Јас користам малку застарени методи, и досега не сум направил грешка.
Односно не користам волку сложена математика и математички пресметки.
Постои мајсторска мерка, (знам дека ке ви се крене косата од изразот мајсторска мерка) но секогаш е успешна и никогаш немала пропуст.
Доколку се користат панелни радијатори, мерката е на 10 метри квадратни да се употреби радијатор од метар должина и 60цм висина.
Доколку се користат алуминиумски радијатори, едно ребро на еден квадрат е мерката.
Ако просторијата е без или со лоша изолација, на секој 10 квадрата може да се додадат по две ребра +, чисто за да се немаат сомнежи.
Разликите во топлинската моќност која ја оддаваат грејните тела како што се радијаторите горе доле е приближна за скоро сите производители, така да разликата е минимална. Па и сомнежот дека ако се изберат радијатори од италијански или турски производител ке има и разлика во греењето, е сведен на минимум.
Разлика може да има во квалитетот и долговечноста на производот.
Но ова е мое аматерско размислување, пресметување. За стручен совет прашај го @onak кој ке ти објасни се детално.
Јас парно греења немам многу правено во мојот живот. Имам асистирано и работено во поставување на инсталации и радијатори на околу 20 куќи, за да главниот дел биде изработен од мајсторот со кој работев, а комплетно без никаков надзор, математика или пак вакви високо математички пресметувања го направив парното во мојата куќа. Од почеток до крај за 130 квадрати, и еве го одлично си функционира сега за сега.