Треба хемиско чистење на внатрешната да се прави есенско време. Ништо друго. Околу 1500 денари чини.
Внатрешната единица лесно се чисти, секој може сам да ја исчисти со малку труд. Не се штедат само пари, туку знам и за случаи каде невнимателни сервисери искршиле пластики од поклопецот. Сам за себе секогаш ќе пазиш повеќе од мајстор кој се брза (чест на исклучоците кои секако ги има).
Како и да е, за чистење се користи обезмастувач (разреден со млака вода), кој се нанесува со шприцање. Се остава 10-ина минути, потоа се испира со шприцање топла вода, и потоа климата се пушта на ладење да работи некое време (еден саат, на пример).
Некои сервисери велат дека може било кој обезмастувач (Авакс за рерни е еден таков). Мене ми беше шубе и земав FavorCool SB-910 наменско средство за чистење клими (и други HVAC ствари). Главната состојка секако е Содиум Хидроксид, па најверојатно ќе завршат и евтините средства како Авакс.
https://bsl.name/products/promy-shlenny-j-ochistitel-favorcool-sb-910

Средството се разредува со вода, помалку или повеќе зависно колку се прљави климите. Јас мешав 50:50, а двете клими ги исчистив со отприлика четврт литар од течноста. Пакувањето е од 3.7 литри и кошта 900 денари, мислам имаше и помали пакувања. Најисплатливо е да се подели со некој, за две клими 3.7 литри од средствово би траеле ~15 години.

Едноставно, занимација и заштеда истовремено: