Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981924 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4715
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Геотермален систем за климатизација на куќа...вода VS воздух?

Предуслови, разлики, ефикасност, предности, проблеми, CENNAAA....некој поупатен ако има да објасни?




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
2 метра дебел стиропор и не ти треба ништо од тоа :P

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Геотермален систем за климатизација на куќа...вода VS воздух?

Предуслови, разлики, ефикасност, предности, проблеми, CENNAAA....некој поупатен ако има да објасни?


Околу 8000еур е копањето и надворешниот дел за затворен систем. Плус пумпи итн.

Муабетот за ова е дека е скапо за индивидуална употреба, особено откога почнаа воздух/вода или воздух/воздух топлинските пумпи кои нудат слична ефикасност за под цената која би била само на копањето на овој систем.

Предноста е на места каде има премногу рсзлика во температура меѓу земјата (просек 8ц степени секаде) наспрема воздухот. Кај нас тоа не е случај. За разлика од тоа во Сибир каде имаш -37ц на воздух, а земјата е 8ц веќе е огромна разлика и тука доаѓа до израз тоа.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4715
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Геотермален систем за климатизација на куќа...вода VS воздух?

Предуслови, разлики, ефикасност, предности, проблеми, CENNAAA....некој поупатен ако има да објасни?


Муабетот за ова е дека е скапо за индивидуална употреба, особено откога почнаа воздух/вода или воздух/воздух топлинските пумпи кои нудат слична ефикасност за под цената која би била само на копањето на овој систем.
Какви се овие пумпи? Не е истото?
Видеата се за сличен принцип само различен медиум воздух(отворен) и вода(затворен)...на кратко, се користи температурата на почвата подлабоко, истата дополнително се загрева/лади да се постигне оптимална. Пошто температурата под земја е поблиску до посакуваната отколку онаа атмосферската, догревање/ладење е исклучително поефикасно...наместо да се лади 40с* атмосферска, се лади 27-30с* подземна.
« Последно менување: 21 Јули 2020, 13:39:32 pm Molec »


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Во суштина се исти ама медиумот е различен. Едните го користат надворешниот воздух за да ладат/греат фреон, а другиве ја користат водата од цевки вкопани во земја. Принципот е ист. Цената е многу различна.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4715
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Има ли разлика помеѓу топлинска и геотермална пумпа?

Примерите на видеата се обете геотермални (се користи температурата под земја која е поблиску до посакуваната), само со различен медиум се пренесува температурата.

Во првото видео се користат широки цевки за воздух(отворен систем), кој преку филтер се усисава од надвор со обичен вентилатор, поминува низ земја при што природно(гага) се загрева/лади некој степен и после се догрева или лади по потреба со дополнително термално решение (клима/камин/печка...) или некое интегрирано во истиот систем.

Второто видео се користат тенки цевки со вода(затворен систем) каде циркулира водата со пумпа по потреба, при што водата прима температура од почвата(гага) која е поблиску до посакуваната за разлика од атмосферската и се догрева/лади по потреба со дополнително термално решение (клима/камин/печка...) или некое интегрирано во истиот систем.

Е тоа (гага) ме интересира дали се исплати, ептен сум неупатен во ефикасност, основи, предуслови, локација, почва, висина, длабочина и сл. за овие системи, знам дека имаше во МК некакви топлотни пумпи ама не знам дали е истово од видеата или сосема друг принцип.

Постојат и други водени системи отворени, доколку има пристап до подземна водена маса....ама мене ме интересира исклучиво системот со воздух, некако најдоверлив и едноставен ми делува...иако се сомневам дека е подеднакво ефикасен како водениот.

Прочитав некаде дека ефикасноста на геотермална климатизација повеќекратно ги надминува останатите ,,еко“ системи како ветерници и соларни решенија.



Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Најважен ГАГА дел е компресорот кај секоја пумпа. Остатокот е мање више.

Еден хиперинвертер ти вика дека гага ќе те грее ако му го вртиш компресорот. Односно SCOP тоа ти го кажува. Дека во текот на сеОната на греење он од тебе во просек ќе ти бара 1KW за вртење на коморесорот, а за возврат ќе ти врати 4.5KW топлина во просторот ( и ќе одземе 4.5KW од природата, што не не занима).

Значи веќе имаш околу 3.5кв гага за секој 1кв платен на евн. Е сега и да го покачиш тоа за 0.5кв не е некоја разлика.

Од друга страна во Јакутија SCOP ќе ти биде 2.1. значи за секој 1кв таа ќе даде 2.1кв. Ама ако од -35ц воздух ти и понудиш 8ц степени преку твоето гагање тоа ќе рипне на 4.5цоп што е огромна придобивка. Прво заради ЦОП второ заради многуте киловати топлина кои ќе ги бараш за објектот кој  е изложен на -35.

