Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Идејата ми беше бидејќи плочата е рамна, наместо кошулица, да ставам Rigidur или Knauf Vidifloor. Демек за подобра изолација и поприродни материјали, а и јас ќе можам сам да местам, без плаќање мајстори и нервози.Е сега, има ограничување кај овие плочи, што температурата во цревата за парно мора да е до 50 степени и ги препорачуваат како идеални за подно греење.Ама кај радијаторско греење, според интернетов водата оди до 80 тина степени. Можеби нема да им е ништо, а може и да им биде нешто на плочите.Опција една е цревата да се од оние со изолација, или пак над цревото да ставам стиродур, колку толку тие 80 степени да ги намалам.Чекам официјално да ми потврдат од Унгарија кај што се прават плочите, па ќе пишам инфо, може на некој некогаш ќе му треба.Rigidur https://www.youtube.com/watch?v=x0tMe0pIUSMKnauf Vidifloor. https://www.youtube.com/watch?v=8v2BkP6zgrgБи ценел и @onak да даде мислење за ова, дали правилно размислувам
Температурата можеш да ја намалиш со електромоторен трокрак вентил (3 way valve) и додатна пумпа само за подното. На колку степени ќе го наместиш актуаторот, толкава температура ќе ти брка на довод/поврат, во зависност од тоа каде ќе го ставиш давачот за температура. Функцонира така то наместо цело време подното да зема вода од котелот ќе ја врти делумно повратната вода од самото подно. Истата функција ја има и групата за подно што ја имам поставено на предходните слики.Во Термосистем треба да имаат од Џакомини.
Колку за евиденција.Температура на вода ми е подесена на 50 степени, радијаторско греење 24/7. Не се сеќавам кое зимо беше со поларни температури, покачив на 55.Топлификација пак не сум видел да испорачуваат над 60 степени, претежно е 55 во зависност од надворешна температура.
Упс...https://www.facebook.com/436492469774463/posts/2099092473514446/
Цитат: Ipkisija Meskosa на 07 Февруари 2019, 10:56:50 am^ Една молба имам до тебе. Дали ќе ти биди проблем малку поопширно да ми подобјасниш околу тој тип на загревање, то ест ако се работи за загревање со сопствено парно на струја. За ефикасноста околу загревањето сум сигурен дека е на највисоко ниво, конкретно ме интересира околу сметките на струја. Се шират муабети како биле прилично високи сметките. Јас имам само еден пример за 12KW парно кое грее стан од педесетина квадрати (мал) и цените беа далеку пониски од она што сум го слушнал/прочитал.Од прва рака, ако не ти е проблем да ме запознаеш со ситуацијата кај тебе ќе бидам многу благодарен (доколку се работи за таков вид на парно, а не панелки и други грејни тела) Сметката за пола Ноември и до 17-ти Декмври беше 2.800Остаток Декември и пола Јануар 5.800 (кој би требало да е пик)Ова е вкупна сметка за струја, само греење не знам колку земало. НО, последнава сметка имаше многу готвење без да се внимава на скапа/ефтина (слава, 2 родендени, Нова Година, празници), како и распуст 3 недели. Башка имаше нели и поладни денови.Имам безжичен регулатор кој го имам сетирано на следниот начин: - 05:00-07:00 - 23 степени - 07:00-14:00 - 19 степени - 14:00-16:00 - 23 степени - 16:00-20:00 - 21 степен - 20:00-22:00 - 20 степени - 22:00-07:00 - 19 степенитемпературата внатре никогаш не паднала под 20 степени, освен неколку ноќи кога беше минуссе случило да треба преку ден, кога беа децата на распуст, рачно да се вклучи парното (едно дугме кое вклучува автоматски на 22 степена и има едно за исклучување доколку има потреба)се случи неколку денови и да продолжиме со греење до 00:00греењето е парно, едно во дневна/терпезарија/кујна/влезна партија која е една просторија, едно спална, едно детска и регистар во купатилотемпература на вода е подесено на 50 степени, кога беше поладно ја зголемив на 55котлето е ова:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)морам да забележам дека од 5 страни станот се граничи со соседни станови и има одлична изолација
^ Една молба имам до тебе. Дали ќе ти биди проблем малку поопширно да ми подобјасниш околу тој тип на загревање, то ест ако се работи за загревање со сопствено парно на струја. За ефикасноста околу загревањето сум сигурен дека е на највисоко ниво, конкретно ме интересира околу сметките на струја. Се шират муабети како биле прилично високи сметките. Јас имам само еден пример за 12KW парно кое грее стан од педесетина квадрати (мал) и цените беа далеку пониски од она што сум го слушнал/прочитал.Од прва рака, ако не ти е проблем да ме запознаеш со ситуацијата кај тебе ќе бидам многу благодарен (доколку се работи за таков вид на парно, а не панелки и други грејни тела)
Ахаххахах го наполниле со метан наместо со фреон.