Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1396249 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8366
  • Rural fuckin society - we live in!!!
На 2 метра радијатор колку вати греач?

Која е гаранцијата дека тој греач нема да се потпали, односно кабелот на тој греач или како и да е стручно?

по детално малце...

два метра каков радијатор? на ребра ли е, кој на ребра, зашто алгрета ресен не е исто што и алумински радијатор. понатака и гусан има на ребра, и секако и висината на радијаторот е битна, според кој и се одредува јачината на греачот, т.е. еден од параметрите е и тоа....

или малку подобро ќе те прашам, колкава соба имаш намера да грееш, па после ке ти кажам колкав радиајтор.. а ако веќе го имаш, 2 метра да знаеш дека тоа е сериозно голем радијатор, кој се употребува во сериозно поголема дневна.. т.е. дневна соба која не е баш како кај 90% од становите и куќите низ државава... зависи во каква изолација се тура, ама 2 метра алумински радијатор, може да загрее и до 40 квадрати без проблем... а за 2 метри од него, потребни се 25 ребра од 8 сантими (поновите модели) воедно и последните на алгрета ресен, и секојдневни и постари алумински како и алгрета ресен постарите ребра и гусаните ребра, би биле 33/34 ребра од 6 сантимските. како што реков, сериозна димензија на радијатор е 2 метра.
Ако бива, нека биде челичен - панелен. Ако не бива таков, кажи каков бива? Муабетов е подоцна да се искористи за КАНО.
Да греам 42-43 квадрата. Имам можност уште за еден радијатор да ставам, под можност мислам на штекер :D
Другиот радијатор нема можност да е многу поголем од 120цм, едниот може и 4 метра да биде. Простор од под до прозор 67цм, за помалиот радијатор може и многу повисоко - нема прозор.

Изолација однадвор = 0, никаква, цигла.
Ватажа на греач по радијатор?
Димензии на еден или два радијатори?
Волумен на електролит и цена во ПП, а може и тука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5245
  • The Spartan General
...

Абе стај си двометров како оној што го намести Онак кај мене долу. Два метра.Во комбинација со тој од 80цм во другата соба го грее практично цел долен спрат.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8366
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Посекако  ;)

Има 4 метра простор само за радијатор ама нема 4-метровен, колку што прашав, макс 2,2м.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
со ребра ако се склапа може кокав сакаш... ама со ребра и скуп е...

панелен радијатор 2 метра голем, 1,2 киловати односно 1200 вати. цената е 110 еура за греач, електролит, р.р. и сонда за него. сондата е затоа што во панелниот не влегува греачот, туку ке мора од страна во цевка, со холендери, тештици и изолација да се вметне греачот.. значи од страна.. и релативно е зезнато за правење...

значи ти пишав цена за изведбата со греач, а не и цена за радиајтор.. ако имаш радијатор тоа е тоа, ако немаш, и тоа ке треба... инаку за овој од 2 мтера е 1200 вати... за 1,2 метри е 900 ватен греач. јас имам 0,5 панелен со 400 вати греач и си пее одлично...

за 4 метри радијатор, ке треба 2 греача ;) цената ти е иста за 2 како и да направиш 2 радијатори... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8366
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Таа сондата не ме ареса многу но ова звучи како добро решение.
Ако може и цена за 1.2м радијатор со 900w греач+електролит+сонда?

р.р.
Какво е тава? Тип на електролит или нешто друго?
Дали е подобро и појак греач да се стави или не?
На половен алуминиумски радијатор бивеТ?
Кој бренд се греачите? Гаранција има ли некаква од производителот?
Цената не ги вклучува Цевката, холендери, тештици, изолација, сработеното и монтажа?

