Oпремата не е лесно расиплива, но како и секоја техника со тек на време еднаш ќе се расипе. Истото важи за сите уреди со топлински пумпи (и воопшто), сеедно дали се клима уреди или такви што загреваат вода.
Така да, кога еднаш ќе се деси квар нема да биде сеедно дали цел стан/куќа ќе останат без греење/ладење - или само една просторија ќе биде зафатена од кварот (и не целосно, пошто другите клими во станот ќе работат). И не е сеедно дали во градот има неколку сервиси кои имаат делови на лагер, или се работи за делови кои едниот добавувач треба да ги нарачува од Кина (и да се чекаат со месеци).
Според тебе, ако сум спремен да дадам и повеќе пари како што би дал за некое друго решение, најдобар избор во однос пари/перформанси би добил со висока класа инвертери во секоја просторија (капацитет спрема просторот) и некој калорифер или слично за ептен ако треба во WC?
Да, за потцртаното. Со тоа што мое лично мислење е дека не мора да се оди на највисока класа уреди.
Јас сум прилично задоволен, посебно од економскиот аспект на греењето со клима уреди, и разликата во сметките не е „200 денари“ месечно туку многу пати повеќе.
Од друга страна, ако некако можеш да изведеш подно греење и да го комбинираш со топлотна пумпа која грее вода - од тоа нема подобро па дури и ако е многу поскапо. За тоа јас би дал повеќе пари, да можев технички да го изведам.
Но таква топлинска пумпа во комбинација со фенкојлери е тотално неисплатлива, единствен економски бенефит е греењето на вода за хигиенска намена (заштеда од проценти од 1% во однос на цената на чинење на системот). Сите други комбинации, класични радијатори од парно за кои водата ќе треба да ја догреваш со електрични грејачи (т.н. ел. котли) се исто така неисплатливи, посебно оваа варијанта каде не само што системот ќе биде скап туку и сметките ќе бидат големи.
Затоа ако имаш пари и можности: подно греење и топлотна пумпа за вода. Ако имаш уште повеќе пари, можности, и кеиф: геотермална топлотна пумпа.
Во сите други варијанти каде фактор е економија на целокупното чинење на решението за греење: квалитетни инвертор клима уреди.
Сите овие решенија имаат и добри и лоши страни.
Идејата е да си запознат и со добрите и со лошите страни пред да донесеш решение, според сопствените потреби и буџет.