Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1202256 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1215 на: 03 Декември 2015, 19:41:34 pm »
Кај мене климата е на 27с и на прва брзина постојано, дење ноќе работи. Исправно ли ја користам?

Ако залади повеќе, ќе треба да ја пуштиш климата на појако дување. Додека ти е ок вака во прва, терај.
Инаку да, подобро е да не ја исклучуваш воопшто. Повеќемината познавачи се согласуваат дека споредлива е потрошувачката кога се оддржува една температура, со ситуација каде се запира климата и потоа намалената топлина се надокнадува наеднаш.

Понатаму денес сите клими имаат заштита од „ладен старт“, ама не кај сите таа заштита е специфицирана за пониски температури. Ако некој го интересира можам подетално за ова, ама само ќе кажам дека Тошибата што ја имам иако генерално е поквалитетно изработена, нема грејач на компресорот. Банална работа е, ама ете Јапонецот решил да не става грејач (иако на „нордик“ моделите ставаат). Во исто време Гри-то (кој исто го имам) има таков грејач, и на двата модели.
Некој ќе рече дека на Тошибата не и треба грејач на компресорот, ама реалноста е дека фреонот (R410a) e ист кај сите клими и на иста температура менува агрегатни состојби.   ;)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1216 на: 07 Декември 2015, 17:41:21 pm »
Кај мене климата е на 27с и на прва брзина постојано, дење ноќе работи. Исправно ли ја користам?

Да, само под услов ако сакаш температура од 27°С, многу ти е бузчна на поголема брзина и ако цело време престојуваш во просторијата.

Јас користам прва брзина во овој период, кога е поладно поголемите топлински загуби бараат поголем проток на воздух. Плус СОР е поголем при поголем проток на воздух па најчесто ја ставам на ауто и 24°С и толку и одржува константно.
И вклучена ми е по потреба, кога не сум дома мирува, работи другата во детска соба. Ја вклучувам или на тајмер или кога идам од работа.

@Van

Цитат
Повеќемината познавачи се согласуваат дека споредлива е потрошувачката кога се оддржува една температура, со ситуација каде се запира климата и потоа намалената топлина се надокнадува наеднаш.
Со ова баш не се согласувам.
Ако климата работи без потреба (читај: присуство на луѓе во просторијата) 12+ часа, тогаш воопшто не се согласувам.

Цитат
Некој ќе рече дека на Тошибата не и треба грејач на компресорот, ама реалноста е дека фреонот (R410a) e ист кај сите клими и на иста температура менува агрегатни состојби.
Да, но само и само при изобарен процес, кој во Карноотовиот циклус го нема. Има изентропски и изотермен.
Народски кажано компресорот на всис секогаш има гасна фаза заради нискиот притисок во испарувачот и на всисниот дел.
Сеуште се разидуваме околу греачот, неговата намена и улога ;)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #1217 на: 07 Декември 2015, 18:21:29 pm »
Монтерите ми кажаа дека најдобро е и најниска е потрошњата ако не е на ауто, па затоа така терам. На ауто ќе гаси па ќе уклучува и ќе бучи по силно отколку на прва или втора брзина, а тоа не ми се допаѓа.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1218 на: 07 Декември 2015, 18:40:50 pm »
Ако е инвертер нема да гаси на ауто. Ако и се гаси тогаш нема топлински загуби кои треба да се надополнат. А најниска е потрошувачката во номинален режим на работа, кој кај секоја паметно димензионирана клима е оптимално дефиниран при ауто мод.

Едно е сигурно, на минимум брзина на вентилаторот СОР не е највисок, па според тоа и потрошувалката не е најмала.

По таа монтерска логика, колку помала брзината толку помала потрошувачката, нели?
Да, по монтерската логика ако ти е исклучена најмалку ќе троши ;D 
Ама ти сакаш и да се загрееш, па во тој случај не важи „монтерската“ логика.
Монтерот да читни малку теорија и да ги провери дијаграмите и табелите од производителите на клими.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1219 на: 07 Декември 2015, 18:47:45 pm »
И како да ја поддесам да си работи во оптимални услови сега? Да дува силно (раатот да ми го расипува), да ми е топло дома и по можност да троши ко спаркот на Џонтра


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1220 на: 07 Декември 2015, 19:11:38 pm »
Ај едно прашање:

Имам инвертер клима Carrier мислам е, мноогу ретко се користи, пред некоја вечер кога дуваше ќе дува толку па ќе прекине и ќе се затвори. Сфаќам само да не дува, ама зашто се затвара?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #1221 на: 07 Декември 2015, 19:54:17 pm »
Имаш среќа што прекинува. Повеќето безвезе дуваат цело време.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1222 на: 07 Декември 2015, 20:15:36 pm »
ПРЕДЛОГ ДО АДМИНИСТРАЦИЈА!!

