Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199523 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5505 на: 01 Ноември 2022, 12:34:05 pm »
Во ред е муабетот, но јас никако нема да се сложам со купување на основен модел, и од него да се очекува да грее. Како HR35 тоа е рецепт за незадоволство според мене. Ако менуваш Вивакс 18ка за нешто, мислам дека не треба да се оди на сиромавиот плаќа 5 пати, туку барем нека остане на 2 пати. Значи да се побара соодветна замена која може да испорача добра топлина според еуровент. Тоа би биле:
Fujitsu   KMTA   AOYG18KMTA/ASYG18KMTA
Fujitsu   KLCA   AOYG18KLCA/ASYG18KLCA
Mitsubishi   MSZ-LN   MSZ-LN35VE/MUZ-LN35VE
Toshiba   Shorai Edge   RAS-18J2AVSG-E1/RAS-B18J2KVSG-E
Daikin   Sensira   RXF50D / FTXF50D
Или нешто над овие.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5506 на: 01 Ноември 2022, 13:59:07 pm »
Јас сега земав AERI+ и не приметувам вибрации, супер си модулира на овие безвезални промени на температура. Ќе видиме зимава како ќе биде.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5507 на: 05 Ноември 2022, 09:13:29 am »
5.5 кв клима ако не била доволно, јас би одел на 7мица или две 3.5ки. Секако подобар бренд од Вивакс, и барем средна класа модел. Од поевтини опции кај Гри имаше да се одберат добри силеџиски модели, низок чекор на модулација (симнување) ама ако топлотните потреби се поголеми тогаш тоа и не игра некоја улога.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5508 на: 05 Ноември 2022, 09:33:32 am »
Јас сега земав AERI+ и не приметувам вибрации, супер си модулира на овие безвезални промени на температура. Ќе видиме зимава како ќе биде.

AERI+ e мнооогу подкап од стариот АЕRI, јас пред 2 години го земав 19.000, сега плусот е накај 30. За 12ка кажувам.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5509 на: 05 Ноември 2022, 15:09:10 pm »
18ка земав, 44.000ден.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5510 на: 05 Ноември 2022, 17:06:18 pm »
За аери кога станува збор за грење и ладење се многу добри ама единствена мана им се надворешните единици кои се многу бучни барем кај мене јас имам 2 аери 12ка и 18ка оваа помалата е многу побучна и повеќе вибрации прави од големата. Кога им рњков на монтерите ми рекоа тоа е тоа такви се. Еве после 1ипол година почна и пластиката одолу што е да тресе. Инаку имат солидна модулација оваа 12ката почнува со 800вати па спушта на 650 и се гаси, потоа почнува со 350 вати доколку неможе да одржува темп подига на 800вати па спушѕта пак на 650 и се така во круг.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5511 на: 05 Ноември 2022, 18:16:24 pm »
Можам да потврдам дека 12ка е бучна AERI.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5512 на: 06 Ноември 2022, 00:26:15 am »


Јас сега земав AERI+ и не приметувам вибрации, супер си модулира на овие безвезални промени на температура. Ќе видиме зимава како ќе биде.

AERI+ e мнооогу подкап од стариот АЕRI, јас пред 2 години го земав 19.000, сега плусот е накај 30. За 12ка кажувам.
AERI за 19.000 пред две години каде тоа? Јас како што знам најмала цена му беше 25.000ден.
 Да не мислиш на АЕМI? Тие беа во тој ценовен ранг од 19.000 до 24.000

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5513 на: 06 Ноември 2022, 11:38:11 am »
2016-та земав AERI за 25к + 3к за местење.
Таа цена беше за кеш на рака и најниска што можев да ја најдам. Не верувам дека пред 2 год била 19к.
Потпис.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5514 на: 06 Ноември 2022, 11:50:02 am »
Други времиња беа тоа, Mitsubishi FH35VE беше 58000, и Daikin FTXF50 беше 58000 денари.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5515 на: 06 Ноември 2022, 11:56:35 am »
Минатата година АЕРИ 3.5ка за 27 990 земавме. Воглавном си е ок и не трошеше премногу и солидно грееше.

Само реално не знам дали е до неа или дека малку лошо ми ја поставија, ама морав на 27 степени да ја ставам за да ми загрева реални 24 степени во просторот. Постојано беше на таа температура подесена дење-ноќе без гасење. Само 2 недели во јануари кога стегна ладното, преку ден на 30 степени (тоа и е максимумот), а ноќе пак на 27 ја враќав.
Ама пак не влечеше премногу струја, воглавном околу 2000-2500 денари трошеше месечно за простор од 60 квадрати со изолација, ама и стари дрвени прозори, без пвц.

Кај мене не правеше реално никакви вибрации, дали дека заштрафена врз фасадата од стиропор.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5516 на: 06 Ноември 2022, 13:03:18 pm »
Па не можела да постигне дека е мала за таа квадратура.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5517 на: 06 Ноември 2022, 13:17:14 pm »
На 24-25 степени веднаш се гасеше после само максимум 5 минути работење, го креваше лептирот нагоре и прекинуваше со дување. И кога дува, ладен воздух дува ако е подесена на испод 26 степени на греење.
На 27 степени и нагоре не го прави ниту тоа со лептирот, ниту со воздухот, дува топол воздух.

А распоредот е таков што идеално ќе беше со уште една 2.5ка. Не е идеално отворен распоред за да идев со појака.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5518 на: 06 Ноември 2022, 13:18:34 pm »
Jas Aeri pred godina ipol 12kata ja zedov za 27000 a 18kata od 40000 mi ja dadoa za 36000.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5519 на: 06 Ноември 2022, 13:20:02 pm »
На 24-25 степени веднаш се гасеше после само максимум 5 минути работење, го креваше лептирот нагоре и прекинуваше со дување. И кога дува, ладен воздух дува ако е подесена на испод 26 степени на греење.
На 27 степени и нагоре не го прави ниту тоа со лептирот, ниту со воздухот, дува топол воздух.

А распоредот е таков што идеално ќе беше со уште една 2.5ка. Не е идеално отворен распоред за да идев со појака.
Dali koristis ifeel/fallow me vkluceno na dalecinskoto? Zosto spored toa sto go zboruvas mi stoe kako da ne ti e vklucena taa opcija zosto i moite klimi koga rabotat vez fallowme/ifeel vaka rabotat 5min on 10min off.