Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200189 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #2190 на: 09 Февруари 2017, 07:43:54 am »
Златко колку плаќаш струја за греење и колку плаќаш на бег ?

Sent from my Huawei P9


Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #2191 на: 09 Февруари 2017, 08:29:18 am »
Дени скроз сум заборавил, ми стигна и сметката за струја за најладниот период од 18 декември до 18 јануари.

Стан 60 квадрати во прилично постара зграда, со дупли дрвени прозори стари оставени од п.н.е, цирка 6100 денари.( во ова имаш од бојлер, рерна па до фен)

Двата инвертера (2,5kw и 3,5kw) не сум ги изгасил до ден денес, а на -20 работеа и топлеа одлично со тоа што многу зависи надвор дали е екстремно влажно, само тоа ми направи проблем една вечер, што и да правев дуваа прилично млако. Останатиот период работат предобро.

Надворешните единици се буквално бешумни, едино ако не ја пуштиш на турбо мод, на висока температура се осеќа некое мааааало зуење ама е буквално ништо во споредба на тоа што сум видел како бучат други. Кај мене нема ставено ни гумици на Л профилите па можеш да замислиш ако ставам буфер како ќе се испегла се.

Сметката ја немам во мене ама грубо мислам дека месечно ми трошат од 1500 до 2000 денари струја, дома просек е 23 степени. Поставени се на 2-те страни од станот за подобра циркулација.

Што те интересира подетално кажи, ако сакаш и клип ќе ти снимам како убрзува перката кога појачувам температура и фан.

ЕДИТ
Заборавив да наведам дека од 3 страни не се грее ниту еден стан ( пошо нема народ )

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2192 на: 09 Февруари 2017, 09:08:50 am »
Златко колку плаќаш струја за греење и колку плаќаш на бег ?

Sent from my Huawei P9

За БЕГ плаќам секој месец по 338 денари.

Последните сметки за струја се со следните износи:


Декември 2016      - 3799
Ноември 2016       - 3998
Октомври 2016      - 2018
Септември 2016     - 1979
Август 2016           - 1563
Јули 2016              - 1780
Јуни 2016              - 1802
_______________________
ПРОСЕК                 = 2419 денари

Јануарската сметка сеуште ја немам добиено ама според мои проценки не би требало да е повеќе од 4300 - 4500 денари, заради екстремниот студ.

Од Октомври до денес климата е постојано на мод за греење и не е исклучена никогаш, дури ни кога сме биле на неколку денови отсутни од дома. Во тие ситуации само е оставена да дува на најтивко. Инаку редовно ја оставам на AUTO.

Во останатите месеци климата била пуштена на ладење и исто така оставена да лади и одржува температура речиси во текот на целиот ден,.
« Последно менување: 09 Февруари 2017, 10:17:10 am zlatkoa »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2193 на: 09 Февруари 2017, 09:15:13 am »
Тууу Златко кога стигнало кај тебе декември 2017 ??

;D ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2194 на: 09 Февруари 2017, 09:17:21 am »
Кај мене на писмено уште не можам да ја отарасам 2016-та  ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2195 на: 09 Февруари 2017, 09:25:53 am »
Тууу Златко кога стигнало кај тебе декември 2017 ??

;D ;D





Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2196 на: 09 Февруари 2017, 09:59:31 am »
Абе годините на сметките ти се утнати :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2197 на: 09 Февруари 2017, 10:02:11 am »
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2198 на: 09 Февруари 2017, 10:17:55 am »
Абе годините на сметките ти се утнати :)

Фала на забелешката. Поправено.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2199 на: 09 Февруари 2017, 10:18:11 am »
а климиве на колку време ги чистите и дали ги чистите? на толку работа ваљда треба почесто да се чисти, прашина бактерии слично?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2200 на: 09 Февруари 2017, 10:19:10 am »
а климиве на колку време ги чистите и дали ги чистите? на толку работа ваљда треба почесто да се чисти, прашина бактерии слично?

