Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1435878 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1275 на: 19 Декември 2015, 17:08:24 pm »

2,5=25 kvadrata
3,5=35 kvadrata
5,0=50 kvadrata
7,0=70 kvadrata

Мала аналогија на клими потребни за во просторија која максимално можат да ја затоплат на нормална температура 21~22 степени.
Висина на просторијата мах 2,5 метри.

Кај постои станбена површина, осим некоја самоука куќа, со висина 2.5 ?
сигурно згрешил при куцање... 2,6 се сите станови по стандард... да не се фаќаме за 10 сантими висина... ако опнам сега стиропор 8 сантими на таванот, со се лепак, мрежа, абрип и длетовање, и кај мене ќе излезе 2,5 па и помалце... и кај сите така ќе излезе..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1276 на: 19 Декември 2015, 17:22:34 pm »
2,5=25 kvadrata
3,5=35 kvadrata
5,0=50 kvadrata
7,0=70 kvadrata

Мала аналогија на клими потребни за во просторија која максимално можат да ја затоплат на нормална температура 21~22 степени.
Висина на просторијата мах 2,5 метри.
Солидна аналогија. Затоа треба да се укинат 2.5кв, зошто никој нема такво живеалиште или работна просторија.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1277 на: 19 Декември 2015, 17:52:39 pm »

2,5=25 kvadrata
3,5=35 kvadrata
5,0=50 kvadrata
7,0=70 kvadrata

Мала аналогија на клими потребни за во просторија која максимално можат да ја затоплат на нормална температура 21~22 степени.
Висина на просторијата мах 2,5 метри.

Кај постои станбена површина, осим некоја самоука куќа, со висина 2.5 ?
сигурно згрешил при куцање... 2,6 се сите станови по стандард... да не се фаќаме за 10 сантими висина... ако опнам сега стиропор 8 сантими на таванот, со се лепак, мрежа, абрип и длетовање, и кај мене ќе излезе 2,5 па и помалце... и кај сите така ќе излезе..

Така де, 2,6 , постарите згради оние кај комерцијална се и 3м.
За класика зборев.
Аналогијата е онаква, сељачка :) Чисто да излезе некаква си математика, не дека е правило тоа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1278 на: 19 Декември 2015, 20:40:21 pm »
ако изборот ти е парно на дрва или клими... турај клими... немој да допринесуваш дополнително во загадувањето... а ако се мислиш парно ја струја, тогаш парно турај....
Дрвата ми беа на последно место како гориво за парно додека не се расчитав за пелетите.
Сега пелетите ми се на последно место.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1279 на: 19 Декември 2015, 21:07:54 pm »
^^
Имаш и парно на клима...  ;)
Ама таа варијанта подобра е ако можеш со подно греење да ја изведеш. Радијаторите бараат позагреана вода, пошто како топлински изменувач имаат мала површина. Но греење вода на 70-80с, со клима (топлинска пумпа), е релативно неефикасно. Многу подобро е ако водата се грее на некои ~30с, а површината на топлотното тело (изменувачот) е голема. Има нешто со поголема површина од подот? ;)


(има, ѕидовите! па затоа постои и ѕидно греење)  

