Ајде помош во една голема дилема во избор на инвертер клима уред.
1. Mitsubishi MSZ-LN50VE(5,5 kw)- 114.000ден (5% попуст)
2.Daikin Sensira FTXF60A(6,5kw)-70.650 (моментално Даикин имаат 10% попуст)
Цените ги пишав со пресметан попуст.
Е сега вака ме интересира разлики меѓу 2та клима уреди, и дали се исплати да фрлам уште 43.000 ден разлика за Mitsubishi LN и што би добил за тие екстра фрлени пари што Daikin Sensirata го нема?
Секој коментар, критика се добродојдени
Фала однапред
Зошто ти се толку големи клими? Хиперинвертер моментот и Мелклауд го имаш во ЛН, како и двостепен компресор. Прашање е дали ти треба такво нешто и дали ти треба толку топлина на само едно место? Тоа ти знаеш.
За дома јас би одел на нешто како FTXF50+ помошна конзолна некаде ставена. Или мултисплит конзолна. Има доста опции. ЛН50 е многу силна, треба сериозен дотур на воздух и оптеретување да трпи за да има логика.
Ако веќе ти треба толку многу топлина а не е голем просторот, можеби исто подобра опција е FTXF50 плус прозорци менување. Ова често се покажува како најоптимална варијанта.
Зависи од многу работи. Споредбава ти е многу широка.
Вака клима уредот ми е потребен за ваквите есенски денови, пролет и зимски денови каде што нема да имам потреба да го палам парното бидејќи за 1-2 луѓе нема потреба да се греат 130м2 простор колку сто ми е голем спратот од куќата. Така да најверојатно ќе се користи и во зима.
Клима уредот треба да грее некој 50-60м2 (дневен престој,трпезарија, кујна се споено е. Имам нови ПВЦ прозоро 7 комори 3 стакла (4 сезони,К-стакло најверојатно исполнети со аргон). Изолација на ѕидови 10 цм сторпор и дебелина на ѕид 44 цм.
Кров? Или што има над ова?
Не е подобро ftxf50+ haier tundra12 во една спална?
Имаш поминато сезона со парно на струја? Колку ти била најголема сметка со оваа изолација и прозори? Така ќе видиш и колку трошиш. Имено ако си греел за 15000 сметка, значи 15000/5.5/30/24=3.7KW. Значи во тој месец ти требало 3.7kw константна моќ, што без проблем ќе го испорача било која од двете.
Ама со таква изолација пак, ако сметката најголема со парно ти е 9000, прашање е за 2.2kw. Тоа е премалку за овие клими и нема да можат најефикасно и најудобно да работат.
Така ќе ја најдеш средината. И двете ќе ти задоволат со сигурност, или ќе се прејаки или ќе се неудобни. Мојот предлог е горе. Фата е Фата, ама две се две.
Парното ми е на пелети. И со него греам 130м2.
Но размислувам за инвертер клима уред бидејќи не ни се потребни секогаш тие 130м2 бидејќи не сме секогаш сите дома.... затоа планирам добар инвертер за да грее/лади некој 50-60м2 дневна трпезарија, кујна.
Над вториот спрат имам уште 1 спрат па кров ако тие тоа битно за изолација.
Инаку размислував и јас како понуда за две 3.5kw инвертер клими наместо една 6,5kw .
Али прво ке ми ја нагрди куќата со надворешни единици а второ повеќе струја трошат две 3,5kw.....башка и поскапо е две 3,5 kw да купам.....
Затоа ми треба мислење и совет дали се исплати да фрлам 120.000 ден за LN 5,5 Kw na mitsubishi и што би добил со неа што неможе Daikin Sensirata да понуди.