како што реков а не 35000 денари клима со налепница даикин и со катастрофа еуровент. Истото и за другите јаки марки.

Инаку се сложувам.
« Последно менување: 29 Мај 2017, 08:52:01 am Deni »

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Дали Грее Ломо или Амбер би ми завршиле работа како поевтини варијанти или има некој поасален бренд до 600-700 еур.
 
https://klimi.mk/product.php?id=106
https://klimi.mk/product.php?id=201
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Дали Грее Ломо или Амбер би ми завршиле работа како поевтини варијанти или има некој поасален бренд до 600-700 еур.
 
https://klimi.mk/product.php?id=106
https://klimi.mk/product.php?id=201
Да, би требало да завршат. Види го овој член на еден друг форум он ја држи страницата клими, која цена може да ти ја даде. Језда е сега намалена бајаги на промоција, ама сепак вреди да се праша. Кажи Дени те пратил, па види што ќе направите. https://forum.it.mk/members/sumi.46/

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ќе прашам деновиве како е процедурата за исклучување. Ако се исклучува со едно кратен надомест ќе видам годинава како ќе поминиме.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Со клима не се грее, ама македончето нема кеш па мора да наоѓа евтино решение. За некое време кога ќе почнат кашлици алергии цацко ќе биде крив

Sent from my iPhone 7 using Tapatalk
Зависи колкави топлински загуби ти има просторијата. Ако е добро изолирана без проблем се грее со клима до -15 степени.

Секако мислам на добра клима како што предложија членовите погоре, а не некој прдеж кој повеќе време се одмрзнува одколку што грее .

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ќе прашам деновиве како е процедурата за исклучување. Ако се исклучува со едно кратен надомест ќе видам годинава како ќе поминиме.
Пресметај си како би дошло плаќањето, кое доаѓа поефтино. Ако веќе имаш парно не е воопшто да одмет да се има некое пристојно инверторче од испод 500eur главно за ладење и за недајбоже и за греење. Или за откога ќе изгаси парното.