Пишав погоре дека не ја гасам воопшто, дува на 30ц и на прва или втора брзина постојано. Претходно кога живеев кај родителите се греевме на дрва и сметам дека таа топлина е многу попријатна од климава. Ќе земам утре панел, ноќе да топли тој, а климава да ја исклучувам.
Гледам погоре пиша за чистење, само внатрешната единица ли се чисти или и надворешната?
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Внатрешната се чисти рачно. Надворешната сама се чисти, провери сега со маглава колку вода тече од неа.
А со панелот воздухот може да го чуствуваш „посув“ само заради ако не загреваш на иста температура како со климата. Пошто на пониска температура, ќе имаш повисока релативна влажност...
Патем на цели 30с загреваш??
Аман, после се чудиш зошто ти е сув воздухот дома. Си бил во сува сауна некогаш? Си бил нормално, дома ти е сува сауна - само неколку степени ти фалат за да го постигнеш стандардот за сауна.

Намали на 24-26с да видиш колку поубав ќе биде воздухот.
Инаку сега читам еден добар
текст за влажност/сувост на воздухот во модерните домови. Да го изгустирам малку па ќе го искоментирам.