Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199681 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #420 на: 24 Август 2014, 00:21:52 am »
Зависи..мислам дека за во стан нема потреба ни од парно и слично...конвекторче :)
Бар така ми е планот мене во 55м2 со конвекторче или клима да се греам. (ипак станот е и од лево и од десно опколен со друг стан, така да прави огромна разлика)

 и многу зависи што подразбираш под греење... бидејки јас работам со греење и климатизација (кликни на линковите во мојот потпис), среќавам разно разни вкусови и потреби на луѓе...

ако ја земам мојата мерка, т.е. јас како што сакам, сум налетал на луѓе кои преку ден греат исто колку што јас ноќе го ставам на одржување, тек што ли прават ноќе, а богами сум налетал и на такви што вадат сипаници преку ден...

затоа ми е многу банален муабетот за потрошња. до пред некое време го објаснував ова, сега имам кај мене во офис и докази за истото.. се работи за следново:

местев парно во зграда, на повеке ПОТПОЛНО ИСТИ СТАНОВИ кои беа и по вертикала исти а беа и огледални... од 12 станови со различни режими сите имаат различни сметки... едни се насевер, други на југ... едни сакаат 20 степени и тоа им е доволно т.е. таман колку што треба, други не се задоволни ни со 25...

реперот е следен:

-доктори велат на 20 степени зимно време е нај здраво. јас велам 22-23 е нај удобно за седење... нај убава температура за во живеалиштето...

стан од 55 квадрати со едно конвекторче или клима НЕ ГО ЗАГРЕВАШ за да ти биде удобно... меѓу другото, ако сакаш да имаш здрав организам, никако не смее во станот да имаш големи разлики на температури во собите низ кои се движиш... разликите не би требало да бидат поголеми од 2-3 степени. во спортивно, во позрелите години ке почнат оние проблеми со кичма, коленици и слично...

со едно грејно тело, во дневна, никако неможеш да го постигнеш тој ефект на изедначување на температури во сите простории...

нај убаво, нај здраво и нај квалитетно греење се постигнива САМО СО ПАРНО или евентуално подно греење, иако и за подното од докторска страна не е препорачливо.. после подолг период користење се појавува проблем со проширени вени...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #421 на: 24 Август 2014, 01:18:07 am »
Значи како и да се свртиш, гзот од позади ти е :)

Не сум навлегол во тематикава, ама со оглед на големината на станот си имам претстава дека конвектор е доста. е сеа знам дека со еден ништо не правиш, ама ја мислев (подсвесно) а и заборавив да напишам, еден во дневна еден во соба. тој во соба пошто таа е помала може да е послаб.

Здравје, да не те оптеретувам уште ми е рано за секакви размислувања, има време коа ке дојде редот ке видиме што и како :) секако совети се добредојдени :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #422 на: 24 Август 2014, 02:07:37 am »
мојот стан е 60 квадрати... и во него имам 6 грејни тела т.е. радијатори: во секоја соба+ходник+купатило+кујна..

на 4 од нив има термо глави, за корекција на температура, а на тој во дневна и трепезарија (споени ми се) нема термоглави, бидејки собен термостат има во дневна...

претходново зимо имав околу 5.000 денари нај големата сметка за струја.. држам околу 23 степени, ноќе на спиење 20, а преку ден (ако се поремети жеништево) знае и 25 да опне... значи сопствено парно, во зграда-стан... сега, летово, со клими упалени (кога сме дома а не сме многу) имаме околу 3.000 струја... па ти сега види... јас клима препознавам само за ладење.. не и за греење...

е сега инвестицијата не е како 2 конвектора. одприлика е како 15-17 конвектори, ама и векот на траење е подолг него на тие конвектори... радијаторите се со 10 годишна гаранција... челични, со алупласт цевки..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #423 на: 24 Август 2014, 07:30:59 am »
Јас имам 100-тина квадрати и имам 3 конвектори во дневна и по еден во секоја соба и купатило, вкупно 8. На засебна електрична инсталација се, која се контролира преку реле и термостат. Секој конвектор има и сопствен термостат со тајмер. Вкупно околу 20KW се во конвектори.  Можам 5 степени температура да накачам, за помалку од 10 минути во сите соби. Или одприлика, од 18 да кренам 22 степени за 10 минути или помалку. За мене е тоа сосема доволно. Дури во дневна не ми се сите конвектори уклучени. Често сум на два, а понекогаш кога е поблага климата, само еден. Секако, изолацијата најмногу придонесува да има постојана и пријатна температура. Не се лади брзо, и со малку енергија може да се одржува константна температура.

Поентата е, дека и со конвектори може да се изведе квалитетно греење, ама треба да се осмисли и испланира убаво.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #424 на: 24 Август 2014, 08:35:07 am »
Onak, тоа што си професионалец и ги гледаш работите од таа страна е ок, јас бев лаик, прочепкав по форуми и ми се виде најдобра опција таа клима, секаде беше пофалена дека добро си ја врши работата и на околу -20 и дека се произведува во јапан.
Во станов имам 2 одделни соби + вц, градбата му е некаде 85та до 90, поима немам, нема надворешна изолација, а како што гледам по окружувањево нема и да има :), сметки летово, доаѓале од 850 - 1100 ден, со тоа што имало ладни периоди и клима поретко е пуштана, машина за сушење алишта исто, бојлерот е постојано уклучен и други кујнски апарати. во април кога седнав дојде сметка 1800ден со 70% активна клима, сушара машина за садови, рерна и др.
Бидејќи се купував ново се земав А+++ класа, а сјалиците ги ставив лед, па не очекувам огромни сметки, до кај 5000 во декември и јануар мислам дека е ок за било кое домаќинство, е сега предност е што до дневниот простор има друг дневен простор на комшиката и таа го грее, под мене и над мене становите се користат и тие греат па сум некако заштитен, останува проблем само спалната која е одделена со мало претсобје и постојано е отворено се за да изедначува температура, јас лично сакам да спијам во по ладна просторија, па неколку степени - нема да ми се проблем.
Нека почне официјална грејна сезона, ќе отвориме тема за потрошувачка на ел енергија и ќе видиме месец за месец како ќе одат сметките и на која температура внатре надвор,зборам за клима, парно е друга работа, ако најдам добро место за куќа и изградам куќа по мој кеиф ќе измислиме тогаш греење без пари by onak i марјан

