Јапанците претераа со цените, по 45к за 3.5ка клима е смешно. Ама па и кинезиве претераа со лажење за перформансите, немаат еуровент и си пишуваат глупости - била 3.5ка ама била појака дури и од 5.5ка јапанска. Зини земјо голтни ме
Супер е што има евтини инвертери за секој да може да си купи, ама да не се лажеме дека начинот на работа и перформансите им се исти, и најбитно дека поттрошувачката е иста.
И една друга работа што е тешко споредлива, квалитетот или во превод колку ќе трае. Не дека јапанциве се безсмртни, ама не сум слушнал некој со јапанец да посакува грее, а обратно има многу случаи.