Економичноста на климите е делумно последица на немање клима за секоја просторија поединечно, односно, купатилото е ѕивра, сигурно уште некое собиче е без клима и се грее од спотер (отворена врата), ходниците недогреани, откаде штоциркулира посвежиот воздух кон дневниот престој...ова за во куќа, стан е сосема друг муабет.
Зависи и од изолација. Кај мене во дневна климата е наместена на 24-25с поголемиот дел од времето, а во спална на 23с. Тие две клими се за целиот стан од ~70м2. Притоа во работната соба е окулу 22с, во бањата и во ходникот не сум мерел ама и таму е тука некаде. За бањата калориферот не е со години пуштен да дува а има зимурливи.
Ова е во куќа, ама со добра изолација (сендвич ѕид со тервол, и термо фасада однадвор). Инаку имам и инсталација за парно, така си остана кога ги земав климите и видов дека топ си е и вака. Имам и печка на дрва која се пали десетина пати во сезона, колку за кеиф. На крај памет не ми е да се замарам со ложење дрва или пелети.
Едина работа што ми е жал е што не ги разбирав работите кога ја градевме куќата, и што не ставив инсталација за подно греење (со вода).
Инаку основна работа што им ја кажувам на заинтересирани, е да земаат квалитетни клими и да се свесни колакви им се енергетските потреби (колку имаат топлински загуби). Ако просторот бара 7 киловати, тогаш јасно е што ќе се дешава со 3-4 киловати клима... Тоа е единствената разлика зошто некои луѓе се задоволни од клими, а некои не се.
...
Добри информации си ставил, посебно како за новаци.
Јас само уште ќе додадам дека со печките на пелети (па и на дрва) што се поврзани со топловодно парно греење, најголема грешка што редовно се прави - е тоа што не се става термален бафер. Печките во скоро сите случаи се предимензионирани, и сите ги загушуваат за поспоро да горат. Тоа прави лошо согорување и енергетски загуби, и најлошо - загадување на воздухот и затнување на оџаците.
Кога во комбинација би имало и термален бафер (кој во основа е добро изолиран резервоар за вода), тогаш печките може да се пукаат на максимална јачина при што има најдобро согорување, што значи помалку енергија низ оџак, помалку загадување, и чисти оџаци. Енергијата се складира во резервоарот со вода, а водата потоа се циркулира низ инсталацијата и радијаторите.
Ваквите работи се одамна познати (топлата вода е одамна измислена), ама не се промовираат и луѓето генерално не ги знаат. Затоа си трпиме големи сметки, и големо загадување.