Премногу вариабилни има во пресметките за греење, џабе ќе си ги мериме сметките. Може да пробаме цена на греење по квадрат, тоа би било пологично.
На пример, јас греам 100-тина квадрати на струја, во летен период, кога не грејам и не користам клима, плаќам околу 2500 за струја (значи, готвење, перење, бањање, осветлување и комуникации). Остатокот го арчам за греење. Во зима ако платам 10.000 денари струја, значи сум потрошил 7.500 за греење. ако поделам на 100 квадрати, испаѓа дека грејам 1 квадрат, за 75 денари месечно. Тоа веќе може да се „мери“