ако изборот ти е парно на дрва или клими... турај клими... немој да допринесуваш дополнително во загадувањето... а ако се мислиш парно ја струја, тогаш парно турај....
Дрвата ми беа на последно место како гориво за парно додека не се расчитав за пелетите.
Сега пелетите ми се на последно место.
друже... мисли малку и на екологија... пелети, дрва, брикети, јаглен и нафта... јас би ги забранил да се користат за загревање во домаќинствата... додуше, ти не си баш во скопје, и таму кај што си и нема баш некое загадување, но ете, нека стои постов, нека читаат други луѓе.. 3-ца да убедам годишно да не се греат на било што од тие наведени енергенси, ке бидам радосен, зашто сум му ја кренал свеста на чекор погоре...
Со топлинските пумпи се користат фенкојлери на кои мислам дека им се потребни 45-50 степени топлина на водата за да загреваат доволно, а не 70-80 степени. Така е или грешка сум?
со топлински пумпи само радијатори или подно греење.. комплетен нон сенс е да лупнеш 5+ иљади евра (на 100-тина квадрати) за топлинска пумпа, и после да наредиш фенкојлери кои чинат 5 до 8 пати поскапо од радијаторите.... за истите пари ќе купиш инвертор клими за секоја соба, па дури и за во куаптило, а со кусурот да си уплатиш едно 15 дневно зимување у банско зза цело семејство олл инклузив со спа центри, базени итн итн... и пак ке ти остане кусур да си купиш нешто што одамна си го посакувал за колата... во некои случаи и кола ке си купиш со кусурот...

втора рабпта е што фенкојлер ако нема доток од МИНИМУМ 60 степени на вода, ништо од него... чим ке вклучи да дува, за 2-3 минути ке почне ладно да дува, т.е. млакичко...
Нафтата и сега е џабе пари, ама маржите и даноците ја прават скапа. Гас без гасовод е малтретирање. Клими има и такви за догревање, и такви за греење. Тие што работат само до +10с, тие се обичните сплит систем клими. Инвертор климите во зависност од спецификациите може да греат и на -30с. Тоа се разбира се скапи „нордик“ модели, но и стандардни (а квалитетни) инвертор клими кои се специфицирани за работа до -15с одлично си ја вршат работата за греење. Дека на -10с имаат помала ефикасност, тоа е точно, но тоа е работа на димензионирање на јачината според сопствените потреби.
не си во право... обичните (не инвертер) клими работат до -10 а не до +10... јас во мое лчно поседништво и користење имам 11 клими, ниедна не е инвертер и сите работат на -10 па и на пониско... главното прашање е колку се економски исплатливи на таа температура, а не дека не работат...