Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1438936 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4935 на: 16 Октомври 2021, 10:18:39 am »
Така е, можеш и паркет да ставиш, уште поубаво ќе биде и малку стиропор испод паркетот ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4936 на: 16 Октомври 2021, 10:55:42 am »
оти поефтин изменувач (топлинска пумпа) на принцип вода вода ќе грее повеќе при иста потрошња, и ваљда поефтин е, а ако сакаш иста ефикаснос воздух-вода најверојатно треба да земиш по скапа „клима“ ( или како и да се вика стручно тој вид на топлинска пумпа). Баш гледав за воздух-вода за на веќе поставени радијатори да доставам, ама 5000 еу ( тогаш) беше само изменувачот, а дали ќе тера со радијатори ( оти ќе треба потопла вода) не ни прашав. За систем со кошулица не треба да е толку жешка водата.  Треба да се пресмета.
Мислев конкретно на пумпа што би ја врзал на постоечка инсталација со радијатори... не знаев дека толку варијанти различни има. :)

Не ја бива таа работа. За користење на радијатори, системот водата ќе треба да ја загрее над 80с... Знаете каква е разликата во енергијата потребна да се загреее вода до ~23с наспроти 80-90с?

Не за џабе овакво греење се комбинира со топловодна подна инсталација. Заради ефикасност. Радијаторите имаат стотици пати помала зрачечка (радијациска) површина од подот.

Бајсикл, тие воздух-вода системи немаат премногу скапи надворешни единици/клими. Пошто не мора да биде надворешната со инвертор, може и он/оф да биде - водата како медиум си има термален капацитет и термална инертност. На системот во надворешната едниница само му треба доволно голем изменувач/хитсинк и соодветно квалитетни компоненти (компресор, итн)... Едноставно кажано системите со воздух-вода топлотни пумпи поскапи се од класичните клими само заради тоа што пазарот за нив е помал.

Сега во игра се:
1.DAIKIN SENSIRA 6.5 KW FTFX60A- цена со попуст 70.650 ден
VS
2.MITSUBISHI MSZ-AP50( AP моделот 5.5kw)- цена со попуст 78.000 ден

Е сега коментари и мислења која е подобра и зошто.
Предности, слабости и функциите климиве.

Ваљда некој што знае повеќе за конкретните модели ќе може да ти помогне... Јас ќе ти посочам на уште една можна комбинација: Размислувај и за две помали клими, конкретно два 3.5кв модели.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4937 на: 16 Октомври 2021, 11:00:19 am »
Од каде над 80 степени?

Ниту од топлификација влезната температура не е толкава.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4938 на: 16 Октомври 2021, 11:09:15 am »
Тоа зависи од радијациската површина на радијаторите (висина, ширина, и колку ги има на број) и од материјалот од кој се направени. Ама просекот мислам дека се темп. над 80с. На толку и над тоа се загрева водата за радијатори во парното од дрва/други горива. Ете нека прокоментираат и други.
Не знам Топлификација на која темп. номинално треба да ја испорачува водата до домовите - ама знам дека во зградите има големи температурни разлики од најдолу до најгоре, имам пар колеги на топлификација кои се малтретираат со вакви проблеми и мораат цела зима да догреваат со клими.

Подното греење влече плочки низ цела куќа. Постои ли решение со некаков паркет? Боса нога на плочка летен период, плус дете си игра на плочки, нон сенс.

Помали килими на стратешки места би било едно решение. Паркет не е добро решение, од греење ладење ќе се размести/одлепи. Сум видел истово да се случи и со ламинат... На крај само си го хендикепираш грејното решение, термално го изолираш.

Килимите можеш да ги ставаш на зима, па да ги враќаш назад после грејна сезона. Ако знае некој подобро решение, нека каже.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4939 на: 16 Октомври 2021, 11:31:57 am »

Може соодветен паркет наменет за подно греење. Особено што ќе се лепи со двокомпонентен лепак.

