Голема е вистината.
Инаку минатата година парното го користев активно околу 5 месеци. Ноември, декември, јануар, февруар и март.
Највисоката сметка ми дојде јануарската, 12 000, бидејќи бевме дома 20 дена, па имаше греење постојано и во скапа струја.
Инаку режимот на работа му е: Се вклучува во 5 и работи до 6.45, а потоа се вклучува во 15 и работи до 23.00 . Температура во просторијата е наместена на 21,5 степени, и кога ке исклучи е околу 22. Вклучува на 21,3 ми се чини, и работи се додека не постигне. Греам околу 75 квадрати, а другите 25 се замлачуваат, има термовентили. Инаку котелот е 24 киловати, а е подесен на 14. Годинава го подесив на 12кв. Не сум го пуштил се уште, реално дома ми е температурата задоволителна и со инверторот во моментов. Ова се поладни денови, и ке видам до недела како ке биде, ако не ке го штракнам па нека си везе.
Со две клими, една термо печка 2кв минатиов месец платив 4100 денари струја.
Печката полни ноке на ефтина, не дува, а климите работат 24 часа.
Со парното лани мислам дека сметката беше дупло повисока.