Ај да пишам и јас тука. Во станов во кој се преселив нема клима, гледа кон исток како што видов на компас (никогаш не ме интересирало тоа), измеѓу станови е, има под нас, до нас, над нас станови и има добри прозорци од Rehau и моментално не е жешко, ама не е лошо да се има клима.
Дневната и кујната се споени (има отвор).
20 квадрати е дневната и кујната 9. Вкупно 29 квадрати.
Која клима би одговарала најмногу за ладење, а и во потопли денови за греење, бидејќи се грееме на дрва.
Буџетот моментално е мал, но не значи дека во иднина не може да се земе нешто подобро, па затоа може да давате предлози за mid-range нешто, да не биди ептен budget варијанта.