Значи не се разбирам од струја воопшто. Живеам во нов стан и дознав дека имам трофазна струја. Лаички демек е подобро ако користиш голем број на уреди во исто време?!
Прашувам зошто поради таа трофазна струја, јас плаќам просечно 10тина евра повисоки сметки без разлика на месечната потрошувачка во споредба со еднофазна струја. Има начин како да се смени на еднофазна, дали е паметно или воошто да не се ебавам со такви работи?
лаички грешиш во редоследот на зборовите:
ако користиш поголем број уреди во исто време, подобро е со трофазна струја, одколку со монофазна, бидејки паѓа напонот, ако се погодат на пример бојлер и шпорет во исто време...
од друга страна, во голема заблуда си дека со трофазниот струјомер плаќаш повеќе одколку со монофазен, бидејки потребните вати или киловати што ти ги трошиш, ке се потрошат исто и преку монофазен и преку трофазен струјомер, односно инсталација низ дома... така да, би те советувал да си бараш разлика во потрошувачи и нивните капацитети помеѓу претходниот и овој новиов стан. со нешто трошиш повеќе одколку што треба, и нема потреба да се враќаш назад во корените и почетоците на електродистрибуција и да тураш монофазен струјомер за цел стан, те убедувам дека ништо помалку нема да потрошиш...
постои и втора опција, а тоа е струјомерот да не е нешто штракнат, па и тоа можеш да го пријавиш, ќе дојдат, демонтираат, истестираат и ако е швркнат, ке си добиеш нов ако не, истиот назад и почни да пресметуваш каде трошиш тука повеќе струја одошто претходно...