Нормално дека надвор е потресително страшно БАШ ЗАРАДИ ќумбињата, ама муабетот е за Јаглерод Моноксид во случајов, а не за задименост. Доаѓа времето кога жалбите за воздухот ќе се се почести, а тоа е зимава. Особено како што викаат дека ќе е топличка како ланската значи дека пак ќе се соочиме со магла и загадување од горените дрва/ствари.
Само да се вклучат сите клими по Скопјево на греење зимава, наместо да се труеме ќе имаме намалување на вкупните трошоци, повеќе пари во џебот, значително почист воздух, поздрав народ, без ниедна негативност. Едно копче е во прашање. Клик, и се ќе биде во ред. А скоро сите имаме клими по дома. Во овие периоди климите БЕЗ НАЈМАЛ ПРОБЛЕМ постигнуваат да загреат, макар и најефтините и најпростите. Само треба да се употреби тоа копче за палење наместо да хибернираат цела зима. Ете нека се горат дрва, ете нека, ајде. Ама климата да покрие САМО 40% од загревањето, а тоа било која клима може да го направи во секое време (реално 70-100% покрива), значи дека наместо 10 кубика, ќе се согорат 6 кубика во едно домаќинство зимава. Истите пари дадени, ако е за парите - грубо.
И тоа да е најсуво и најквалитетно согорено дрво, ќе има енормно голема разлика во загадувањето. А тек што дрвата кај нас во голема мера не се тотално припремени, пресушени. Тоа ја зголемува емисијата на честички за ред величини! И во тој момент енормното, станува незамисливо големо. Секоја година истото морам да го објаснувам, и па можеби некој некаде ќе сфати кој е правиот пат.
Дека неможеш да се објасниш со луѓето неможеш. Ај тоа. Еве сега иницијативата е почната со субвенции за пелетни печки и намалување на ддв за пелети. Значи пошто нема решение, мора да се оди така. Дел се пребација, дел ќе останат. Од наредна година ќе мора да се качи дрвцето во цена, за да се исфрла од употреба, и на крај после 3 години и акциза да му се опаша заради тоа што тоа е ЛУКСУЗЕН продукт кој настанува со сечење на шуми и во повеќе насоки го нарушува воздухот, а за тоа мора некој да плати. Во случајов тој што користи дрва.
