^^
Пилевината во пелетите не е само од чисто дрво туку пелетите се прават од секаков отпад што содржи дрва (читај иверка, ОСБ, и разни други страња што се прават со лепаци и разни штетни хемикалии, формалдехид, итн, итн). Бутаат што стигнат во пелетите, нема никакви регулации за составот на пелетите - ако грешам нека ме попорави некој (со факти). Значи хемија има колку сакаш во пелетите а составот и енергетската вредност не се гарантирани.
Поголемата енергетска ефикасност на пелетите е претпоставена ама не и гарантирана. Ако пелетите се квалитетни (значи скапи) тогаш сеуште останува потребата електрониката на печката да биде правилно сетирана. Ако електрониката на печката не е оптимално конфигурирана, ништо од ефикасноста. Ова во пракса е покажано и докажно со мноштовото печки на пелети кои чурат црн чад полошо од најќумбестото селско ќумбе.
Во теорија пелетите се еколошко греење. Во пракса, тие се се само не се еколошки.
Башка целиот тој муабет дека пелетите биле „раат“ затоа што има помалку работа во однос на греењето со дрва? Па греењето со топлотна пумпа (читај клима) има најмалку работа - работата се сведува на стискање копче на далечинскиот управувач!

Нема расправање со печки, ложење на истите, чистење на печката и оџакот, фрлање на пепелот, складирање на вреќите, пренесување на вреќите од местото каде се складирани (подрум, шупа) до собата со печката, итн, итн... За разлика од тоа, со греење со клима нема такви секојдневни обврски. Згора на се,и многу поевтино е од греење на пелети.

И поеколошки е. Термоелектраните можеби работат на јаглен, ама барем не испуштаат чад директно во поголемите градови (како Скопје).
А загадување за производство на струја секако има и ќе има. Од тој аспект информирајте се малку кoj e доминантниот извор за производство на електрична енергија во светот. Еве на пример во технолошки развиените САД:
https://en.wikipedia.org/wiki/Electricity_sector_of_the_United_States