Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1197738 пати)


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3481 на: 13 Декември 2018, 10:22:32 am »
Не знам кој е тој Ломо, можеби е и ЕКО моделот со фенси шменси маска на внатрешната единица. Но секако нема грејач на кондензатор/тацна, а другата клима има.

Тоа кажано јас би одел на Хансол моделот, сегашниот попуст до 19-ти е многу добра цена за добра клима:

https://www.facebook.com/Greestore-GROUP-DOO-Skopje-567347826779846/


Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3482 на: 13 Декември 2018, 10:51:28 am »
Многу пари е Хансолот 8000 денари разлика. Од тие двете кој е подобар избор ? Или па за таа цена ~25k што би било добра опција ?

https://klimi.mk/product.php?id=332&fbclid=IwAR1HvDD-WdKcown07tGJ1QwlNuLVqW6gktTBBe77SKYE7iK1CuXi1VcQSfs
https://klimi.mk/product.php?id=281&fbclid=IwAR0iT4Z6KVSeCWxJyc0fB14mMEV5RkvZEgFV3hbwzX-SjvylglNlo4qBePM

Го гледам и овој модел е на добра цена.
https://klimi.mk/product.php?id=351

Заборавив да пишам за станот. Ке се користи за греење на нов стан само дневна соба околу 30м2. Изолација би требало да е добра и прозори се ПВЦ.
« Последно менување: 13 Декември 2018, 11:01:11 am BraneMKD »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3483 на: 13 Декември 2018, 11:01:01 am »
Таа Fairy LCLH би требало да биде замена за Lomo LCLH, која е сосема пристојна клима. Но не знам за сигурно.
Само да знаеш дека Хансолот е неколку класи подобра клима, ако било како можеш да си дозволиш додатни 8к, истите ќе ти се вратат повеќекратно. Посебно на поладно време задржува поголема моќност. Истата клима лани кошташе ~44 илјади, сега чистат лагер или којзнае што, ама супер понуда е.

Припази и на тоа дали 12.000BTU ти се доволни за просторот што сакаш да го грееш. Не зборам за тебе лично ама овде во Македонија некако сме научени да мериме ќумбиња од 10-14 киловати, со клими од 3.5 киловати.


едит: Тој последниот линк е Ломо ЕКО. Прилично подобар од разните нео/квадро/фуего, ама нема шанси со повисоките Gree модели.

Мој совет ти е да не си играш ако планираш ова да ти биде главно греење за години и години натаму. Земи Хансол.
Скрати буџет на други работи, и додади за проверено одлична клима. Тие 8 илјади денари се третина/четвртина од цената на телефоните кои секојдневно ги гледам кај луѓево во џеб. Или цех за добар помин во кафана.
Не зборам за тебе лично, но често гледам вакво кратење на есенцијални работи а одврзување новчаник за други работи. Не е работава како за лаптоп, „може ќе работи поспоро, ама ќе работи“. Разликата може да испадне дали ќе ти биде убаво и топло, и дали ќе купуваш пак решение за греење, или нема. А тогаш нема да се 8 илјади денари, туку многу повеќе.

Но ако навистина никако не можеш да си дозволиш уште 8 илјади. Тогаш Fairy LCLH.
« Последно менување: 13 Декември 2018, 11:16:29 am Van »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3484 на: 13 Декември 2018, 11:35:15 am »
Некни гледав јакни и ми фатија око две.
Едната 4,5к, другата 7,5к.
Нормално ја купив таа за 4,5к.
Излезе дека на поладно време, (вечерта) не ме грее доволно.
Утредента ја заменив за поскапата :)

Со клима не толку едноставна замената, да не кажам невозможна.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3485 на: 13 Декември 2018, 12:38:15 pm »
Фала за одговорите.

8000 не се малце пари кога се средува нов стан и мора се да се купи. Мора да се најде некоја средина. Не се разбирам во клими и незнам како идат цените, али тој е буџетот и гледам максимално да го искористиме.

