секундарно согорување во котел не е возможно токму поради топлинските изменувачи... причината е повеќе од јасна, т.е. гасовите се изладуваат. за да има секундарно согорување мора да нема ладење на гасовите...
јас имам идеја и план за печка со секундарно согорување, кај која температурата ке се искористува за загревање на вода за парно.. ама е бајаги по комплицирана одшто ова на клипов (го имам гледано порано)... од два дела се состои тој котел. секако првиот дел ти е дома а вториот дел е на таван или на слендиот спрат... ама тоа, кога ке решам да го правам (нели за тоа требаат пари и време) тогаш ке дискутираме... сега засега е само идеја...
а зашто тураат казан наместо цевки? мнооогу е лесен одговорот... има 3 главни причини:
1. поскапо е таква изведба.... многу поскапо... за 3-4 пати е поскапо да вртиш цевки одошто резервоар од железо да го извариш... еве јас користев бакар и секое место е убаво заварено... но и да користиш железо (кое има послаб топлински пренос), пак ке треба да се утепаш од заварување, плус цевката како материјал е драстично поскапа одколку обична метална плоча за да изведеш казан. а со цевките се прави голема допирна површина на водата, поголема одошто казан ке направи...
2. не се сите совесни па да тураат како јас (и некои мои колеги) чиста дестилирана вода во котлите. ако шибаш обична вода, на казанот многу не му смета тоа. со тек на време ке се наталожи еден дел на дното и по зидовите, автоматски ке се намали за некој процент ефикасноста, ама ке функционира. со цевки, може да дојде до комплетно затнување на протокот и тоа е веќе посериозен проблем. затоа и користам дестилирана вода во секое парно. без оглед каков котел местам, јас полнам комплетно со дестилирана вода и плус една моја мала тајна, течност една во форма на течен концентрат од мое производство, за мало зголемување на температурна спроводливост и поставување на еден тенок слој на се што допира водата... и препорачувам и понатака да се дополнува и одржува со дестилирана вода.
3. последната причина би била насочувањето на гасовите. на овој камин оџакот му е од горна страна. тоа прави гасовите и пламенот да идат директно кон цевките и тоа е сосема ок... но, со оџак од страна (било која) поставувањето на спиралата не би била толку едноставна како во овој пример. мора да пресметаш по која траекторија се движат гасовите, па да направиш спирала која НЕ СМЕЕ ДА ИМА ВОЗДУШНИ ЏЕБОВИ, тоа значи сите цевки во спиралата мора да бидат во хоризонтална положба... со казанот тоа е релативно лесно нели?
заклучок.. од економски аспект, и од поедноставна (полесна) изведба скоро сите, се прибегнати кон казани. само неколку во МК воопшто знаат да направат саглам пресметка за да преправат камин во котел со цевки... (да не испадне дека се фалам, не го правам тоа)...
инаку да ви посочам ,дека има некои каминчиња за парно, во хубо ги гледав, кои што имаат цевки од долна страна... ама тие им се мање више таму искористени повеќе како цврстина на вградениот казан, плус заеман за решетка, значи се од долна страна и огинот е врз нив, а не под нив... глупост според мене, ама ај нека им биде...