И најважното да не заборавиме дека подот нема да е "врел" со над 30 степени. Туку ќе е блааасгичко загреан на 26 степени целзиусови.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4940 на: 16 Октомври 2021, 11:57:52 am »
Јас колку што знам, муабетот не е за на дрва, ќумири и сл.

Какви се тие мини радијатори и од кои материјали па да изискува 100 степени, и оттука да се добие просек над 80 степени.

А тоа со проблемите на топлификација и разликите горе/долу не е до влезната температура.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4941 на: 16 Октомври 2021, 12:12:37 pm »
Нема потреба да се натегаме. Сметам дека сѐ што реков е на место, ама ете ќе оставам некој конкретно да ме демантира... И евентуално да одговори поприфатливо на твоиве прашања/сомнежи.

Може соодветен паркет наменет за подно греење. Особено што ќе се лепи со двокомпонентен лепак.

И најважното да не заборавиме дека подот нема да е "врел" со над 30 степени. Туку ќе е блааасгичко загреан на 26 степени целзиусови.

Во ред. Но остануваат два моменти кои се факти на физиката на овој универзум:
- како и да го залепиш паркетот, тој секогаш ќе остане изолатор врз грејното тело - подот... пошто паркетот да не е осетно подобар изолатор од плочките немаше ни да го разговараме ова... муабетот овде е дали сакаш да го изолираш изменувачот/грејното тело и да имаш загуба во ефикасноста? :)
- каков сака лепак нека се стави, разликата ќе биде само во времето на траење не и во фактот дека порано или подоцна, после доволно циклуси ладење-греење во паркетот ќе почнат да се гледаат размаци

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4942 на: 16 Октомври 2021, 12:33:56 pm »
Да, на место ти е муабетот освен делот со над 80 степени, и потоа образложението за да го оправдаш истото.

Јас се грејам со радијатори и температурата на водата ми е подесена на 45 степени, со тоа што работи 24/7, и не гледам причина зошто 24/7 не би работеле и другите системи за кои станува збор, освен системи со ложење дрва.

Влезна температура на водата од топлификација деновиве е 47 степени, притисокот не го загледав, меѓутоа и треба да се знае дека не функционира 24 часа непрекинато.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4943 на: 16 Октомври 2021, 12:47:50 pm »
По книга температурата на вода за радијаторско греење е 80/60⁰С или 90/70⁰С, во реалност е друго кај добро изолиран објект, со тие температури е сауна.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4944 на: 16 Октомври 2021, 13:07:11 pm »
Кај мене котелот го наместија на 70/60.
Едно време намалив на 60/50 ама се позна веднаш дека не е доволно ефективно, па вратив како што наместил мајсторот. :)

Без фасада моментално, кога ќе има фасада веројатно ќе биде саглам и со 60/50
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4945 на: 16 Октомври 2021, 13:47:09 pm »
Уште кога се греев на нафта и куќата беше без изолација котелот беше наместен на 65 степени.

Тука веќе доаѓа и моментот кој колку бара да му е загреано, односно дали сака да седи дома по маица со кратки ракави и гаќи ;D

Некни бев во ситимол во Пеко за чизми за детето, продавачките по кратки се потат трчајки да донесат обувки за проба на муштериите, јас со соблечена јакна сакав што побрзо да избегам од пеколот.
Полани низ нос ми излезе купувањето/пробувањето зимска јакна.
Конечно ми легнаа 2 јакни во Камуфлаж и не знаев за која да се одлучам, се одлучив за таа што не ми предизвикуваше зовривање.
Утредента ја вратив бидејки во релниот свет надвор не држеше доволно топло и ја заменив за другата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4946 на: 16 Октомври 2021, 14:34:58 pm »
Moментот кој е важен, е дека кај системите со топлотни пумпи воздух вода со подно греење - таму водата е доволно да се загрее до 22-24с.
Moментот кој е важен, е дека загревање на водата до 22-24с бара многу помалку енергија отколку загревање на таа вода до 70/90с.