Муабетот ми е дека кај нас не е голема разликата во температура меѓу воздухот и земјата за да осетиш големи гагање од тоа. А инвестицијата е скапа. Повеќе ќе добиеш ако земеш поефикасен компресор на единицата со повисок SCOP без замарање со геотермалност. (А има многу замарање, чистење, филтри, копање, одржување...)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 518
Сакам да ставам нов клима уред на спратот на кој живееме, а не сум многу во тек со уредите и нивните перформанси, па би замолил за совет од некој поискусен :)

Станува збор за ~75 квадрати, добра изолација, постоечката клима не е исклучена во последните 12 години :) Поентата на нов клима уред е што планот е да биде и примарен извор на греење за спратот, а постоечкиот мислам дека е слаб за таа намена. Досега греењето беше на нафта, која сега би се користела само за догревање.

Вчера разгледував Carrier Ventus Supreme Inverter 18ка, капацитет на ладење 5,28kW, капацитет на греење 5,5kW, па би сакал и мислење за него.

Однапред благодарам :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Сакам да ставам нов клима уред на спратот на кој живееме, а не сум многу во тек со уредите и нивните перформанси, па би замолил за совет од некој поискусен :)

Станува збор за ~75 квадрати, добра изолација, постоечката клима не е исклучена во последните 12 години :) Поентата на нов клима уред е што планот е да биде и примарен извор на греење за спратот, а постоечкиот мислам дека е слаб за таа намена. Досега греењето беше на нафта, која сега би се користела само за догревање.

Вчера разгледував Carrier Ventus Supreme Inverter 18ка, капацитет на ладење 5,28kW, капацитет на греење 5,5kW, па би сакал и мислење за него.

Однапред благодарам :)
Zavisi sto izolacija imas i dali ti e otvoren prostorot
Pod 5.5 kw ne ni razmisluvaj, a podobro 2x3.5kw

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4715
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Јас би играл со 1 појака надворешна единица (7-8ца) и 2 внатрешни ако работи цело време и ако се користи за цел простор. Ако има соби што не мора да се греат/ладат цело време тогаш 2 х 3.5kw.



Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Дечки вие што се греете на клима инвертери. Не ви пречи тоа ни најмалку, или само јас сум дефектен нешто? Не ми годи таа топлина, не ми е убаво некако. А во последно време гледам од 10 фамилии, 9 се греат на инвертери... Знам дека е најефтино и се тоа, ама..

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Што да пречи? Ако ти е ладно само значи дека не е соодветно покриена загубата. И понатаму дека е несоодветна изолацијата на објектот. Инаку не би забележал апсолутно никаква разлика. Напротив дури може и да е подобро згреан просторот ако се оди со парапетни единици кои имаат издув и надолу.

И има уште една работа која е исто многу важна, тоа е дека за да грее климата, мора да е насочен издувот надолу. Многу надолу. Скроз надолу. Ако не е надолу нема да може да го згрее просторот во долниот дел и ќе ти биде топло само на главата. А кога е надолу насочена баш го зема тој најтопол воздух во собата и го догрева уште повеќе, и го дува надолу кај што е најладниот дел од собата. Таа грешка знае да направи нелагодно да е во собата. Односно да се јави слоевитост во собата.



Има и други работи, како топлината на самиот издув. Дали дува при дефрост ладно - итн. Тоа веќе е подетално навлегување, ама нуди се поголема и поголема удобност.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Дечки вие што се греете на клима инвертери. Не ви пречи тоа ни најмалку, или само јас сум дефектен нешто? Не ми годи таа топлина, не ми е убаво некако. А во последно време гледам од 10 фамилии, 9 се греат на инвертери... Знам дека е најефтино и се тоа, ама..
Топлината од дрва и радијатори е поубава од клима, ама нема цепење, редење, носење,  почисто е со клима и подобра регулација има. За финансискиот дел, поевтино е со клима отколку со дрва

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20059
Имам проблем со климата. Некој модел на фуего е стара е 10тина години. Прекнува да дува и од температура почнува да покажува ова на дисплејот. Некој да не знае што и значи ова? Од тоа што побарав по интернет се спомнува запушен испарувач, тој во внатрешниот дел од климата е? Да проверам што можам пред да викам мајстор.

« Последно менување: 31 Јули 2020, 17:04:48 pm DarthJe5us »

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 962
    • nobrain.dk
Vikni si majstor... samo so vreme zasto sega vo sezona doagaat od sega za 3 nedeli


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."