Имам веќе една Беко 3.5-ка, ова ќе биде втора клима во стан од 62 квадрати.
Станот е последен спрат, не е поткровје, ама југозапад е и ме фаќа Сонце попладне.
Вторава клима ќе го лади „вториот“ дел од станот додека работам, нема постојано да биде вклучена.
Значи 3.5-ка ќе ми брка работа во однос на тоа што ми е потребно.
Ми треба само совет конкретно што да гледам во однос на цена/квалитет.
Има Midea, ST, NEO, BEKO, Vivax, Gree, ...ваков фреон...онаков фреон...
Не можам да се зафркавам со клима мајстори, ми треба нешто стабилно да функционира со години.