Колку се доплаќа за досадни клиенти?  ;D



Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
-појак греач неможе, исто како и послаб. си има начин на пресметка и димензионирање.
-на половен алуминиумски е нај добро. за сите цената е иста.
-српски се, со електронски темростат на себе, не со термички. дополнително има и заштита од прегревање и греачите се никловани, челични на пола цол приклучок.
-гарнацијата ја имаш со мене, а со производителот имам јас. 1 година. за радијатор ако јас набавувам, за алумински е 5 години, за панелен е 10 или 12 зависи која линија ке стигне кај нас
-електролитот ке остане моја тајна. мое производство е.
-цената јас ја одредувам за целокупна изведба.
-досадни муштерии се досадни и како фалбаџии. ;)


од форумов више неколку луѓе им имам направено со греачи. ако читаат нека пишат, јас нема да ги спомнувам, не е етички а богами од поново време ни законски дозволиво да се направи. оддавање на податоци некако беше формулирано, во секој случак, кривично дело е тоа...

во пп ке ти пишам.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7624
Деновиве треба да земам клима за кај мене  у соба. Соба + ходник да речеме, 20тина квадрати макс. Значи не треба да е јака и да лади 50 квадрати, треба да е послаба, но да е квалитетна. Предлог искуство, или да појдам во  нептун/сет  и првата што ќе ја видам да ја земам ? 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55289
  • Махер
Најмалку 3.5KW гледај. Инвертор ако сакаш да е потивка, обична ќе е погласна. Толку.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Провери дали во Гримак уште имаат на промоција Change 2.5кв за некои 20к. денари. Добра понуда за понова генерација инвертор клима од Гри. Плус и ќе грее кога ќе треба. За 20 квадрати 2.5кв модел треба да брка работа, но тоа зависи и од изолацијата на станот/куќата. Кај мене на пример, 3.5кв клима грее/лади 36 квадрати без проблем.
Ако ти е само за ладење, и не ти смета јакото дување на он/оф климите - земи си обична клима. Изборот тогаш ти е широк, пошто со таква он/оф клима помалку можеш да се заебеш ако бираш супермаркет  брендови (oд НЕптун/Техномаркет/итн). Од Гри понудата, лани ја фалеа Gree Bee (он/оф клима).
Но еднаш кога сам ќе видиш разлика меѓу он/оф и инвертор, другпат нема да имаш дилеми. ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
2,5 клима јас би ја забранил со закон, зашто со нив највише дубари се прават, освен за на некои ептен мали места.. на пример, кабините на патарините, или трафиче некое.. сите тие 2,5 киловатните, во суштина едвај се 2 а не 2,5.. сум видел и такви што се 1,6 а декларирани за 2,5...

реално ако е 3,5-ка 30.000 денари, вистинската 2,5-ка ке кошта 29.500, зашто се ептен исти ама баш во се... разликата е во 5 круга бакарна жица на роторот од компресорот, и цееееееели 1,5 кило полесна надворешна единица (на 35 до 40 кила)...


малку појасно е?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Се прават превари со декларираните капацитети, тоа е факт ама не е ограничен само на 2.5кв моделите.
И генерално да, 2,5ките се по правило неисплатливи пошто вообичаено се само малку поевтини од 3.5ките. Но чат пат има исклучоци како во случајов каде со акциски попуст разликата во цената е поголема. Не сум ја видел лично климата - а има некои кажувања дека треба да има надворешна единица како од 3.5кв моделот. Можеби ќе проверам, ако најдам време. Ми треба нешто за сличен простор како тој на Спенсер, ама за греење/догревање. Некој ако иде да ја види наведенава Gree Change од 2.5кв, нека ни пренесе информации за величината на надворешната единица.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Моделот на Change што се продава кај нас наводно е 4.1кв

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Два-и-пол киловатниот модел е деклариран на 4.1кв греење?
Да не ги имаш можеби точните називи на надворешната и внатрешната единица?

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
  • Сузуки Витариче
Некој да сподели искуство или мислење за Haier TUNDRA 12 AS12TA2HRA / 1U12BE8ERA инвертер уредот што го нудат во Енергија?
Како се споредува со GREE моделите Cozy или Lomo?
Потпис.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11894
  • Архитект
Види таму во Енергија Тошиба и Кериер. Не туку гледај кинески клими.
:)