Јас имав проблем малку со тој систем, иако во целост го поддржувам.
Првата година, нит дојдоа нит ништо, само се јавив, однесов сокче и благо, негде работеа низ Богданци, и ми ја завери ја гаранцијата за таа година.
Не многу по тоа, почна да штрака јонизаторот. Дојде типчето, го извади, и повеќе не го видов.
Имав повуци-потегни малку со продавачот, а во меѓувреме го смениле овластениот сервисер.
Стапив во контакт со него, екстремно коректен дечко, дојде, без проблем го стави новиот јонизатор, ја завери гаранцијата и за претходната година и за оваа.
Ја прегледа климата, и пошто ја одржувам редовно чиста, рече дека оваа година можам да ја истерам, ама наредната (сега во ноември), демек ќе ја растура цела, детално ќе ја чисти и мииислам дека кажа дека ќе го филтрира фреонот (!).
Си платив 800 денари за оваа година. Пошто наредниот зафат ќе биде посериозен, прашав дали останува истата цена од 800 денари годишно, при што ми потврди. И логично е, пошто уствари оваа година не се правеше ништо, а ми наплати 800-ки.
Така да, наполно сум согласен да си плаќам 800 годишно, и да не се секирам за климата 10 години. А башка што и новиот овластен е прекрасно коректен и фин...