Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436727 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2835 на: 28 Февруари 2018, 15:56:11 pm »
Прв таков случај. Ќе мора со парапетни единици тогаш. :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2836 на: 28 Февруари 2018, 16:22:23 pm »
Кај мене ќе биде градско парно, парапетни и каналски, само подно ми фали ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2837 на: 28 Февруари 2018, 16:29:09 pm »
На нормална температура беше наместено, мене ми беше таман, на неа не :)
температурата на подното верувам дека беше таман наместена, паркетот беше само подзагреан

Се што е под ~36.7с (темп. на човечко тело), се доживува како малку до многу ладно, како што иде надолу температурата. Така да ако темп. на подот сте ја доживувале како „подзагреано“ или „таман“, најверојатно била солидно над 40-45с.

Но како и да е, животното искуство вели: НИКОГАШ НЕ ИДИ ПО ЖЕНСКИ ПАМЕТ. Барем не за важни работи.  ;)
Скорешно искуство со колега, жена му запнала за печка на пелети никако клими (не грееле, штетни биле, итн). Кога испадна попуст на одреден бренд пред пар недели, човеков пазари пар клими, на мој совет малку ги предимензиониравме пошто нема изолација. Жена му сега ќути, задоволна, дома топло, убаво, мерачи ставија на климите и сега само гледаат како се спушта потрошувачка на 400-600 вати (претходно на греалки од 3 киловати).
Муабетов ми е за жените, често не разбираат и прават филмови. На туѓ грб се разбира, па сега кој е глуп папучар, редовно го јаде (како колегава досега зимиве со 12 кубика дрва и по 8-10 илјади денари сметки за струја). :)

Инаку нема подобро и покомфорно, од нискотемпературно подно греење. Плус и економично е (водата се загрева само на 25-35с). Само уште топлотните пумпи воздух-вода да имаа понормални цени. Со таквите цени и со цената на струјата, зборуваме за луксуз кој ќе му треба ~15 години  да си ја врати инвестицијата (во однос на потрошувачка со греалки).

едит:
Кај мене ќе биде градско парно, парапетни и каналски, само подно ми фали ;D
Ова е сосема друг муабет, градско парно има темп. на вода планирана за радијатори како изменувач. Ако немаш направено кошулица, и сакаш да направиш подно со градското парно, ќе треба да пресметаш колку ретко треба да ги поставиш цевките во кошулицата. Пошто ако ги поставиш цевките како за подно со вода греена со топлинска пумпа, ќе се заебеш, дома ќе ти биде лудачки топло.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2838 на: 28 Февруари 2018, 16:39:41 pm »
Ако местев подно ќе беше со топлинска пумпа, не на градското. Сега ќе имам топлинска пумпа за парапетните и каналските и градско класика за радијатори.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2839 на: 28 Февруари 2018, 18:54:00 pm »
Интересно, две одделни решенија. Ако не е тајна - чуму градско парно греење, плус второ греење со топлинска пумпа?

ќе имам топлинска пумпа за парапетните и каналските
Мултисплит воздух-воздух, или некоја друга комбинација?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2840 на: 28 Февруари 2018, 18:58:20 pm »
Двете решенија ми се затоа што морам да имам ладење во секој случај, па прво го проектираа да биде претежно за ладење и за догревање по потреба, ама искочи дека градското нема да ми биде доволно во едниот дел поради големи стаклени површини, па малце во тој дел го сменивме капацитетот само.

И така плаќам сега 1000ка иако сум исклучен од градско, вака ќе плаќам малце повеќе ама бар и ќе се греам на градското.

Иначе се работи за две Тошиба воздух-воздух надворешни мулти сплит единици и 4 внатрешни, на секоја по две.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2841 на: 28 Февруари 2018, 19:49:51 pm »

Ова е сосема друг муабет, градско парно има темп. на вода планирана за радијатори како изменувач. Ако немаш направено кошулица, и сакаш да направиш подно со градското парно, ќе треба да пресметаш колку ретко треба да ги поставиш цевките во кошулицата. Пошто ако ги поставиш цевките како за подно со вода греена со топлинска пумпа, ќе се заебеш, дома ќе ти биде лудачки топло.
Или стави еден трокрак вентил и пумпа после него и ограничи температурата на колку сакаш(под 30 степени).

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2842 на: 28 Февруари 2018, 20:48:49 pm »

Иначе се работи за две Тошиба воздух-воздух надворешни мулти сплит единици и 4 внатрешни, на секоја по две.
Koja cena se ako ne e tajna?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2843 на: 28 Февруари 2018, 21:07:15 pm »
Не ги знам поединечните цени на памет, а и пријател сум со луѓето. Иначе може многу да варира од простор, намена, квадратура, тип на внатрешни единици. Грубо за 100м2 мислам дека е од 4-5 илјади нагоре за комплет греење и ладење, али ова е моја претпоставка, најубаво да си се праша за конкретен простор и што точно сакате.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи

Нека не ми замерува членот ОНАК не се обидувам да ги промовирам ДАИКИН, верувам дека и неговите системи се исто ефикасни, чисто сакав да дадам еден практичен пример за подното греење со топлинска пумпа за сите оние кои што би биле во дилема дали да го поставуваат.

