главниот проблем кај тие печки е што акумулацијата баш и не е акумулација на топлинска енергија. ја пичиш по 6 киловати на саат ноќе, тресе струјомерот од што влече, ја пушташ да дува и за неколку саати АШ, нема... значи недостатокот е што 30-50% од “акумулираната“ топлина уствари не е акумулирана туку веднаш се ослободува во просторот. термо печките, чиви сака нека се по бренд, не се практични, а нити баш толку многу економични, туку се само за лажење на народ. пробај вака.. наполни ја додаска, пушти ја да се полни цела ноќ, и исклучи ја... за 24 саати ке биде празна скроз... тоа баш и не е акумулирање на топлина...
ке лупнеш 6 киловатна термо печка во дневна од 40-тина квадрати и среќен си што дневната ти е топла т.е. не се смрзнуваш.. на крај од месецот кога ке ти стигне 6-7-8.000 денари за греење на таа една единствена соба, прво се убедуваш себеси дека е тоа нормално, дека си уштедил, дека е економично, за на крај одкако ке се убедиш во сето тоа, да бидеш среќен...
ок.. биди среќен. али сети се на таа среќа кога ке влезеш во сплна и ти е камен ладно.. исто така и кога ке те стегне серка одсабајле после кафето, кога ке ти мрзне газето на смрзнатата вц шоља, а тек за бањање да не прјме муабет...
али, ок.. биди среќен... само јас сум посреќен.. греам цел стан за помалку од тоа. имам веќе пишувано во темава, нејкам да се повторувам да не ме сконта некој како дека се рекламирам. само реагирам на прастариот начин за греење со термо печки кои не се баш толку економични. всушност, големи трошаџии се...
е да... за една рабпта сте во право... мала инвестиција е тоа...