Еднаш месечно ги перам филтрите, и ја поминувам со правосмукалка.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2201 на: 09 Февруари 2017, 10:32:03 am »
Филтрите убаво е и на две недели. Што се почисти, потопло дува и појако - пренајубо  :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2202 на: 12 Февруари 2017, 15:39:32 pm »
дај бе не станувајте кајгана форумот... и таму една тема има за греење и во нејзе се тапани само и само за клими... јест да касните малку со муабетиве, ама пошто знам што се дешаваше таму, знам и тука што следи...

ќе почнете сега да купувате оние мерачи за потрошена струја во штекер што се тураат, па ке почнете да мерите мадиња во потрошња, изразена во вати (без кило) и тоа во едноцифрени бројки, т.е. во толку мало што тешко е да се пресмета цената на разликата...

од аспект на термичар, само ке повторам дека за греење клима уред не треба да ви биде основна солуција. прво и основно зборнете со некој доктор, што се случува со телото и вашиот организам кога се наоѓа на константна промаја... какви се последици ке ви се појават, на мускули, жили и крвни садови... после тоа информирајте се, големата температурна разлика на телото кога сте во вертикална положба, значи низ дома се движите, или седите пред телевизор со нозете доле на патос... а од каде доаѓа таа температурна разлика.. е па таа доаѓа од:



чиста физика... топлиот воздух секогаш се качува горе, ладниот воздух секогаш паѓа доле, бидејки е по густ и по тежок од топлиот... клима уредот се наоѓа во горна зона и присилно го дува воздухот надолее, но не за долго тој пак е горе. загревањето на дното од просторијата со клими е непостоечко... не се загрева долната зона, односно онаму кај што ви се стапалата, па се до над колениците... не го траскам ова од ракав, научно докажано, има и чисто физичко објаснување, (ако сте учеле физика во основно образование ќе знаете за што зборам) барајте си и едуцирајте се, еве илустрирано како тоа изгледа:



поентата е дека “насилничкиот“ момент на дувањето топол воздух надоле, во суштина е премногу силна циркулација на воздух надоле, толку силна што за нашето тело тоа е класична промаја, спора... со ладењето веќе е друг муабет, климата е баш на право место. се пушта да дува хоризонтално или со растурање (движење на флиповите лево десно или горе доле) и ладниот воздух секогаш ќе падне доле кај што треба и да се лади целиот простор како што треба... што мислите, зашто радијаторите се доле, а не горе?

и последна работа.. ако сакате да тестирате дали е вака или не, измерете го воздухот НАД климата која температура е и ПОД климата која е.. збориме за разлика од 60-70 сантими.. се ќе ви биде јасно... од овој аспект, нај добро едначење по загревање е подното греење, но и тоа не е баш доволно добро за човековото здравје, затоа што пак константо држење на таа температура исто така не чини за вените...

радијаторското греење е незаменливо по прашање на еднакво загревање во просторот. еве ја илустрацијата за тоа како радијаторот загрева:



со тоа што разликите во циркулацијата на топлиот воздух се што изворот е на пониска зона, па кругот на движење е истиот, ама многу поспор и за човечкото тело не претставува проблем, бидејки нема движење на воздухот толку многу...


ова е дијаграмот на температурна разлика СО РАДИЈАТОР.. а со клима бројките во разликата се ДВОЦИФРЕНИ... реков, измерете па уверете се, над клима и под клима... доколку сте во стан, и се греете со клима, ОГРОООООМНА услуга му правите на комшијата над вас... и да, не постои изолација со 100% запирање на губитоците... ;) ;)
« Последно менување: 12 Февруари 2017, 15:48:13 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Филтрите убаво е и на две недели. Што се почисти, потопло дува и појако - пренајубо  :)
Јас баш вчера ги пројдов. А здравје на пролет ќе го исчистам и изменувачот. Еднаш годишно пред зима практикувам зошто главно за греење се користат климите, за ладење чат-пат само има потреба.
На две недели ако ептен чуриш цигари или прашини некои од надвор можда.

Ама ептен спас се за греење.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2204 на: 12 Февруари 2017, 17:48:21 pm »
некој и вреќа сол може да изеде од инат....  мислам, ептен ти е провидна поентата на постот дени... џабњ водиш инат со мене...

како беше она..? во недостаток на аргументи... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време