Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981964 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
22:13h e.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Чекај бе па и ти, гледам утакмица. И реков после 22ч не тачно у 22ч. Nма разлика.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1530
„Прикаски“?
А што велиш за ИСКУСТВА?

За себе зборувам, не за друг. Со тоа што не се работи за една клима, туку за две клими.

Сум се греел на дабови дрва, струја,парно и сега на инвертер. Сите прикаски ми се јасни и апсолвирани.
И што велиш, дека ќумбе од 15 киловати грее повеќе од клима од 3 киловати?  :)

Ако просторот ти бара 15 киловати, што не си земал 3 клими од 5 киловати - па да видиме дали 15киловати од клима уреди „не греат“?   ;)

Не се наоѓај повреден, не те напаѓам.
На дрва сум се греел, најзгреан си бидејќи неспоредливо е со било кое греење. Топлината која ја дава дрвото по мене е без конкуренција. Без разлика, јас никогаш повеќе не би се греел на дрва. Едноставно треба да си луд да се грееш на дрва при инвертер клими и топлински пумпи - за кого како.

Се греев на панели, брзо постигуваат температура и малку се незгодни со  подесување посакувана температура. Скапи се и неисплатливи споредено со инвертер клими и топлински пумпи.

Се греев на градско парно и по мене е најдобрата варијанта, само и само ако остане по нормална цена. Зависи од парно инсталацијата на зградата може и да немаш баш најдобар ефект.

Сега се греам на инвертер клима, најекономична е, но доста го суши воздухот и мене малку ми смета што цело време дува, иако не е гласна - гласна. Неспоредлива е за економија и комодитет во однос на "стиснеш дугме и те боли уво".

И дај ова со математиките да го расчистиме, еден простор си има топлински загуби од одредена KW. Дали ти ќе ги надополниш со 15кв ќумбе или клими или печење ракија, е небитно. Не знам од кај го ископа муабетот за ќумбето од 15кв.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Дефинитивно фантастична зима за греење. Тоа сите не радува преку сметките за греење. :)

Имаше во овој Февруари и неколку последователни денови минусни температури каде само си кренав сетпоинт и се згреа просторот.

Секако да имав две ќе е поизедначено - нормално. Здравје за некоја година можда ќе ставам уште една за да се добие порамномерно греење но уште поважно е што и ќе се крене SCOP на уште повисока бројка ако се 2 клими поготово хиперинвертер. Ама за сега и поготово за ваква зима каде едвај на 50% работи една клима, ми немаше логика. Освен ако дадат субвенција, тогаш може да се мисли на втора за овој простор.

До сега ме кошта 5800 денари за 70тина квадрати стан цела грејна сезона. Инвертер рулз. Кој сака нека верува, кој сака нека не верува. Ништо не ми мења.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не се наоѓај повреден, не те напаѓам.
На дрва сум се греел, најзгреан си бидејќи неспоредливо е со било кое греење. Топлината која ја дава дрвото по мене е без конкуренција. Без разлика, јас никогаш повеќе не би се греел на дрва. Едноставно треба да си луд да се грееш на дрва при инвертер клими и топлински пумпи - за кого како.

Се греев на панели, брзо постигуваат температура и малку се незгодни со  подесување посакувана температура. Скапи се и неисплатливи споредено со инвертер клими и топлински пумпи.

Се греев на градско парно и по мене е најдобрата варијанта, само и само ако остане по нормална цена. Зависи од парно инсталацијата на зградата може и да немаш баш најдобар ефект.

Сега се греам на инвертер клима, најекономична е, но доста го суши воздухот и мене малку ми смета што цело време дува, иако не е гласна - гласна. Неспоредлива е за економија и комодитет во однос на "стиснеш дугме и те боли уво".
Друже не се наоѓам нападнат, едноставно расчистуваме некои популарни митови. Топлината од дрвото сите ја фалат, затоа што ќумбиња под 8 киловати тешко и ќе најдеш. И потоа 8кв се споредуваат со 3кв... Епа нормално дека повеќе ќе греат 8кв, или 15кв.

Градското парно некогаш беше добар избор, сега е далеку од тоа. Прво види ги сезонските сметки, ти барем можеш да ги споредиш. Ако зградата ти има макар осредна изолација, парно греење сигурно е солидно поскапо од греење со клима.
А сушење на воздухот имаш со секое греење. Лесно се докажува ова со било кој хигрометар и термометар, само треба да измериш. Релативната влажност се однесува исто според истите физички закони насекаде во овој универзум.