од аспект да не се испосере темава исто како на други форуми (кајгана, зазабава и слично), предлагам да отвори посебна тема само за клима уреди...

од досегашната пракса и искуство, на сите овие теми почетокот беше за греење, за писле да се задрби само за клими и јишто повеќе... дури и некој нешто да праша или каже за друг тип на греење се губи во океанот од пистови само за клими... ќе замре суштината на темата т.е. насловот...


настрана тоа што јас воопшто климите бе ги третирам како нешто на кое ке се потпреш во зимо за греење, затоа што тоа е само за една соба...  значи воедно и не се поклапа баш со насловот на темата (може да контрирте колку сакате) ама клима не е за греење, ладењеи климатизација на цела површина од (да речеме) стан или деловен простор, туку, за една соба, колкава и да е... и секако не држи муабетот дека отвараме врати и иде топло во другите соби...


ако се продолжи само за клими да се збори, ке прекинам и оваа тема да ја отворам, затоа што ќе нема вистински што да се прочита, а тоа малку што ќе го има нема да се трудам ни јас, а верувам ни повеќето што ги интересира вистинскиот начин на греење и ладење а тоа е централното..

ако ке разбра било кој од администрација, нека отвори нова тема со наслов КЛИМАТИЗЕРИ ЗА ДОМАЌИНСТВО И/ИЛИ ДЕЛУВАЊЕ и префрлете ги постовитие таму...ако не здравје, терајте си и даље вака...само сменете го насловот, бидејки ќе биде грешен...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1223 на: 07 Декември 2015, 20:30:20 pm »
Дечки,имам мака со парното дома,ептен грее,па во спална не се спие од што е топло.Вчера вечерта го затворив едниот вентил,ама не до крај,пола круг дали беше одвртен и гледам сабајле пак вруќ радијаторот.Мислев дека ќе биде млак демек малце одвртен ако го оставиш,ама сум се зезнал.После го стегнав до крај и нормално ладен радијаторот,ама другиот вентил не го завртев,веројатно тој е за одвод на водата.Може така да го оставам тој отворен или другачие е препорачливо?
Да кажам дека сум на парно од БЕГ,во Ново Лисиче

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1224 на: 07 Декември 2015, 20:34:10 pm »
@Онак, убав си е насловот на темата, греење, ладење, климатизација и се` останато околу тоа. Не гледам потреба од друга тема посебно за клими или посебно само за греење. Ова е тема за одржување на температура во домот. Во лето најчесто ладење, во зима најчесто греење. Камо среќа најмногу за клими и топлотни пумпи да праиме муабет, наместо за дрва, ќумур пелети и остали.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1225 на: 07 Декември 2015, 20:35:31 pm »
Ако има доволно време да протече водата ќе загрее. Треба уште помалку да оставиш, тоа пола круг значи дека премногу пушта за топлината која ја оддава тој радијатор. Стегни го.

Или стави ако има опција онаков вентил што е автоматски со термостат и подеси си температура. Ова е фино да го размислиш, само треба да се пази дека може да шушти водата кога поминува низ мал отвор - па да се слуша. Ама ова само ако спиеш со него до глава. Ако е на повеќе од 150цм од главата нема да го слушаш.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1226 на: 07 Декември 2015, 20:41:19 pm »
^ не ми е толкава спалната,на 50-60 cm од глава ми е вентилот.Не е проблем за пробување,ако шушти скроз ќе го стегнам,него тој другиот дали може да направи некаков проблем ако не е стегнат,те како е најдобро да направам?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1227 на: 07 Декември 2015, 20:43:52 pm »
Нека стој отворен, нема врска.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1228 на: 07 Декември 2015, 20:45:30 pm »
Ај едно прашање. Пробувам да го пуштам парното но несака да ги уклучи греачите. Температурата на водата е 40 степена и 1.8 бари притисок си стои на манометар. Термостатот со кој ја регулирам температурата на водата несака да ги подигне греачите ниту кога ќе го ставам до крај (а би требало да ги уклучи на 60) Нема паднати осигурачи, пумпата си врти, нема воздух... Дали целиот заеб е во дигиталниот термостат Аурон 2005 или има друг заеб? Фала

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1229 на: 07 Декември 2015, 21:27:21 pm »
И како да ја поддесам да си работи во оптимални услови сега? Да дува силно (раатот да ми го расипува), да ми е топло дома и по можност да троши ко спаркот на Џонтра

Па во основа како најмногу ти одговара за да го загрееш просторот, а да не ти го расипува мирот - тоа е моја препорака.

Јас ти предочив одредени факти за да можеш врз база на нив сам да заклучиш што е најповолно во твојот случај.