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
И за мене најдобро/најпријатно греење е "парното" и затоа кај мене ставив котел на струја (среќа зградата не е приклучена на централно) Vailant 24kw и се греат околу 90m² 24/7 пошто сме со две мали деца а температурата е 24-25°. Ова зимо најголема сметка ми стигна 11.500 ден. (во просек се пуштаат 3 машини+сушење). Е сеа заеб ми е тоа што котелот го ставив на горно ниво и наводно пумпата е повише оптеретена и и се намалува работниот век. Водата најчесто ја држам меѓу 60-65°, али во план ми е да земам надворешен сензор кој ќе ја регулира топлината на водата во зависност од надворешната температура (@onak да не имаш таков сензор и колку пари е?). И покрај тоа што не е најекономично моја препорака е парно греење, поготово за фамилии со мали деца каде што треба да има во сите простории константна температура.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #426 на: 24 Август 2014, 11:51:59 am »
Си осетил топловодно подно греење вградено под кошуљицата, кога зборуваме за најдобро/најпријатно? :) Нема нешто поубаво од паркет и плочки со 26-27 степени. :) А од страна по некој украсен радијатор.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Делумно да. Во wc-то пред шољата поминуваат цевките за регистерот, абе шо да ти раскажувам убаини :)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #428 на: 24 Август 2014, 16:05:36 pm »
Onak, dali ima mozhnost da se najdat gusani radijatori, i kade ako ima ? :)

Fala ti odnapred :)
No turbo, no fun :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #429 на: 24 Август 2014, 21:33:06 pm »
кикац...

bi-mi компани имаа нешто гусани пред некое време... дали имаат сеуште незнам.

локација... од касарна илинден кога идеш накај пластичарите, на првиот семафор заврти лево, после 100-тина метри од десна страна се... поздрави ги од алек-кано и ке добиеш нешто попустче.. кажи им дека јас сум те пратил.



габау...

на истава локација се нај снабдени со такви елкетроники. не сум сигурен дали имаат, но има добри шанси.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Ај ќе видам кај би-ми или кај тие што го земав котелот па можда некој од нив ќе има таков сензор.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #431 на: 24 Август 2014, 23:07:05 pm »
fala ti onak, utre kje dzirnam, pa kje ti pisam shto kako :)

EDIT: онак, бев во би-ми компани, и рекоа дека немаат гусани радијатори, сепак фала за брзиот одговор :)
No turbo, no fun :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #432 на: 29 Август 2014, 11:03:49 am »
Клабери, се грее ли некој од вас на термо акумулациона печка ЦЕР или АЕГ... Со колку киловати колку простор затоплувате и ако може тука или во ПП колку сметка плаќате со печкава?

Се мислам на што да се греам зимово, климата не топли простор од околу 40 квадрата и башка над гаража е целиот...
Дрва некако не ми ес расправа  :-\

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #433 на: 29 Август 2014, 11:12:47 am »
Се е релативно со прашањево, но ке ти треба 6-ка печка.
Ако се работи за куќа, рачунај дека сметката ке ти биде околу 6000 денари, во зависност од тоа како ке се одвива полнењето, и колку брзо ке се празни печката.
Празнењето зависи од многу фактори, почнувајќи од изолација, дограма, врати, фреквенција на отвори затвори, пушачи, ветреење, итн итн....
Кога ке се разгледаат сите фактори, рачунај дека цената може да варира дупло.
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #434 на: 29 Август 2014, 11:24:34 am »
Клабери, се грее ли некој од вас на термо акумулациона печка ЦЕР или АЕГ... Со колку киловати колку простор затоплувате и ако може тука или во ПП колку сметка плаќате со печкава?

Се мислам на што да се греам зимово, климата не топли простор од околу 40 квадрата и башка над гаража е целиот...
Дрва некако не ми ес расправа  :-\
Дали имаш гол паркет или теписи? Ако имаш теписи, јас би ти препорачал да земеш изолациичка од неколку милиметри и да ја искроиш за под тепихот. Јас ставив од таа тенката 6мм лани под теписонот кај мене - тоа е препород. Ем е помеко за газење, ем теписонот е топол во таа соба (која е врз ладна соба). Значи од да се грозиш да стапнеш на теписонот од што е ладен, сега комотно може да си седиш на под. Топла препорака - барем таму каде што седат деца по земја, во таа соба. Ова го направив зошто ми остана вишок изолација, инаку да би земал сега пак, би земал подебела од 9мм. Таа ќе си се притисне со газење малку ако е сунѓераста. Ако е цврста тогаш 6мм е доста. Топла препорака.

Термоакумулациона печка е најефикасен начин на загревање со струја (после топлински изменувачи и пумпи) особено ако има добар менаџмент на полнењето. Пробај една зима крај краева. АЕГто околу 3000 месечно троши 4KW.