Цитат
И дај ова со математиките да го расчистиме, еден простор си има топлински загуби од одредена KW. Дали ти ќе ги надополниш со 15кв ќумбе или клими или печење ракија, е небитно. Не знам од кај го ископа муабетот за ќумбето од 15кв.
Ги илустирав разликите. Луѓето кога купуваат ќумбиња, почесто се трошат моделите од 12 до 15 киловат. Но кога се купува клима за греење, тогаш и „3.5кв е доволно“.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1530
Друже не се наоѓам нападнат, едноставно расчистуваме некои популарни митови. Топлината од дрвото сите ја фалат, затоа што ќумбиња под 8 киловати тешко и ќе најдеш. И потоа 8кв се споредуваат со 3кв... Епа нормално дека повеќе ќе греат 8кв, или 15кв.

Градското парно некогаш беше добар избор, сега е далеку од тоа. Прво види ги сезонските сметки, ти барем можеш да ги споредиш. Ако зградата ти има макар осредна изолација, парно греење сигурно е солидно поскапо од греење со клима.
А сушење на воздухот имаш со секое греење. Лесно се докажува ова со било кој хигрометар и термометар, само треба да измериш. Релативната влажност се однесува исто според истите физички закони насекаде во овој универзум.

Имав пробно парно оваа година 12 дена, не частеа од БЕГ пошо ја приклучуваа зградата. Инсталацијата најверојатно не е баш најсјајна и некако не ме одушеви. Млако беше парното. У стариот стан кај што живеев, имаше гусани радијатори и за 40тина квадрати плаќавме околу 20к годишно за греење. Без изолации, пвц и слично.
Ова со влажноста си у право, можда мене ми се чини дека климава суши воздух повеќе од други грејни тела. Иначе  на подесена температура 23-24 у дневна на климава, у спалните имам 20-21 степен константно. Ама комшијата до мене и под мене се приклучени на БЕГ. Абе све си има свое и плус секоја ситуација е различна. Нема идентични комбинации коа се работи за греење.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Сметка за струја на летно немам под 5500 денари,есента 8-9000,зимата 12.000 ден. и нагоре,како успевате алал да вие.Па не е само греење,таа машината за перење не е застаната од перење,ке фатам ке ја исфрлам,бојлер,готвење.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Кано, не го гледаш ова како можност за заработка и влез во нов сегмент на пазарот?
Високата цена на топлотните пумпи за загревање вода, остава солиден простор за алтернативни решенија. Пошто корисниците на твоево решение се задоволни со загревање на вода до 60/70+с, сигурно би биле уште позадоволни со греење на вода до 30с.

друже.. имам на многу куќи и станови местено или само подно или комбинирано подно+радијатори загревани од КАНО СИСТЕМ, нели, соодветен по димензија и јачина за секој посебно... според желби иде тоа нели, иако јас како тој што се прашува за греење кажувам за овој објект ова е подобро или она полошо, сепак, на крај се сведува желбата на клиентот а моја обврска да му удоволам на неговата желба...
значи, на фејс профилот има еден куп слики и видеа со подни инсталации работени од мене со кано системите, еве еден дел од нив, а другите кликнете и гледајте таму директно.

еве две видеа, да се најдат, првото е со рефлектирачка фолија, второто е без, не гледам клик на икона за видеа од фејс да се ембадираат, затоа за нив само со линкови, ако може И АКО САКА администрација нека ја поправи работава ако се поправа со овој пост. значи:

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1808413979169200/

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1791202617557003/

еве и некоја слика:

еве еден разводен орман кај што има три линии за подно и три радијатори, каде што контролата е МЕХАНИЧКА:

и уште еден таков орман кој покрај механичката заштита, има и електронска контрола за гасење и палење на подното, решено од моја страна автоматиката, а ова тука е само електро моторен вентил:

еве уште едно САМО ПОДНО, со модуларен орман. значи и КАНО системот и разводот за подното и електриката, се е сместено во орманов:
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1530
Сметка за струја на летно немам под 5500 денари,есента 8-9000,зимата 12.000 ден. и нагоре,како успевате алал да вие.Па не е само греење,таа машината за перење не е застаната од перење,ке фатам ке ја исфрлам,бојлер,готвење.

