Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981961 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #210 на: 19 Ноември 2013, 00:36:55 am »
во кисела вода е нај топло... зашто? еве зашто:





 ;D ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #211 на: 03 Декември 2013, 01:10:21 am »
во пресрет на најавуваната долга и грч ладна зима, за сите оние што се греат на дрва а имаат проблем со недоволно влечење на оџакот, еве еден мал проект од мене, успешен, денес направен и тестиран...

значи појдовна точка беше следна... во викендицата имам оџак, кој е наменет за шпорет на дрва. мал, тесен и недоволно голем за било што друго појако да се тури. јас сепак турив котел на дрва, и парно низ цела куќа. оџакот недоволно влече, внатре во куќата во таа соба а и ходникот е пушница, не се дише. пробав со се и сешто и пак проблем...

решение:


потребен материјал:
-празна боца од фреон. (беспари ке ја најдеш, или на отпадиве на кило за 100 денари ке ја купиш)
-кинески мотор за фрижидери-витрини од 25 вати- 550 денари
-метална перка-поголемата од двете можни 100 денари
-држачи за моторчето-100 денари
-една од нај кратките лули-ќунци 150 денари
-силикон за висока температура 230 денари
-американ трака 110 денари
-спрејче или боја за да се офарба на крај 160 денари

се вкупно 1500 денари (наспроти правење нов оџак од 350-500 евра)

потребен алат:

-брусилица-шлајферица
-макза за сечење лим
-апарат за заварување (СО2 или плазма, евентуално оксигенски, а со швајц нема шанси, ке стопи се)


слики од празната боца немам, заборавив да ја сликам, еве од лулата


на моторот му ги отстрануваш пластичните делови и ги заменуваш со метални, т.е. шајбната за перката е пластична и има 3 подлошки од долна страна. боцата од фреон ја сечеш на пола, откако претходно ке направиш на врвот и на дното по една дупка, со големина на лулата-ќунецот. во едната страна го вградуваш моторот со се перката.



ја сечеш лулата на пола или вадиш уште помали парчиња од двата краја. нели самата лула има потесен и поширок дел. потсниот дел е оној низ кој треба да дува а поширокиот дел е оној низ кој треба да влече. па така соодветно кој за каде е се заварува секој на својата половина.



кабелчето мора да излезе надвор нели? за да се заштити од директен контакт со висока температура потребно е да се пикне во некое цевче. јас употребив парче алупласт:



следно е затварање и спојување на двете половини од боцата. јас ги составив назад на свое место и на 6-7 места ги пецнав со по еден сантим вар.



следно е силиконизирање на сите варови, бидејки не смееме да дозволиме под притисок да издувува дим низ можеби некое дупче (или неколку) кое не сме го виделе и секако на спојот помеѓу двете половини целосно. црниот силикон до 300 степени е одличен за таа работа.





и веднаш врз сите залепени со силикон делови, залепувам американ трака, за побрзо да сетгне силиконот, да можам да го стиснам и адекватно распоредам целиот силикон, а меѓу другото е да можам одма да го пробам, т.е. да не чекам до утре за тестинг.



следно би требало да биде фарбање, јас сепак одлучив прво да тестирам, да видам што ке се деси, па ако се е во ред и ако не треба да демонтирам, тогаш да го фарбам.

за поставувањето на оваа (како што ја нареков јас), дизел турбина за оџак, препорачувам да се намонтира на самиот крај од лулите, т.е. што подалеку од печката-котелот, за да има што помалку температура која ке влегува во нејзе.



безпол палицата ја потпира бидејки тука оџакот е слаб, т.е. не е воопшто оџак, а и дизел турбинава за оџак, не енаменета за овде, туку само се тестира...

резултати.... феноменални. нема никаков дим од котелот. и овој овде знаеше да зачури на палење. прво и основно за неполни 2 минути комплетно го разгоре огинот. претходно беа потребни 15-тина минути за тоа. котелот постигна работна температура за околу 20 минути, што било кој овде што се грее на котел на дрва знае дека тоа трае нај малку 1 саат. значи зборам за 60 степени на вода.

негативности:

откако ке се загрее котелот, потребно е да се намали брзината на моторот. сепак влече премногу. имам пиштол за мерење температура на површина. во турбината стигна температура од 160 степени. значи намалувањето се решава на 2 можни начини.

првиот е да имаш сериски поставена сијалица од 25 вати со струјата на моторот, но да можеш да ја премостуваш со мрзливец. кога разгоруваш и загреваш, полна пара, кога ке се загрее се како што треба, го кликаш мрзливецот, автоматски ја преполовуваш струјата на моторот и тој се успорува на 50%, тоа би требало да биде доволно. инвестицијата би била ако се купуваш околу 150-200 денари.

вториот начин е да му се постави онаков потенциомер за сијалици и со него да се контролира брзината на моторот. чак што више јас го препорачувам вториов начин затоа што ке имаш и комплетно гасење на копче, а со сијалицата ке мораш од штекер да гасиш или дополнително уште еден мрзливец.


прашања некои ако имате, слободно прашувајте...
« Последно менување: 03 Декември 2013, 01:37:15 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #212 на: 03 Декември 2013, 10:21:05 am »
А многу по едноставно, едно вакво да му клаеше?


