Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 980315 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4665 на: 09 Февруари 2021, 17:02:17 pm »
Они кажуваат дека се премиум,плаќаат тролови по форуми да тресат зелени, во салон ми вика све било ѓубре друго, сите брендови купувале од нив итн.
Греат до -30 зошто имаат греач надвор,а тој греач има scop 1. Ама никој не ја гледа и споредува потрошувачката на струја, сите ги гледаат 22к. За една сезона јапонскиве (кинески) брендови ќе си ја вратат инвестицијата, ама тоа никој не го мери

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4666 на: 09 Февруари 2021, 17:05:59 pm »
Чекај сеа...

Сакаш да кажеш дека мене ме плаќаат да тролам на форумов?

Биди јасен, кога веќе реплицираше.

За струјата - кажав дека не се гаси климата кај мене. 4600 ми е највисока месечна сметка што ја имам добиено откако е ставена климата. Со се друго - бојлери, машини за перење, машина за садови, шпорети, телевизори...

Мене ми одговара.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4667 на: 09 Февруари 2021, 17:17:07 pm »
Чекај сеа...

Сакаш да кажеш дека мене ме плаќаат да тролам на форумов?

Биди јасен, кога веќе реплицираше.

За струјата - кажав дека не се гаси климата кај мене. 4600 ми е највисока месечна сметка што ја имам добиено откако е ставена климата. Со се друго - бојлери, машини за перење, машина за садови, шпорети, телевизори...

Мене ми одговара.
Ако сакав да кажам дека тебе те плаќаат,ќе кажев така, не ми ги врти зборовите.
Ти и јас сме задоволни од инвертери зошто сме користеле дрва или термопечка итн, и сега сметките ни се 30-40-50% помали. Ама да имаме јапанец, ќе била сметката 3600 сигурно. Е со таа разлика во сметка јапанецот ќе ја исплати почетната инвестиција,а тука не се гледа долготрајноста и начинот на работа
Споредба: возев yaris и great wall,копија на yarisot. На хартија gw одличен, ама во пракса ужас. Потрошња 10-11 град, све крцка, нон стоп ситници зезаа итн. Кај yarisov се си беше ко што треба, 6-7 градска, никаков проблем , уживаш кога возиш. Никој  со тојота не сонува за gw

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5985
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4668 на: 09 Февруари 2021, 17:20:28 pm »
Е така. Сега сме на иста бранова должина.

Ама, мораш да го земеш во предвид фактот "можности во дадена ситуација". Сите знаеме што е убаво. Скапото.

Наредно (читај: откако ќе помине гаранцијата), ќе разгледувам премиум бренд. Се надевам дека ќе можам да си го дозволам.

Реално, и Ферари Енцо си ја враќа инвестицијата после некое време. Дури и со заработка.

Ама, иди купи го...

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4669 на: 10 Февруари 2021, 00:00:00 am »
јасно ми беше дека повеке на продавачот му беше sales pitch него реална вистина - искрено и јас бев повеќе за хаиерот без разлика на 100еур поскапа ама во споредба како брендови да не речам класи хаиерот е малку подоле во листата кинески производители на клими. Гри користи делови од даикин - 2008ма направиле јоинт венчр https://www.daikin.com/press/2009/090218/ . Знам дека звучи но сенс ама битно ми е климата да е црна. иначе за дајкин сенсера ми даваат супер цена. да не речам цена поевтина и од хаерот.
е сега ова со гаранцијава е ептен маркетинг ЕПЛ шема што тераат ама има луге им се нафаќаат. Во предходниот стан имав Макс инвертер од агротехна 8 години ја терав ни сервис ни бутур освен чистење на филтри што сам си ги средував.
околу 50000 унитс тоа е премногу и 10,000 е многу а не 50,000.
резервација стои ама без капар .
ако некој поискусен посочи дека хаиерот е по ок на лонг ран слободно нека пише, или познаник ако имате од енергија па би поминал и би видел
Моите ја имаат Флексисот 12 од негде април минатата година. Просторот е 34 м2 вкупно, 25 м2 дневна + 9 м2 кујна која е во Г (агол од 90 степени) во однос на дневната, во куќа, без никаква изолација само малтарени зидови и ПВЦ дограма. Цел живот се грееа на дрва и беа навикнати на неподносливо жешко. Засега се презадоволни од Флексисот, криво им е што порано не преминале на топлење со клима. За ладење е можеби и уште поефикасна, моите ја гасеа бидејќи за нив пре ладно држеше. Инаку ако споредуваш вградена техника, Флексисот е каде каде понапреден од Гри-во, кое е конкурент на Хаиер Тундра Грин 12 а не на Флексис. Што се однесува до Хаиер како бренд, јас веќе 3 години се ладам греам со Хаиер Тундра Грин 5.5 (18-ка  )во куќа и климата е совршена. Најголема сметка која ја имам добиено е 4100 денари.

