Гледам сите што се грееа на дрва умираа на рани години од тоа што е штетно таквото греење.
Може ќе се изненадиш ако ти кажам дека не си далеку од вистината.
Не знам дали ќе ти се верува, но во рурални средини (села) луѓето
во просек умираат помлади отколку во урбани средини. А
една од причините е токму дишењето чад и формалдехид од греење на дрва.
https://www.google.com/search?q=urban+vs+rural+life+expectancyИМА електромагнетно зрачење.. во 95% случаите и панелките се со електромагнетно зрачење. поготово оние што се со бакарна жица како подно... а и оние што се со обичен алумински ладилник-крилца врз греачот... проверено...
Секое тело во вселенава со температура поголема од нула келвини емитува електромагнетно зрачење. Печка на дрва
интензивно емитува електромагнетно зрачење (инфрацрвено).
Веројатно си помешал електромагнетно со јонизирачко зрачење (јонизирачкото зрачење е штетно).
ако сакаш да провериш дали грешам, најди компас, било каков (исправен нели, не оние привезоците што ги продаваат за 50-100 денари што ги ашкаш низ џебови, касета, брава од кола итн итн) задржи го во правец кај што ке се смири и приближи го до панелката... па увери се...
Мрдањето на компасот не докажува зрачење, туку присуство на магнетно поле.
Може да има нула зрачење, а компасот да мрда (напр во присуство на перманентен магнет или во близина на, шознам, проводник на еднонасочна струја)
Може да има чернобил зрачење, а компасот да не мрда.
Со други зборови, компас не е мерач на зрачење. За мерење на зрачење со користат други направи.
Итн.