Климата ке оди кај родители на жена (soon to be :)) и нема да им е проблем некогаш ако ептен залади да пуштат и греалка.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3486 на: 13 Декември 2018, 14:00:10 pm »
2-ца се или се токмиш за домазет? :) Ако се само дедоти и баба ти, колку би направило разлика цо сметка за струја најскапана клима и нај топ клима? Е сега ако сте масовно сите, па здравје бебе едно па друго, ќе се греат сите соби и тоа масовно на цел стан, ќе има разлика Бога ми. Убото е поубо ама некогаш не е и неоподно. Ене кај мојон бабалок со греалки им иде 2000 ден струја. За греење да стават клима ко ќе им се исплати(мада неопдна е за ладење и има клима, ама ретко се кориси зиме)2-ца се колку ќе потрошат. Кога служев домазет, со новороденче идеше 6000...

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3487 на: 13 Декември 2018, 14:05:08 pm »
2-ца се или се токмиш за домазет? :) Ако се само дедоти и баба ти, колку би направило разлика цо сметка за струја најскапана клима и нај топ клима? Е сега ако сте масовно сите, па здравје бебе едно па друго, ќе се греат сите соби и тоа масовно на цел стан, ќе има разлика Бога ми. Убото е поубо ама некогаш не е и неоподно. Ене кај мојон бабалок со греалки им иде 2000 ден струја. За греење да стават клима ко ќе им се исплати(мада неопдна е за ладење и има клима, ама ретко се кориси зиме)2-ца се колку ќе потрошат. Кога служев домазет, со новороденче идеше 6000...
МАСОВНО НА ЦЕЛО СЕЛО :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3488 на: 13 Декември 2018, 14:11:42 pm »
@Roci се згреа ли ?

;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3489 на: 13 Декември 2018, 14:16:26 pm »
Масовноста е битна појава  :D

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3490 на: 13 Декември 2018, 14:33:11 pm »
2-ца се или се токмиш за домазет? :) Ако се само дедоти и баба ти, колку би направило разлика цо сметка за струја најскапана клима и нај топ клима? Е сега ако сте масовно сите, па здравје бебе едно па друго, ќе се греат сите соби и тоа масовно на цел стан, ќе има разлика Бога ми. Убото е поубо ама некогаш не е и неоподно. Ене кај мојон бабалок со греалки им иде 2000 ден струја. За греење да стават клима ко ќе им се исплати(мада неопдна е за ладење и има клима, ама ретко се кориси зиме)2-ца се колку ќе потрошат. Кога служев домазет, со новороденче идеше 6000...

Сами ке седат и само дневна ке грејат, така да нема потреба од најаката клима. Кога ке отидеме на гости ке пуштиме некоја грелка екстра. :D

Јас земав стан во Џевахир и еве на овие температури -5 надвор внатре не паднала температурата под 20 без да пуштам клима. Имаме некој систем повеќе станови на иста надворешна единица и до сега сум немал никаков проблем да загреам до 24-26 и да одржувам температура на најслабо. Незнам како ке бидне на -20 ако некогаш падне до толку.

Они земаа стан во Куманово во нова зграда па би требало и таму да е добра изолацијата и лесно да се загрева.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3491 на: 13 Декември 2018, 14:34:32 pm »
Bara e, uzivam  ;D 8) sala nastrana odlicno e sega  ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3492 на: 13 Декември 2018, 16:34:24 pm »

Добро, ваљда нема да кисните на гости :)
Тоа ми беше зборот, не за нај јака не го за нај економична... Ќе се исплати разликата што знам после 3 години на пример, а парите си ги дал. Не дека има нешто лошо да е земиш нај јаката клима ама не е неопходно во случајов.
Него колку плаќате Џевахир месечно за одржување на зграда, ако не е тајна ? Имаше нешто галама околу тоа...
Патем аирлија женачката :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3493 на: 13 Декември 2018, 19:00:45 pm »
0.7 евра емесечно. Тоа е за генераторот на струја, топла вода секаде, обезбедување, чистење итн. Греењето/ладењето си е посебно ама заради изолацијата не е мн потребно.
Да имаше стан од 65-70 со тераса и ја ќе земев таму.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3494 на: 14 Декември 2018, 01:20:26 am »
Си има сопствена струја или...? Што работи генераторот?