Сите уреди од бела техника ми се инвертер и цело осветлување е лед. И глеаме да припазуваме скапа-евтина тарифа.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Кано, фино изработено. Со која температура на водата се загреваат? Или не се вселени сеуште домаќините?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Кано, фино изработено. Со која температура на водата се загреваат? Или не се вселени сеуште домаќините?
вселени се. онаа нај горната слика е од пред 3-4 години.
температурата на водата зависи од температурата внатре-дома, значи зависно колку треба да се загрее. во некои ситуации се иде со 35 степени, но имам објекти каде што и скоро 50 степени е турено на термостат за водата, затоа што имаат преголеми губитоци и/или предебела кошулица. сепак, средината е некаде околу 40 степени, да не речам златна средина и просек е околу 38.
и тука сега ќе рипнат недоволните познавачи и пак ке “пробаат“ да ми истрљаат од нос дека подот треба да биде 29-30 степени.. да, подот треба да е толку, а за да го постигнеш тоа, водата е потопла, најчесто за 10-тина степени е разликата.. ама пак ке кажам, НАЈЧЕСТО, не и секогаш. има луѓе во екстрема идат со греењето, па реално 28 степени дома, со подно од 30 степени не се постигнува.
и сеуште стојам на тоа дека ЗИМНО ВРЕМЕ 30 СТЕПЕНИ НА НОЗЕ СЕ ОСЕЌААТ ИТЕКАКО, поготово ако си бос. да, се осеќа топло на нозете. ако ги “испаркираш“ нозете и не ги мрднеш, да речеме пола саат, многу лесно може да се деси на тоа место да стане уште потопло, па и до 35 да качи (зависи од дебелината на кошулицата и дали се погодило баш под нога цевка да проаѓа).

јас имам и мерна опрема, па имам и тестови правено. кај некои мои клиенти, туривме чергиче од 2 квадрати сред дневна. за 1 саат, ПОД чергичето беше за 7 степени потопло одколку остатокот од подот. а реално тоа е неискористена а потрошена енергија (низ струјомер), која адекватно не е распоредена. кај други клиенти кои запнаа да турат персиски килим, од 12 квадрати, после 24 саати, имавме топол персиски килим кој на дното беше повторно за 7 степени потопол од подот. повторно потрошена енергија и фрлена низ прозор. СО килимот троши повеќе за некои си 22% бидејки дневната поспоро се загрева, а останатите соби више се прегреани кога таа ке загрее колку што треба...
« Последно менување: 06 Март 2018, 23:21:22 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Јас конкретно имам 80м2 поткровје со изолиран кров, изолирана долна плоча и PVC прозорци. Се греат сите соби, дневниот просотор е околу 24C, a другите околу 22C. Годинава сето тоа со една FH35VE ставена во дневниот престој и отворени вратите кон собите.

Може да е и уште поефикасно, ако имам уште една FH35VE во северната спална за да работи порастеретено климата.

По 25 часа дневно си на форуми, кајгана, фемина, гсм, карклуб и други па на толку многу паметување си требало српскиот да го усвршиш.

Немој само да кажуваш дека ова ти е од другиот стан, не проаѓа.

П.С Ме чуди како не си слушнал за Стрелец од кајгана, јер ако добро разумем српски кажеш да га непознајеш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
крррццццццц.. офлеле кичмата ме заболе... јак шамаров...

значи и јас го читав истово. иако си го заслужува “експертов“ што бута нос во се што стигне и паметува, сепак нескав вака, затоа и му пишав вчера-завчера, да земе себеси да се сублимира со податоциве па нека одлучи и за квадратури на греење и за температури и за се друго, па тогаш нека пише што и како. Ваљда ке прекине со гугл експертиза...
« Последно менување: 06 Март 2018, 23:28:11 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1530
Јас конкретно имам 80м2 поткровје со изолиран кров, изолирана долна плоча и PVC прозорци. Се греат сите соби, дневниот просотор е околу 24C, a другите околу 22C. Годинава сето тоа со една FH35VE ставена во дневниот престој и отворени вратите кон собите.

Може да е и уште поефикасно, ако имам уште една FH35VE во северната спална за да работи порастеретено климата.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

По 25 часа дневно си на форуми, кајгана, фемина, гсм, карклуб и други па на толку многу паметување си требало српскиот да го усвршиш.

Немој само да кажуваш дека ова ти е од другиот стан, не проаѓа.

П.С Ме чуди како не си слушнал за Стрелец од кајгана, јер ако добро разумем српски кажеш да га непознајеш.

Каков headshoot хахахаха.