Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199883 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг:
« Одговори #2100 на: 25 Јануари 2017, 19:35:11 pm »
Бњз разлика. И да е дупло, пак е малку.
Јас ближам накај 1к еура и далеку сум од константни 22 степени. Во купатило влегувам и реома добивам алтомаЦки :D

Sent from my SM-J710F using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2101 на: 25 Јануари 2017, 19:38:14 pm »
Koлку кубика дрво оди згора на тоа?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #2102 на: 25 Јануари 2017, 19:43:21 pm »
Koлку кубика дрво оди згора на тоа?

Не знам. Имам дрва, плус се готви на дрва на друг шпорет. Кога продавам од тополите има остатоци што мора да ги собирам и горам. Исто лани ископачивме околу 400 стебла праски и со корените има уште многу кубици. Ама топола и праска не е огревно дрво да го мерам со кубици, ама како што редев и цепев последниот пат од три-четири кубици по грејна сезона нема повеќе. Дури ни толку нема, затоа што не гори оган секој ден, зависи како е расположението да се запали. 

...

Кано системот ќе ти излезе низ оџак. :(
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2103 на: 25 Јануари 2017, 21:09:35 pm »
Излезе веќе...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2104 на: 26 Јануари 2017, 09:02:25 am »
во моментов има недостаток на пелети на пазар
и нормално како што бива кај нас, за она што плаќав 180 ден. од вреќа, сега бараат 210 ден. од вреќа, со изговор: „е кога може босанскиве и српскиве да ги продаваат по 220-240, зошто јас нашиве да не ги продавам по 210, исто се квалитетни“
шупаци

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2105 на: 26 Јануари 2017, 09:39:33 am »
Македонче, а начека .. удри по своето. Гад народ.
Исто со се, со зимски гуми, со патлиџани, со празници и пред празници.

Цените си ги креираат како им се дигне.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2106 на: 26 Јануари 2017, 11:00:12 am »
Клабери,

Шо панелни греалки (конвектори) би препорачале за 2-2.5кв?
Најефтини а добри.
https://klimi.mk/product.php?id=171
https://klimi.mk/product.php?id=106

Фала, али со новороденче, клима не е баш добра варијанта кога се престојува во истата просторија каде е лоцирана, зошто создава струење на воздухот.

п.с. Колешка моја сакаат да ставаат печка на пелети во куќа на 3 спрата со вкупно 350 квадрати. Имаат сендвич ѕидови и ПВЦ прозори. Радијатори се веќе инсталирани. Има некој искуство со оваа квадратура колку како би ги чинело за печка на пелети плус месечно за пелети, приближно нормално, инаку ако гледаме како за месецов :)
Иако не им е во план, чисто информативно, незнам дали онак би читал, да пише со неговиот Кано систем проценка колку како?
кажи им да ме побараат, ете линкови во потпис имам, ми требаат податоци, за да можам да дадам конкретни бројки. и за цена на монтажа и за прогнозирана потрошња.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2107 на: 26 Јануари 2017, 11:21:40 am »
Македонче, а начека .. удри по своето. Гад народ.
Исто со се, со зимски гуми, со патлиџани, со празници и пред празници.

Цените си ги креираат како им се дигне.
Спанаќ вчера на пазар 120 денари за килограм.
Вреќата си стоеше полна.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2108 на: 26 Јануари 2017, 11:23:43 am »
Така де, глупо.
Дај го за ефтина маржа, цел ќе го продадеш! А не од 2 кила да се збогати сака.

Абе малку ни е се што ни се прави.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2109 на: 26 Јануари 2017, 11:35:09 am »
Немојте бе така за пазарџиите. Не се они бизнисмени, банкари и економисти па да ги хејтате. Толку продаваат колку што продаваат. И ако на некој вреди бакшиш да оставиш тоа е на нив.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2110 на: 26 Јануари 2017, 11:49:57 am »
А продавал некој од вас на пазар да видите како е? Да дремеш по цел ден за мала заработувачка?
Зборам за пазарџии што продаваат домашни работи не прекупци.
New blood of old school

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #2111 на: 26 Јануари 2017, 12:11:08 pm »
Муабетот беше за пелетите, не за патлиџаните, тие улетаа како паралела :)

А на пазарџиите не им е лошо. Уствари нив им е лошо колку што и СИТЕ други кои преживуваат во државава, а тоа е многу народ.

Како беше она, добар граѓанин е оној кој си го плаќа данокот. :)
На пазар никој не дава фискална :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2112 на: 26 Јануари 2017, 14:43:44 pm »
А продавал некој од вас на пазар да видите како е? Да дремеш по цел ден за мала заработувачка?
Зборам за пазарџии што продаваат домашни работи не прекупци.

Минимум по еден месец сум спиел на тезга во Прилеп со сопствено производство.
Ги знам сите што произведуваат, ги знам и прекупците. Знам колку му се продава на нив а колку земаат они маржа. Заработуваат повеќе од производителот, со право секако.

Не, не ги обвинив продавачите, само цената на некои продукти.
Пошто моите секоја година и спанаќ продаваат. Да миеш спанаќ на -15* е лоша, ЛОША работа. И 120 денари се малку, но за нас се многу.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2113 на: 26 Јануари 2017, 17:48:14 pm »
Лапајте ефикасен калорифер на акција.

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=212005

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2114 на: 26 Јануари 2017, 19:30:12 pm »
А продавал некој од вас на пазар да видите како е? Да дремеш по цел ден за мала заработувачка?
Зборам за пазарџии што продаваат домашни работи не прекупци.

Минимум по еден месец сум спиел на тезга во Прилеп со сопствено производство.
Ги знам сите што произведуваат, ги знам и прекупците. Знам колку му се продава на нив а колку земаат они маржа. Заработуваат повеќе од производителот, со право секако.

Не, не ги обвинив продавачите, само цената на некои продукти.
Пошто моите секоја година и спанаќ продаваат. Да миеш спанаќ на -15* е лоша, ЛОША работа. И 120 денари се малку, но за нас се многу.

Ееее така убаво си кажа, истото важи и за концерти, опери, театар. 600денари не се многу пари, работата е дека ние ги немаме и за нас се многу. А за ова проблемот лежи многу многу подлабоко.