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1280 на: 19 Декември 2015, 21:11:18 pm »
Со топлинските пумпи се користат фенкојлери на кои мислам дека им се потребни 45-50 степени топлина на водата за да загреваат доволно, а не 70-80 степени. Така е или грешка сум?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1281 на: 19 Декември 2015, 21:15:40 pm »
Фенкојлери во комбинација со топлински пумпи (за по дома) ми е најбесмислена работа на свет. :)
Обичните клими се топлински пумпи со вграден фенкојлер, а коштаат 10 пати поевтино од топлински пумпи што загреваат вода, која после иде во фенкојлер. И едните и другите дуваат топол воздух (греење со конвекција). Подно (или ѕидно) греење е греење со радијација, какво што е греењето на дрва - друго е чуството.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1282 на: 19 Декември 2015, 21:16:56 pm »
Клима се користи само за догревање и за преодни периоди (есен/пролет) кога надвор температурите се над 10 степени. Да не се лаже некој дека ќе се згрее само со клима. Најдобар начин за греење моментално во МК е парно на гас, некои луѓе поставија такво нешто во Куманово и се многу задоволни, парно на дрва исто сме користеле и за некоја помала куќа ќе требаат некаде 20-25 кубика дрва и 5-10 кубика ќумур (да не зборам колку малтретирање има), нафта беше добро само на времето кога нафтата беше џабе пари.
Зини да ти кажу.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1283 на: 19 Декември 2015, 21:26:31 pm »
Нафтата и сега е џабе пари, ама маржите и даноците ја прават скапа. Гас без гасовод е малтретирање. Клими има и такви за догревање, и такви за греење. Тие што работат само до +10с, тие се обичните сплит систем клими. Инвертор климите во зависност од спецификациите може да греат и на -30с. Тоа се разбира се скапи „нордик“ модели, но и стандардни (а квалитетни) инвертор клими кои се специфицирани за работа до -15с одлично си ја вршат работата за греење. Дека на -10с имаат помала ефикасност, тоа е точно, но тоа е работа на димензионирање на јачината според сопствените потреби.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1284 на: 19 Декември 2015, 23:47:08 pm »
Клима се користи само за догревање и за преодни периоди (есен/пролет) кога надвор температурите се над 10 степени. Да не се лаже некој дека ќе се згрее само со клима. Најдобар начин за греење моментално во МК е парно на гас, некои луѓе поставија такво нешто во Куманово и се многу задоволни, парно на дрва исто сме користеле и за некоја помала куќа ќе требаат некаде 20-25 кубика дрва и 5-10 кубика ќумур (да не зборам колку малтретирање има), нафта беше добро само на времето кога нафтата беше џабе пари.
Тајм аут малку. 7 години се греам на клима. 5 од тие 7 години само на клима, околу 25 квадрата со 3,5-ка клима, најевтин Беко инвертер.
Дополнително догревам навечер со калориферче последниве 2 години пошто 1 година живеев во слабо изолирана куќа над подрум кој беше како хала со стари дуплипрозори од кои се нишаше пердето... Сега на приземје со пвц, во однадвор немалтарена куќа и без никаква изолација догревам многу помалку само навечер кога е под -5* и тоа во интервали по 15 минути со калориферчето. Основно греење е климата која работи од 07,00 - 00,00 часот и последната сметка е 2800 денари без догревање.

Едит: Поседните 2 години загревам ситно над 40 квадрата.

Дај сега некое инфо околу парно на плин?
Бренд, кој продава, колку квадрата со колку литри плин на час, колку радијатори...?

Инаку парно на гас во Холандија е најдобро, гасифицирани се :)
За котел на плин колку пати неделно треба да ја полниш боца од 20л? Има ли некои поголеми резервоари? Дотур врши ли некој на домашна адреса?
« Последно менување: 20 Декември 2015, 11:35:32 am pirat_07 »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1285 на: 20 Декември 2015, 00:19:51 am »
ne moze so boci osven ako ne roknes nekoj rezervoar od ton ili pola ton, mora da ima kontinuiran pritisok na gas za da raboti greenjeto ko sto treba...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1286 на: 20 Декември 2015, 02:11:02 am »
ако изборот ти е парно на дрва или клими... турај клими... немој да допринесуваш дополнително во загадувањето... а ако се мислиш парно ја струја, тогаш парно турај....
Дрвата ми беа на последно место како гориво за парно додека не се расчитав за пелетите.
Сега пелетите ми се на последно место.

друже... мисли малку и на екологија... пелети, дрва, брикети, јаглен и нафта... јас би ги забранил да се користат за загревање во домаќинствата... додуше, ти не си баш во скопје, и таму кај што си и нема баш некое загадување, но ете, нека стои постов, нека читаат други луѓе.. 3-ца да убедам годишно да не се греат на било што од тие наведени енергенси, ке бидам радосен, зашто сум му ја кренал свеста на чекор погоре...

Со топлинските пумпи се користат фенкојлери на кои мислам дека им се потребни 45-50 степени топлина на водата за да загреваат доволно, а не 70-80 степени. Така е или грешка сум?

