Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1435668 пати)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1365 на: 21 Јануари 2016, 00:01:16 am »
Онак за греење на објект (800 m^2, ако е тоа воопшто битно) во индустриска зона (дупло поскапа струја) поисплатливо е греењето на парно со котел на пилети или системов кој го нудиш? Збориме со се котел и сите трошоци за наредни 5 год. под услов струјата и пилетите да ја задржат сегашната цена, или во ист сооднос да поскапуваат/поевтинуваат.


« Последно менување: 21 Јануари 2016, 00:12:36 am Filip_90 »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1366 на: 21 Јануари 2016, 00:39:49 am »
пЕлети...

не би баш сега да се расфрлам со податоци превише и иако тие 800 квадрати може да се користат за свашта (не кажа што е тој простор), но со деловна струја, начелно доаѓа анте за танте... со тоа што да ти кажам дека котел на пЕлети нема за таква квадратура... ке мора неколку од нив, што доаѓаме пак до извонредно висока сума за инвестиција...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1367 на: 21 Јануари 2016, 08:11:57 am »
Котел на пелети, ми кажуваа дека бил неекономичен и дека луѓе се откажувале од нив. Колку е тоа вистина?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1368 на: 21 Јануари 2016, 08:30:50 am »
Голема е вистината.
Инаку минатата година парното го користев активно околу 5 месеци. Ноември, декември, јануар, февруар и март.
Највисоката сметка ми дојде јануарската, 12 000, бидејќи бевме дома 20 дена, па имаше греење постојано и во скапа струја.
Инаку режимот на работа му е: Се вклучува во 5 и работи до 6.45, а потоа се вклучува во 15 и работи до 23.00 . Температура во просторијата е наместена на 21,5 степени, и кога ке исклучи е околу 22. Вклучува на 21,3 ми се чини, и работи се додека не постигне. Греам околу 75 квадрати, а другите 25 се замлачуваат, има термовентили. Инаку котелот е 24 киловати, а е подесен на 14. Годинава го подесив на 12кв. Не сум го пуштил се уште, реално дома ми е температурата задоволителна и со инверторот во моментов. Ова се поладни денови, и ке видам до недела како ке биде, ако не ке го штракнам па нека си везе.

Со две клими, една термо печка 2кв минатиов месец платив 4100 денари струја.
Печката полни ноке на ефтина, не дува, а климите работат 24 часа.
Со парното лани мислам дека сметката беше дупло повисока.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1369 на: 21 Јануари 2016, 09:18:34 am »
Оваа зима пробувам да се греам на систем клима+електрична креалка (конвектор). Климата (обична не инвертер) е пуштена постојано, а конвекторот (3кв) е наместен да се вклучува ако температурата падне под 21 степен. До сега не сум имал никаков проблем. Греам стан од 71 квадрат со солидна изолација. Температурата е константно околу 23-24 степени.

Навечер кога температурите се екстремно ниски конвекторот почесто се вклучува за да догрее бидејќи климата не е инвертер и кога влегува во дефрост станот се лади побргу. Вчера ја покачив температурата на конвекторот на 22 степени за побргу да догрева кога климата влегува во дефрос, и ептен топло беше.

Друга работа што ја забележав деновиве е што при екстремио ниските температури климата влегува во дефрост многу поретко. Веројатно тоа се должи на ниската влажност на воздухот надвор.

Сметките за струја ми се 2700 за Ноември, 3300 за Декемви, и за Јануари искрено очекувам да е околу 3500-3800.  


Од друга страна пак, на работа кај мене има каналска клима Rolls исто така обична не инвертер, не е исклучена веќе 6 дена работи без прекин 24 часа. Во 10 наутро колегите ја гасат затоа што е неподносливо топло и не се седи во канцелариите и ја пуштаат само во мод на вентилирање за да има дотур на воздух од надвор во размер 1/3. Каналската клима мислам дека е 7,5кв и загрева простор од 250 квадрати. Сметката за струја ненам колку е точно затоа што во нејзиниот износ влагаат и многу други потрошувачи што не се поврзани со греење.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1370 на: 21 Јануари 2016, 09:45:14 am »
Котел на пелети, ми кажуваа дека бил неекономичен и дека луѓе се откажувале од нив. Колку е тоа вистина?

Koмшииве плачат од сметките. Јас плачам од смрдливиот дим што им искача од оџакот и не сака да оди нагоре.
Страшно е колку неподесени печки на пелети има, тие се барем така дизајнирани да согорувањето на пелетите не би смеело да биде под 70% ефикасност (а резултирачкиот чад е лесен и бега нагоре, наместо да е полн со саѓи и да „виси“ во воздух).

