Летото (Септември) заради кризава со дрва и сплет на околности одлучив да наместам парно дома. Се работи за КАНО систем со две сонди проектирано и монитрано од Онак.
Малку инфо за куќата. Куќата е на два спрата, од кои активно се загрева само долниот спрат. Тоа му доаѓа цел долен спрат, околу 50 квадрати (соба со телевизор, дневна, спална, купатило). Горе исто има 3 спални + трпезарија со кујна. Целата куќа е околу 120-130 квадрата (2та спрата). Горниот кога јас, или брат ми ќе бидеме во Македонија. Изолација има, надворешна 5 или 7.5 цм стиропор + лепак + абриб. Внатре, долниот спрат е ламперија. Горниот спрат има тервол врз таванот. Прозорците се сите со двојно стакло. Ролетни насекаде.
Онак дојде, измери, купи се што требаше за инсталација и немаше потреба да доаѓам во Македонија. Дојде со тимот, тогаш го запознав и мајстор Боро. За еден ден избушија, монтираа, сврзаа, наместија, и тестираа дали работи. Си исчистија се што растурија, избушија. Услугата ептен професионална, рамо до рамо со европски мајстори. Нормално, пречекани како што треба, домаќински. Се помина низ муабет, зафрканции, па дури и јас чепнав нешто од ќеф да фатам додека се мести парното. Јебига таков сум...
Распоредот на радијатори е следен:
На долниот спрат еден радијатор од два метра во дневната, еден метар во собата со телевизорот, регистар во купатило (со термо вентил). Горе, трпезарија + кујна метар и 60 цм, трите спални со радијатор од еден метар (со термо вентили).
Режим на работа: 23 степени греење, 15 степени мирување.
Една сонда од 4 KW работи нон стоп, другата сонда 4 KW ќе се уклучува повремено (кога јас или брат ми ќе сме во МК). Има термостат со програмирање за секој ден во неделата, и работи по следниот начин.
Пон-Петок: Наутро од 4:00-7:00 часот и попладне 16:00-22:00 часот активно греење. Остатокот од времето, пасивно.
Саб-Недела: 5:00-22:00 активно греење. Ако излегуваат моите некаде треба да го ставаат на стендбај (дали го прават, не знам).
Парното е наместено на 3ти октомври мислам (или 1ви беше), активно се користи од Ноември.
Сметка за Ноември: 3 000 денари.
Сметка за Декември: 5 000 денари.
Ако продолжи со ова темпо и грејната сезона трае до Април, греењето оваа година ќе ме чини околу 30 000 денари.
Ако купував дрва, ќе купев околу 10 кубици со тие пари. Никогаш немаше да биде топло како што е сега, ниту пак ќе беше полесно.
Се на се, јас презадоволен. Моите презадоволни. Од монтажа, услуга, муабет, мајсторот, и сметките. Требало порано да наместам откога го видовме раатот дома, ама ете, така се наредија коцките и баш ми е мило што така испадна.
Најдоброто од целата приказна е, ако теоретски еден ден, македонија се гасифицира, а Онак мести такви на плин, едноставно системот за пренесување топлина го имам, ќе се модифицира да работи на природен гас.
Дали би наместил клими? Не. Дали би наместил на котел и дрва/пелети? Не. Дали би наместил котел + струја? Не.
Ова ви го зборува човек кој има одено по планини, бутано трупци, сечено буки и дабишта, товарано камиони и приколици со дрва, редено трупци, сечено, цепено, редено неброени кубици.
А да не зборувам за ризикување на животот по планините.
Толку од мене. Вака ептен лаички.