Tosot se Gree za siromashni 😁 Nesto podbrend/kerka na Gree. Zemi bilo koja inverter ke zavrsis rabota pa makar i Kia/hyundai bila 😁 Slicni se site. Koja ke ja nacekas na akcija taa.
klimi mk epten gi forsira Tosot, a hyundai koga istrazuvav pred nekoj mesec najeftini bea vo elektrometal. Za montaza 4500 mi pobaraa site sto gi iskontaktirav.
Накратко - во право си, било што (само да е доволно моќно) ќе врши работа и тоа подобро/поевтино од било кое друго греење.
Инаку Тосот гледај ги како Вивакс, Квадро, Нео, итн... Тоа се дилери кои добиваат убави цени за големи количини и потоа препродаваат со свои налепници/бренд. На големите фирми како Гри/Мидеа им одговара шемата, пошто веднаш прават обрт и пошто дилерите си одговараат за гаранциите/продажбата/итн.
Некогаш од дилерот можеш да начекаш подобра цена за истата клима.
Хјундаи колку што знам, исто така се дилери. Што клими се под налепницита појма немам. Можеби Мидеа... Сеедно, ќе вршат и тие работа, само да се земе доволно моќна клима. Да има резерва моќност, да не работи поголемиот дел од времето на максимална моќност што е рецепт за краток работен век (плус повеќе бука, вибрации, итн).
Ова ми е трета зима на инверторите и јас сум презадоволен и тоа како сум стоплен и од сметките на струја... Пред да ги купам инверторите се греев на панелки каде што ми стигаа сметки над 10.000 ден.
Од греење со клими се жалат само тие што земале преслаби клими, па после „климите слабо греат, не греат како дрва“.
„Некогаш не е можно или едноставно, правилно да димензионираш клима. “
Си имат математика, можно е, само дали се исплаќа. Мене од прилика ми испадна математиката со клима од 47.000 ќе плаќам максимум 500 денара 3 месеца повеќе од клима од 60.000 Значи, после 7-8 год ќе бидам загуба, ама ебем ли га за 7-8 год. Се мислев и 5,5kW да ставам, ама некако сепак ми се видоја многу за 25 квадрата, иако некогаш стои отворена вратата оти за пола саат смлачува и по другиве соби па догревањето со греалка е ефикасно.
Така да, како што разбрав на Микиус му е за догревање, и обична да земи со надворешен грач ќе биди во загуба после 15 години.
Ништо не те разбрав.

Не можам да ти гарантирам ништо, ама повеќе од сигурно дека за 15 години греење со клима ќе биде поевтино од греење со било кое друго греење.
Е сега не сум сретнал некој да рти напрај проект за греење, да ти се потпише и секако да ти гарантира дека ќе бидиш најефикасно стоплен, или дека ти ја дал приближно најдобрата понуда.
Има бе. Ќе си платиш проект од инжинер термодинамичар, ќе ти измери топлотни загуби на домот и ќе ти направи проект со прилично точно предвидување за потребната моќност, каде да ги поставиш топлотните тела, итн... Или можеш да земеш малку помоќен уред и да бидеш сигурен дека си покриен.
50 м2 стан, со стари прозори, расклатени и големи процепи меѓу процепот и рамот, со ќумбе на дрва, бара беше во станот. Трошевме околу 2,5 кубика дрва. Буквално по кратки ракави седевме. Имало загуби, ама беше предимензионирано грејното тело.
Загреана вода на клима, за жал не сум користел/видел, ама најверојатно инвестициите се големи.
Епа разбирливо, ќумбето веројатно било и помоќно од ~10 киловати? Тошибата колку е, 3-ипол киловати? Епа Фата је Фата ал двапут је двапут (рекол Мујо кога бирал дали да ја онади Фата еднаш, или Хасо два пати)
Плус кога било „бара топло“, само кога сте ложеле? Ама навечер/наутро? Кај е цел ден ложење, па чистење/варосување, цепење/редење/носење дрва... Итн. Ај што е поскапо на дрва, кога ќе пресметаш и работни часови уште поскапо излегува.

Инаку има топла вода греена на клима, ги нарекуваат топлотни пумпи воздух-вода и цените им стануваат пристапни. Има и вода-вода (геотермални топлотни пумпи) ама тоа е прескапо... Стандардните клими се топлотни пумпи воздух-воздух (да не разбере некој дека топлотни пумпи се ракетна физика).
едит:
Особено кога ќе ти кажат дека Грее не греело, па ќе ти препорачаат од ракав некојси ТоШот кој всушност бил ребрендиран Грее или како и да беше, па тежина на надворешна единица као муабетите за појачалата на времето, за на крај да се сведе на "појма немам, не го пратам пазарот", а 100 пати кажав како и кога се грејам со клима, кажав буџет и прашав за предлог покрај конкретниот модел што ми фати око поради димензиите на внатрешната единица.
Ама и јас сум будала што воопшто го читам Ван, направи замена на поими, обичната клима стана инвертер, за потоа да повлекува паралела со инвертер со предзнак еко, и на крај да биде секогаш во право.
Тролаш?
Инаку на моменти навистина се осеќам како будала, но потоа се потсетувам на две работи. Прво, и мене други се помачиле да ми објаснат. Второ, сите треба да дадеме допринос за популаризација на најевтиното и најисплатливо греење - кое е единствениот реално достапен спас за помало загадување. На крај не е само за тебе, вакви форуми/дискусии читаат и други луѓе па ете не е целосно зијан потрошеново време.
Кога реков појма немам, ти објаснив дека не го пратам пазарот ама знам што е „еко“ модел и дека освен ако на некој не му гори под ногите - подобро да земе стандарден модел.
Ти објаснив дека не следам што е достапно во моментов. Не сум имал потреба да истражувам, ни мене ни на близок не му требаше клима летово/есенва. Немам време сега неколку часови да барам податоци/цени, да вртам телефони, да читам форуми и ривјуа... Ако ти треба побарај самиот, не е квантна механика процесот. Или ти посочив што знам дека беше последно актуелно од исплатливи дилови (тосот). На крај прави што сакаш, само не ме замарај ако веќе си решил да бидеш лузер што не цени ништо и се подјебава со сѐ.