Не сум им гледал понуда од кога ја купував мојата Тошиба. Твојава е тогаш 7киловатен ѕвер од повисоките модели... Тоа треба да е многу добра клима, од што не си задоволен? Многу јако дува, застанува почнува, тоа ти смета?
За сушење на воздухот, разлика со пелети или со ќумбе би имало само заради тоа што влечат воздух надвор низ горилникот/оџакот (мора воздух за да има горење). Прават негативен воздушен притисок внатре кој се саморегулира преку влагање нов воздух низ врати прозори, разни отвори и лоши дихтунзи. Практично форсирана промаја.
Џабе ќе фрлаш пари, тоа ми е муабетот. Истото можеш да го постигнеш и со климата, со намерно луфтирање, само подотвори по 5мм два прозори во оддалечени делови од станот.