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1371 на: 21 Јануари 2016, 09:50:16 am »
А што подесување има? Нели се си прави електриката, ти само регулираш температура?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1372 на: 21 Јануари 2016, 10:06:32 am »
и двајцата (лп и ван) и сте во право и не сте...

подесувањата (јачината на греење а воедно и дозирање) на котелот се според потребите на објектот, и може да ги прави секој, бидејки се на дисплејот на самиот котел. може да се мења јачината на 5 степени... од друга страна, за секое подесување електриката и “мозокот“ на котелот го прави дозирањето за секој степен на јачина и всушност, поприлично ништо неможеш да направиш околу тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1373 на: 21 Јануари 2016, 10:25:59 am »
пЕлети...

не би баш сега да се расфрлам со податоци превише и иако тие 800 квадрати може да се користат за свашта (не кажа што е тој простор), но со деловна струја, начелно доаѓа анте за танте... со тоа што да ти кажам дека котел на пЕлети нема за таква квадратура... ке мора неколку од нив, што доаѓаме пак до извонредно висока сума за инвестиција...
За канцелариски простории, 2.6 м висина. Стиропор од 8цм има како изолација, колку густ незнам...
Има од 90 kw котли кај нас што монтираат , вајда ќе е доволен? Поточно ваков, е сега незнам колку се арни овие.  http://www.centrometal.hr/cm-pelet-set-14-90/
LP колку што знам, само подесуваш со колкав капацитет да работи и колкава температура да постигне, и кои денови да работи. Сам си распалува со ел греач, сам си влече пелети.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1374 на: 21 Јануари 2016, 10:41:58 am »
А што подесување има? Нели се си прави електриката, ти само регулираш температура?

Многу подесувања има, и сите треба да се внесат. Не зборувам само за параметрите кои Онак ги наведува (јачина и дозирање), туку многу други параметри. Од ширина и должина на оџакот, висина на оџакот над кровот, висина над билото, силината на усисот на вентури ефектот, до типот на пелетите... буквално милион подесувања кои во повеќето случаи монтерите воопшто не ги подесуваат туку се остава на дифолт па како работи нека работи. Не помага ни тоа што интерфејсот за подесување е архаичен, и нестандардизиран меѓу производителите.
Понатаму, ако следната тура пелети се од различен произведувач (или истиот произведувач го сменил составот), електрониката пак треба да се подесува. Со тоа ниеден монтер не се замара, освен ако корисникот сам не научи како и што да прави (а ретко кој може да научи, и уште поретко кој се замара да научи).

На крај резултатот е ист, печки на пелети кои не согоруваат ефикасно. Оџаците многу брзо се прљаат а надвор искачаат саѓи и недосогорен материјал. Ем џабе идат парите, ем (поважно) загадување на околината. Исти пенис е и со печките на дрва, нив па сите ги земаат предимезионирани (10-15киловати, а му требаат 5) и им го намалуваат дотокот на воздух за поспоро да горат и да не претоплуваат, но така ефикасноста на согорувањето паѓа, повеќе од 90% од дрвата идат низ оџак и го загадуваат воздухот.
После некои стопански комори искачаат со „генијални откритија“ дека автомобилите се главните загадувачи, и дека треба да се забрани увозот на половни аута (читај да се купуваат нови аута од нивните салони).

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1375 на: 21 Јануари 2016, 17:24:53 pm »
Пелети = Катастрофа. Останете си на дрва, ич не пробувајте на пелети.
Тоа дека излегува отров скапо греењето на пелети е најмалиот проблем таму. Чадат дома, прашина, се запушуваат, се блокираат, ужас за чистење... Не сум чул сеуште некој безрезервно да се пофали.

Друга работа што ја забележав деновиве е што при екстремио ниските температури климата влегува во дефрост многу поретко. Веројатно тоа се должи на ниската влажност на воздухот надвор.
Оваа година имав можност да го потврдам погоре наведеното. При магла и влага влегува често во дефрост. На сув студ нема гајле.

Струја! Ако плаќам барем раат да си купам.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1376 на: 21 Јануари 2016, 23:09:53 pm »
При магла и влага влегува често во дефрост. На сув студ нема гајле.

Дап, надвор некои -5 -6с (рано утрово), а внатре 23с... А мерачот покажува некои 400 до 600вати потрошувачка . :)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #1377 на: 22 Јануари 2016, 07:33:53 am »
Што клима Ван?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1378 на: 22 Јануари 2016, 10:15:06 am »

TOSHIBA Suzumi Plus 13
http://www.toshiba-klima.at/produkte/heimbereich_singlesysteme.php?modell=14
(втората од лево)


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1379 на: 22 Јануари 2016, 10:57:19 am »
минимум 900 пишува овде?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need