со топлински пумпи само радијатори или подно греење.. комплетен нон сенс е да лупнеш 5+ иљади евра  (на 100-тина квадрати) за топлинска пумпа, и после да наредиш фенкојлери кои чинат 5 до 8 пати поскапо од радијаторите.... за истите пари ќе купиш инвертор клими за секоја соба, па дури и за во куаптило, а со кусурот да си уплатиш едно 15 дневно зимување у банско зза цело семејство олл инклузив со спа центри, базени итн итн... и пак ке ти остане кусур да си купиш нешто што одамна си го посакувал за колата... во некои случаи и кола ке си купиш со кусурот... ;)

втора рабпта е што фенкојлер ако нема доток од МИНИМУМ 60 степени на вода, ништо од него...  чим ке вклучи да дува, за 2-3 минути ке почне ладно да дува, т.е. млакичко...

Нафтата и сега е џабе пари, ама маржите и даноците ја прават скапа. Гас без гасовод е малтретирање. Клими има и такви за догревање, и такви за греење. Тие што работат само до +10с, тие се обичните сплит систем клими. Инвертор климите во зависност од спецификациите може да греат и на -30с. Тоа се разбира се скапи „нордик“ модели, но и стандардни (а квалитетни) инвертор клими кои се специфицирани за работа до -15с одлично си ја вршат работата за греење. Дека на -10с имаат помала ефикасност, тоа е точно, но тоа е работа на димензионирање на јачината според сопствените потреби.

не си во право... обичните (не инвертер) клими работат до -10 а не до +10... јас во мое лчно поседништво и користење имам 11 клими, ниедна не е инвертер и сите работат на -10 па и на пониско... главното прашање е колку се економски исплатливи на таа температура, а не дека не работат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1287 на: 20 Декември 2015, 11:34:08 am »
Скопје, Тетово, Кавадарци и не знам уште кој беше се најзагадени во Македонија.
Тука кај нас да би се грееле на дрва би било ок како што и беше. Во последно време слушам набавувале некој пресован отпаден текстил, некоја гума, пластика... И се осеќа дека е позагадено одошто беше... Еве го Фени се преполови со производство, уште по загадено е... Сега кој ќе го обвиниме?

Како што кажав, 7+ години се греам на струја.
Последниве 2 загревам простор нешто ситно над 40 квадрата. Не ми паднало на ум да се греам на дрва, пелетите онака ги читав ради мода да пратам па слегнаа на последно место ради компликации. Нафтата никогаш не сум ја ни земал во предвид, така да нема ни последна позиција.

Јас искрено се надевам дека ќе можам да си дозволам на струја.
За плин џабе говориме. Прекомплицирано е моментално освен со боца и греалка во соба не поголема од 15-20 квадрата.

2016г ќе имам неколку мисии околу куќата меѓу кои: Термо фасада, парно, оградни ѕидови, двор...
Парното прво ќе го решавам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1288 на: 20 Декември 2015, 11:38:52 am »
Поентата со „Плинот“ е ако сега правиш нешто градежно, малку од малку да планираш во иднина каде би си вовел котел на плин. Бар грубо да имаш замисла.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1289 на: 20 Декември 2015, 19:38:03 pm »
не си во право... обичните (не инвертер) клими работат до -10 а не до +10... јас во мое лчно поседништво и користење имам 11 клими, ниедна не е инвертер и сите работат на -10 па и на пониско... главното прашање е колку се економски исплатливи на таа температура, а не дека не работат...
И (исто така важно) - колку ќе греат на таа надоврешна темп. односно колкава им е моќноста тогаш. Нејсе, за истата работа зборуваме, а тоа дека само до +10с работеле е тврдење на @NeVeNR (требаше во наводници да го ставам).

Работат обичните клими и на пониски температури, но неефикасно и со многу смалена моќност. Тоа не значи дека не може да се користат, но важно да се кажат работите како што се - за да не разбере некој погрешно, па да се залета да купи обичен сплит систем за греење (и после да се жали по форуми како со клими не можело да се грее).