За големи објеки најисплатливо е соларно и котел на нафта.Подобро од тоа здравје.....јас имам 186 киловати котел на нафта со 98% искористеност на ресурсите.Греам 2 200 метри квадратни со него и тоа жива вода внатре и 1800 литри вода за само 5 литри нафта на час односно 120 литри на ден. Инаку троши 120 литри на ден ако е облачно. Горе на кров имам 18 панели за топла вода,а пошто јас сум од Гевгелија имаме 350 сончеви денови годишно така да потрошњата е 80-90 литри нафта на ден бидејки системот е поврзан комплет заедно.Сетоа тоа е направено со неповратни вентили на ладната вода во случај ако горе нема сонце и ако соларното врти само ладна вода да неможе таа истата да се врати во системот.Утре ке ви испратам слики од тоа како изгледа сето тоа комплет со автоматики,пумпи,автоматски обездишувачи,рециркулација,.....односно цела котлара.