Макар и само на 47с да загреваш пак ќе употребиш доволно разлика во енергија/потрошувачка, да ќе ти биде осетно поевтино да се грееш со клими наместо со воздух-вода систем изведен со радијатори.

Повторно, не е работата сега натегање со анегдоти каде било 65, каде 70, а каде 90 степени на вода во радијаторите... Вообичаено опсегот на температури за вода во радијатори е од 60/70 до 80/90с. Точно колку каде зависи од спецификите на лице место, некаде има поголеми топлотни загуби/потреби, некаде помали, некаде има повеќе/поголеми радијатори, некаде обратно.

Јас се грејам со радијатори и температурата на водата ми е подесена на 45 степени, со тоа што работи 24/7, и не гледам причина зошто 24/7 не би работеле и другите системи за кои станува збор, освен системи со ложење дрва.

Електрично парно?

Теоретски ти можеш да ја загреваш водата и на 24с и да успееш да го згрееш воздухот на приближно толку, само ќе ти требаат многу пати повеќе радијатори во домот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4947 на: 16 Октомври 2021, 15:26:49 pm »
Не се натегам, исфрли ги тие податоци што ги презентираш за загревање на водата на над 80 степени како потреба за загревање на простории со радијатори и продолжи со да речеме 50 до 60 степени колку што испорачува топлификација.
Иако практично ти укажав дека може да се загрева и со температура од 45 степени, со средна изолација, при што бројот на радијаторите се стандардно проектирани.  Теоретски со идеална изолација нема да има потреба од повеќе радијатори во домот.

Да не се разбереме погрешно, не ти оспорувам околу поголемата ефикасност и економичност на другите системи што ги наведуваш.

Да резимираме, спорен беше само делот каде наведе дека е потребно над 80 степени

Цитат
...За користење на радијатори, системот водата ќе треба да ја загрее над 80с...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4948 на: 16 Октомври 2021, 15:30:36 pm »
Нема потреба да се натегаме. Сметам дека сѐ што реков е на место, ама ете ќе оставам некој конкретно да ме демантира... И евентуално да одговори поприфатливо на твоиве прашања/сомнежи.

Може соодветен паркет наменет за подно греење. Особено што ќе се лепи со двокомпонентен лепак.

И најважното да не заборавиме дека подот нема да е "врел" со над 30 степени. Туку ќе е блааасгичко загреан на 26 степени целзиусови.

Во ред. Но остануваат два моменти кои се факти на физиката на овој универзум:
- како и да го залепиш паркетот, тој секогаш ќе остане изолатор врз грејното тело - подот... пошто паркетот да не е осетно подобар изолатор од плочките немаше ни да го разговараме ова... муабетот овде е дали сакаш да го изолираш изменувачот/грејното тело и да имаш загуба во ефикасноста? :)
- каков сака лепак нека се стави, разликата ќе биде само во времето на траење не и во фактот дека порано или подоцна, после доволно циклуси ладење-греење во паркетот ќе почнат да се гледаат размаци
Што ако е изолатор? Каде ќе оди топлината? Кога тогаш ќе излезе. Да, споро ќе реагира системот но тоа е ДОБРА работа за да си го тајмираш за ефтини струи.
Најголем проблем е што некои го загреваат подот над 29ц степени. Ако се загрева на 26, а остатокот се надополнува со инвертер греењето е многу пријатно и ефтино.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4949 на: 16 Октомври 2021, 15:43:58 pm »
Каде ќе оди топлината?

Штом паркетот ќе ја достигне температурата, ќе си кружи топлината низ системот без да врши размена :D

За илустрација, исто како радијаторите да ги покриеш со јамболија :)

Затоа на шега реков дека уште поубаво ќе дојде малку тврдопресуван стиропор под паркетот ;D