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #213 на: 03 Декември 2013, 10:24:45 am »
ова не е за подобро да влече оџакот, напротив, ако го ставиш ова на слаб оџак, уште полошо ке влече. ова служи за заштита од дожд, снег, ветер и птици. има вакво исто со мотор, што се става на оџакот за да влече,нај често ги користат за скари, да го влече мирисот и мрсното нагоре... си прашал колку кошта тоа? овдека дадов солуција од 25 евра.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #214 на: 03 Декември 2013, 10:26:12 am »
Не бе грешка си, тоа за заштита од птици, дожд и сл. изгледа скроз поинаку.
Ова е за да влечи појако оџакот.
Затоа што ветерот го врти тоа и прави турбина.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #215 на: 03 Декември 2013, 10:29:25 am »
ветерот? во скопје нема дувнато ветерче веке 2 недели... ако не и повеке... ако треба да се ослониш ветер да ти помага си го наебал. да речеме дека си во право (а не си, со сигурност ти тврдам) ке седам дома и нема да се греам додека не дувне ветер. кога ке почне да дува, тогаш трчиш и палиш ќумбето...

инаку, ти тврдам дека ова не помага ништо, дури ни кога дува ветер. ова е повторувам, само убава заштита на оџакот од птици, дожд итн... светкаво, што се врти и луге се палат на него... ти тврдам зашто е пробано. и после тоа купено истото со мотор, е тоа е веке друга прикаска, ама тоа кошта братче... и тоа мрсно... 170 европски.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #216 на: 03 Декември 2013, 11:17:21 am »
Не бе грешка си, тоа за заштита од птици, дожд и сл. изгледа скроз поинаку.
Ова е за да влечи појако оџакот.
Затоа што ветерот го врти тоа и прави турбина.

По Грчкана нема куќа без солар и без вакво.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #217 на: 03 Декември 2013, 11:37:30 am »
Onak, дали е изводливо Инвертор да се спроведе канално да дува во сите соби ?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6551
  • French diamond
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #218 на: 03 Декември 2013, 13:45:53 pm »
Јас имав такво на ветер на оџакот и освем за бучава и тоа силна, за ништо друго не го бива. Се затна и го исфрлив.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #219 на: 03 Декември 2013, 13:50:47 pm »
Не бе грешка си, тоа за заштита од птици, дожд и сл. изгледа скроз поинаку.
Ова е за да влечи појако оџакот.
Затоа што ветерот го врти тоа и прави турбина.

По Грчкана нема куќа без солар и без вакво.

За украс се, шо разбираат тоа Грчиштата.
п.с. и панелот е за украс, нормално.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #220 на: 03 Декември 2013, 20:13:47 pm »
Onak, дали е изводливо Инвертор да се спроведе канално да дува во сите соби ?

да... ама ке треба појак инвертор. обичен 3,5 нема да има баш многу јак ефект. плус треба да се направи мрежа од цевки за усис и издув во секоја соба, како и мрежа од термостати...


Не бе грешка си, тоа за заштита од птици, дожд и сл. изгледа скроз поинаку.
Ова е за да влечи појако оџакот.
Затоа што ветерот го врти тоа и прави турбина.

По Грчкана нема куќа без солар и без вакво.

За украс се, шо разбираат тоа Грчиштата.
п.с. и панелот е за украс, нормално.

друже... ако дува ветер, може да се деси и нај веројатно и ке се деси да ти враќа оџакот. овие кугли не се за да помогнат оџакот да влече подобро туку само да спречи ветерот да не ти направи проблем... инаку, ова со издувните гасови од оџак спаѓа во дел на термика исто така, а јас тоа го работам (и учев)...

во грција, се знае дека во приморјето имаат постојано и скоро секојдневно дување на ветер. а воедно ова се тура и на вентилации а не само на оџаци, да не се деси додека вариш или пржиш нешто на шпорет, да не ти влече вентилацијата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #221 на: 03 Декември 2013, 20:28:44 pm »
Во зградата кај мене оџакот е повеќе од одличен.Никогаш не зачадил или па не се случило да не трга.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #222 на: 04 Декември 2013, 16:15:32 pm »
Гледајки го ова што онак го направил, епа и јас да прашам за слична работа. Подоле ке ви ставам слики како е кај мене поставен каминот и ќумците.
Ние се грееме на дабови дрва кои не шират многу топлина. Суви се, не се сурови, убаво горат, се прави голем пламен, но нема топлина и затоа покрај нив, доставаме уште по некои тенки дрва за да рашират топлина.
Е сега, тука е проблемот, кога ке почнат да согораваат целосно и тенките заедно со дабовите дрва, се шири голема топлина и кумците знаат да почнат да горат, односно почнува да мириса бојата од кумците.

Дали е до самата боја која е обична боја купена од продавница, или пак треба да има повеке кумци од тоа што сега имам ?
Оџакот го исчистивме сами летово, плус немаме мака со него, не чади воопште кумбето дури и кога ке се разгорат целосно дрвата што ги ставаме влече убаво, не врака наназад чад.
Исто така кога се целосно разгорени, излегувам надвор, нема воопшто чад, за разлика од другиве комшии од нивните оџаци мислиш дизел локомотива кенеди го искачува брдото кај Богомила.

Еве како е кај мене:


Еве што се случува ако ставиме повеке дрва кои шират топлина:

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #223 на: 04 Декември 2013, 16:17:38 pm »
Бојата треба да е силиконска (да издржува до 600 C). Aко надмине 600 C тоа ти е ќе изгори и таа. Ама ова да не ти течат црнила од оџакот?

Јас би ставил радијатор на оџакот за да се зголеми ефикасноста некои 10-15%.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #224 на: 04 Декември 2013, 16:20:34 pm »
Не тече ништо од оџакот. Иначе и ширината на оџакот нагоре е исто како кумциве f100, 10 cm широк.