Поздрав

Зашто би ти замерувал, споделуваш информации општо корисни за сите. Би те замолил, да постираш тука доколку имаш фотографија од цевките во подот пред да се излие кошулицата и една од конекцијата на пумпата со инсталцијата. доколку имаш сликано... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70

Повели друже од цевките во подот.

https://ibb.co/jYGFqx

Конекција на пумпата со внатрешната единица немам сликано пред кошулицата, ако сакаш ќе ја сликам после дома и ќе ти ја пратам. Таа е поставена на висина од околу 1,5метра така да конекцијата се гледа целосно.

Поздрав

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Конекција на пумпата со внатрешната единица немам сликано пред кошулицата, ако сакаш ќе ја сликам после дома и ќе ти ја пратам. Таа е поставена на висина од околу 1,5метра така да конекцијата се гледа целосно.

Поздрав

Вака изгледа со рехау цевки, плочи и разделници, ама е мноооогу поскапа варијанта:

« Последно менување: 01 Март 2018, 20:44:25 pm AUUU »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи

Нека не ми замерува членот ОНАК не се обидувам да ги промовирам ДАИКИН, верувам дека и неговите системи се исто ефикасни, чисто сакав да дадам еден практичен пример за подното греење со топлинска пумпа за сите оние кои што би биле во дилема дали да го поставуваат.

Поздрав

Зашто би ти замерувал, споделуваш информации општо корисни за сите. Би те замолил, да постираш тука доколку имаш фотографија од цевките во подот пред да се излие кошулицата и една од конекцијата на пумпата со инсталцијата. доколку имаш сликано... ;)

Повели друже од цевките во подот.

https://ibb.co/jYGFqx

Конекција на пумпата со внатрешната единица немам сликано пред кошулицата, ако сакаш ќе ја сликам после дома и ќе ти ја пратам. Таа е поставена на висина од околу 1,5метра така да конекцијата се гледа целосно.

Поздрав

алупласт Ф16, стандарден орман. малку се густи цевките кај орманот, ама така е секогаш околу орманот. ќе видиш подоле и кај мене е така, нема друг начин. на тоа место подот ке биде драстично по топол, ама тебе ти е кец на десетка бидејки орманов ти е до тераса, така да таман ке биде. и јас кога преокетирам инсталација, поготово подно греење, секогаш бирам или до влезна врата орманот да биде или во ходник или евентуално како кај тебе на ходниче до тераса, према двор ако е на приземје итн итн, начелно места каде што има поголеми оддавања т.е. губитоци на топлинска енергија.

Не е лошо сработено (не отценувам, само коментирам), ако е вака цела инсталација низ дома, само да ти кажам дека “рефлектирачката“ фолија што ја туриле, нема никаква улога. за тоа служи стиропорот одоздола, и “рефлектирачка“ (намерно во наводници двапати зборот рефлектирачка, бидејки ништо не рефлектира освен зраци), е добра ако ете баш се сака подно, а нема место за стиропор, па тогаш таа фолија се тура, едвај некој милиметар е дебела. во последно време ги гледам се нешто се запнуваат луѓево за таа фолија, се разбира, јасно ми е дека секој кој ја турил нејзе, мислел на најдобро што може да добие, т.е. нели тоа е инвестиција која треба следниве неколку децении да штеди пари, сепак, неправилно е употребена ако одоздола има стриопор или стиродур.
таа фолија е добра, да се намести на зид кај што е радијаторот, значи да на некој занич заштеди топлинската енергија да не ја фпива зидот во себе, туку да се емитира во воздухот, но и тоа важи само за зидови без изолација. ако е со термо фасада, или сендвич зид, ни тогаш нема ефект од нејзе... она што го зачуле а не го дочуле луѓето е дека се става АЛУМИНИУМСКА фолија под цевките, како ИЗЕДНАЧУВАЧ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА КОШУЛИЦАТА, а поентата е да не се осеќаат цевките каде се, туку цела кошулица да биде еднакво загреана. тоа е екстра луксуз, но народов (а не ретко и самонаречени стручњаци), успеаја тоа да го преправат во рефлектирачка фолија, веројатно затоа што цената на алу фолијата е три пати поголема од оваа рефлектирачкава.

за крај, ова е мојот фејс за КАНО системи:
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi ,
или
https://www.facebook.com/KANO-EKO-SISTEMI-za-ekonomichno-greenje-147756003789/
едното е профил другото е пејџ, врзани се меѓусебе. има таму еден куп слики и ивдеа, и еве јас како проектирам и сработувам по прашање подно греење:

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1791202617557003/
ова е во стан, мала зграда со 4 станови, сите исто сработени

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1808413979169200/
а ова е во индивидуална куќа, три вакви куќи направив една до друга, на тројца браќа, они инсистираа на рефлектирачка фолија, а одоздола е стиродур ОД ДУРИ 8 САНТИМЕТРИ, без оглед колку ги убедував дека се тоа џабе фрлени пари. Апсолутно беспотребна е таа фолија, ама нејсе, запнаа луѓето дека ја сакаат да ја има и тоа е тоа.

п.с. да, ако може, сликни го целиот дел што на поголеми згради би се нарекол подстаница, чисто ме интересира мерната опрема и дебелина на проток да видам, не за да наоѓам замерки, сепак, пофалив она погоре што го видов. ;)
позз.
« Последно менување: 01 Март 2018, 20:41:53 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
...

Слика јок.
Поправено.

Разлика во естетика огромна...

Ќе поставам и слики од куќа во Влае само да најдам низ компјутер исто подно со регулација на температура, топлинска пумпа и плис фенкојлери за ладење и догревање.

Ако е само подно останува неискористен потенцијалот за ладење со истата машина, ма да има начин ама се комплицира многу изведбата.