Поздрав

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6299
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4670 на: 10 Февруари 2021, 00:23:34 am »
И јас ставив флексис ама 18ка.. Не ја користам секојдневно не сум сеуште вселен али одлично си затоплува 50тина квадрати без намештај, исто така и премногу е тивка... Незнам кај прочитав и дека електрониката и компресорот биле тошиба... Едино кога ќе ја уклучам на греење и треба околу 2/3 минути за да почни да топли..
Незнам како гледате дали прави дефрост ама ми се деси на -4 да се исклучи на 5 минути и потоа си продолжи сосема нормално..

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4671 на: 10 Февруари 2021, 08:11:30 am »
И јас ставив флексис ама 18ка.. Не ја користам секојдневно не сум сеуште вселен али одлично си затоплува 50тина квадрати без намештај, исто така и премногу е тивка... Незнам кај прочитав и дека електрониката и компресорот биле тошиба... Едино кога ќе ја уклучам на греење и треба околу 2/3 минути за да почни да топли..
Незнам како гледате дали прави дефрост ама ми се деси на -4 да се исклучи на 5 минути и потоа си продолжи сосема нормално..
Тоа е дефрост :)

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4672 на: 14 Февруари 2021, 14:24:47 pm »
Гледам има доста од вас кои се разбираат а јас имам дилема. Треба да купувам 4 клими за во станот, три од климите деветки за во спалните и една за дневна која ќе биде Toshiba Shorai Edge RAS B16. Дилемата ми е за климите во спалните дали да земам три клими VIVAX 09 AERI кои коштаат околу 75000 денари или три Toshiba Seiya RAS10 кои коштаат околу 100000 денари. Дали се исплати да доплатам толку за овој модел на Toshiba.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43399
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4673 на: 14 Февруари 2021, 15:32:35 pm »
За во спалните да купиш најтивки клими на светот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54799
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4674 на: 14 Февруари 2021, 15:40:16 pm »
Аери со греачи за спална? Не. Само мултисплит ако сакаш со гррачи. Ќе трошат безвезе 3 греачи. Да е мултисплит со греач поокеј.

Јас лично би Тошибите.

Надворешната да НЕ Е на ѕид од спална. Строго на WC, кујна, остава и слично. За да не сметаат вибрации. Цевките да се најмалку 4-5 метри за да се анулираат звуците од надворешната преку цевките што идат. Буфери за мек контакт на сите надворешни зс дополнителна звучна поддршка.
И терај.

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4675 на: 14 Февруари 2021, 15:58:16 pm »
Првична опциија ми е за спалните мултисплит VIVAX ACP21 6,5kw на греење со 3 внатрешни 7-ки (2kw) и тој со цена ке биде тука некаде околу 75000 денари, ама некои ме премислуваа демек не чинело мулти сплит. Мене ми е страв со тие евтинџиски клими да не трошам само пари за струја а да не греат.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3964
  • MadaFunker
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4676 на: 14 Февруари 2021, 16:35:47 pm »
Од сезонава ја имам Toshiba Seiya во една од спалните, многу тивка клима скоро и не се слуша дека работи за греење да не правиме муабет :)
New blood of old school

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4677 на: 14 Февруари 2021, 16:59:38 pm »
Значи јас ако го ставам сето ова на хартија, Вивакс мултисплит ме кошта 75000 и за него уште едно сигурно 15000 монтажа ради дилгите разводи, во споредба со Тошиба 3 клими 100000 денари плус монтажа, разликата е околу 300 евра. Па валјда за инвестиција која не се прави секоја година се исплати да се купи Тошиба.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4678 на: 14 Февруари 2021, 17:09:10 pm »
Колку што ми имаат објаснувано, мултисплит се става доколку се нема услови да се постават надворешни единици за дадените простории.

Ако го имаш ѕидовите и се лесно достапни немало логика да се ставало мултисплит.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 848
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4679 на: 14 Февруари 2021, 17:56:40 pm »
Значи јас ако го ставам сето ова на хартија, Вивакс мултисплит ме кошта 75000 и за него уште едно сигурно 15000 монтажа ради дилгите разводи, во споредба со Тошиба 3 клими 100000 денари плус монтажа, разликата е околу 300 евра. Па валјда за инвестиција која не се прави секоја година се исплати да се купи Тошиба.
Ако имаш финансии ставај 3хТошиба