Кога Хидросет би имал на понуда Нокриа не би се мислел да купам од нив и покрај што не ми оставија впечаток за афтерсејл сервис.
ЗА купување преку граница незнам како се царинските процедури.
Зошто инсистирам на Фујитсу?
Па заради следново:
- многу поволни технички карактеристи, пред се поволна крива на СОР во широк температурен распон и моќен компресор (Нокриа 14 оди од 0.9-9.1 KW при греење)
- технички решенија обмислени до најситни детали - сум ја расклопил за чистење постоечката и уживав во генијалноста на најситните детали
- 2 или 3 степени флапсови кои го насочуваат струењето баш како и каде што треба
- тивка работа и на внатрешната, а особено на надворешната единица без нервозни фрекфенции кои одат на нерви. И буката која ја прави внатрешната единица е без крештави високи фрекфенции и ако може да се рече пријатна
- мене лично допадлив дизајн на внатрешната единица
- мене лично многу едноставно но функционално, елегантно и убаво далечинско
- и можеби затоа што првата љубов нема заборав

Имам искуство и со дриги клими, за другар ми зедовме Митсубиши. Одлична е, не баш ефтина за карактеристиките, дизајнот е исто солиден ама ништо спектакуларно, ама го нема она нешто.
Размислувам и за Тошиба и Даикин од високите модели, ама кај нас ги нема на лагер. Ако давам 1000+ еур сакам да ја видам пред да ја платам. Да не испадне дека моделот е тој ама фалат некои „ситни“ опции.
Зошто хипер инвертер?
Една од основните карактеристиките на климите е способноста за пумпање на топлината. Но термодинамичкиoт циклус не се однесува подеднакво во целиот распон на надворешна температура.
Имено нетјуниран термодинамички циклус е најефективен при мала температурна разлика. Арно ама тогаш најмалку е потребно греење односно ладење.
Исто така прикажаните СОР и ЕЕР се за номинален режим на работа на инвертерот, а тоа е некој среден број на вртежи.
Е сега следи одговорот:
Хиперинверторите се оптимизирани (Фујитсу и скоро сите нејтив јапонци) и го „пеглаат“ циклусот да е што пооптимален во поширок распон на вртежи на инверторот и поголем температурен распон.
На тој начин се способни и на -10С да пумпаат со номинална моќност за разлика од самсунг, лг (кинезите не ги ни спомнувам) веќе на -5С да губат и по 40% од номиналната моќност. А тоа значи колку повеќе топлина ти треба толку помалку ја имаш.

Наместо да ужива ЕВН, ке уживам јас. Со вакви цени на струја тоа за брзо ќе се врати. Моите клими досега се исплатија себе си, сега штедат за нова.
А и кога е бал, нека е маскенбал

Ги разгледав ГРЕЕ ама типично кинески, оскудни во битните детали ама затоа нескромно се фалат со невообичаено висок СОР со кој би се гордееле и многу од јапанциве.
И многу многу опции, ги има ама како функционираат? Како паркинг сензори на кинеска колат, свират секогаш кога има нешто, свират дури и кога има ништо !!!
На работа имам една Самсунг инвертер со многу опции; плаво светло - демек јонизатор, полифонски звуци...
Свири полифонски, ама не грее, па „свириме“ и ние
