Ок. Одиме понатаму.
Камини, котли за радијаторско греење на пелети...
-Со кои брендови умате искуство?
-Кој бренд би го бодирале како најдобар и зошто?
-Колку се бучни во споредба со клима, децибели?
-Како да се информираме кој бренд која автоматика, електроника ја вградува, која е најдобра воедно?
-Дали навистина трошат во просек 300-400 вати струја на час или некоја заблуда е?
-Кој бренд да се одбегне и зошто?
Јас две години имам Коммо 21 на Алфа Плам,презадоволен,нема утнато да не запали или да јави некој еррор до сега.
Пријателка моја има некој дали екошпар или од тие бугарските како се викаа не знам,ми се има жалено на чести еррори.Дали до квалитетот на пелетите или до каминот не знам.Имам пријател кој мести системи за греење а воедни и ги одржава,според него Алфа Плам,MBS,Centrometal.Ми има кажувано зошто и како,ама да не тропам глупости не се сеќавам.Кажуваше случај за екошпар дека имаат експлозивно палење и имало случај на кршење на стаклото.
За бучност,коммото е побучно од климата во смисла се слуша вентилаторот и солењето не пелетите,но минимално не е нешто што смета,барем не мене.
Потрошувачка на струја,за првите неколку минути троши 300-400вати додека е вклучен греачот за да ги запали пелетите,потоа потрошувачи се само пумпата и вентилаторот,некои си 100-130вати.
За автоматиката,негативности и мани на одредени произведувачи пријателот/цимерот кој се занимава со ладење/греење би ти расправал цела вечер.