Таа Fairy LCLH би требало да биде замена за Lomo LCLH, која е сосема пристојна клима. Но не знам за сигурно.
Само да знаеш дека Хансолот е неколку класи подобра клима, ако било како можеш да си дозволиш додатни 8к, истите ќе ти се вратат повеќекратно. Посебно на поладно време задржува поголема моќност. Истата клима лани кошташе ~44 илјади, сега чистат лагер или којзнае што, ама супер понуда е.
Припази и на тоа дали 12.000BTU ти се доволни за просторот што сакаш да го грееш. Не зборам за тебе лично ама овде во Македонија некако сме научени да мериме ќумбиња од 10-14 киловати, со клими од 3.5 киловати.
едит: Тој последниот линк е Ломо ЕКО. Прилично подобар од разните нео/квадро/фуего, ама нема шанси со повисоките Gree модели.
Мој совет ти е да не си играш ако планираш ова да ти биде главно греење за години и години натаму. Земи Хансол.
Скрати буџет на други работи, и додади за проверено одлична клима. Тие 8 илјади денари се третина/четвртина од цената на телефоните кои секојдневно ги гледам кај луѓево во џеб. Или цех за добар помин во кафана.
Не зборам за тебе лично, но често гледам вакво кратење на есенцијални работи а одврзување новчаник за други работи. Не е работава како за лаптоп, „може ќе работи поспоро, ама ќе работи“. Разликата може да испадне дали ќе ти биде убаво и топло, и дали ќе купуваш пак решение за греење, или нема. А тогаш нема да се 8 илјади денари, туку многу повеќе.
Но ако навистина никако не можеш да си дозволиш уште 8 илјади. Тогаш Fairy LCLH.