Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178597 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« на: 10 Јануари 2013, 16:42:16 pm »
Начекав убаво време и чиста кола, за да ја сликам и конечно да ја претставам на форумов.

Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport Z14XEP мотор со 90 КС, купена нова во август 2008-ма година од Олимпиа Моторс. Поминати, до денес, нешто над 38.200 километри.

Еве неколку фотки - екстериер:























Ентериер:

















Мотор - пред перење, и после перење. Благодарност до Perfect Car Wash Гевгелија.





Моторот е испран по направен редовен сервис, во август.



Кога сме веќе кај сервисите, мала ретроспектива до сега - направени четири редовни сервиси.

Првиот, на 7118 километри, на 16.07.2009-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2457 денари;
- Филтер за масло, цена 600 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 35 денари;
- Работна рака, цена 300 денари.

Вкупно - 3351 денари.

Втор сервис, на 14962 километри, на 31.07.2010-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2098 денари;
- Филтер за масло, цена 631 денари;
- Филтер за полен, цена 1279 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 29 денари;
- Работна рака, цена 600 денари.

Вкупно - 4637 денари.

Трет сервис, на 25554 километри, на 09.09.2011-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2360 денари;
- Филтер за масло, цена 620 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 30 денари;
- Работна рака, цена 300 денари.

Вкупно - 3310 денари.

Четврт сервис, на 34222 километри, на 22.08.2012-та година, НЕ Е правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (Liqui Moly 5W40), 5 литри, цена 2490 денари;
- Филтер за масло, цена 250 денари;
- Филтер за воздух, цена 300 денари
- Филтер за полен, цена 500 денари;
- Свеќички GM34 x4, цена 1476 денари;
- Работна рака, цена 600 денари.

Вкупно - 5616 денари.

Ротирани гумите на 26.624 километри. Планирам уште 10-тина илјади да поминам со овие, па да ги сменам.

Во план за промена наскоро, се глицеринот и антифризот, како и филтерот за гориво.

Проблеми, од купување, до денес (пречкртаните се санирани):

- Неколку ситни гребнатинки, кои ќе се санираат, се надевам што побрзо;
- Еднаш префарбан предниот браник, поради инцидент со камионче;
- Незнам колку пара бришачи сменив, неможам да погодам. Овие последниве ги погодив, веќе година дена ги возам, и бришат како и првиот ден. Се работи за Cartech ZMA X New Generation, купени од Perfect Car Wash.
- Санирана мала гребнатинка на заднито крило и стоп светло;
- Удрен лев ретровизор, заменето само стаклото, останато е оригиналниот;
- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;
- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;
- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;


Потрошувачка - најниско што имам постигнато, 5.2 l/100 km 5 l/100 km, ама со најеврејското најрелаксираното возење на свет. Нормално, просечната потрошувачка се движи од 6.5 до 7 литри, а најмногу што ми троши градска е 8 литри. На отворено, со нормално возење, нешто помалку од 6 литри.

Генерално, задоволен до сега. Ме нервираат овие ситниве проблеми, за кои не сум јас виновен, пошто се скапи и комплицирани за поправка. Барем немам механички проблеми, до сега.

Задоволен, но не би купил Opel никогаш повеќе. Едино, ако ги даваат без пари, тогаш би земал. :D

ЕДИТ, 23.08.2013-та:



Петти сервис, на 43.040 километри, направен на 19.08.2013-та година. Променето:
- Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (4x1л), цена 2.200 денари
- Филтер за масло (Hengst Е611H D122), цена 393 денари
- Филтер за воздух (Hengst Е352L), цена 489 денари
- Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI), цена 619 денари
- Филтер за гориво (Hengst H110WK), цена 459 денари
- Антифриз OMV Coolant SF (4x1л), цена 980 денари
- Глицерин OMV DOT 5.1 (4x0.25л), цена 1.200 денари
- Батерија (далечински управувач), цена 70 денари
- Работна рака, цена 1.200 денари

Вкупно: 7.610 денари

« Последно менување: 08 Ноември 2013, 21:53:09 pm Diesel »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #1 на: 10 Јануари 2013, 16:46:47 pm »
Браво момак, вака се претставува кола!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #2 на: 10 Јануари 2013, 16:47:13 pm »
Едно од најдобрите претставувања до сега!

Секоја чест за совршено чистата кола.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #3 на: 10 Јануари 2013, 16:49:01 pm »
Фала ви. Се потрудив..  ;)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #4 на: 10 Јануари 2013, 16:51:08 pm »
Браво, изгледа како вчера да си ја купил и надвор и внатре  :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #5 на: 10 Јануари 2013, 16:57:19 pm »
Благодарам!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #6 на: 10 Јануари 2013, 17:49:24 pm »
Одлична е колега !

Секоја чест на одржувањето !
Прашање до тебе, овие гумените на браниците, дојдоа од фабрика или ти ги имаш ставано ?
Да се прашувам јас, одма би ги извадил, ти ја грдат колата.

Друга работа што ме нервира кај Classic II верзииве е што надворешно нема никаква разлика со оние од 98 кога излегоа, единствена разлика е во моторот. Има некои со затемнети фарови и штопови и лајсни во боја на каросерија, но за тоа сигурно се доплаќаше.

Уште долго да те служи и помалку да те нервира во иднина, па повторно да засакаш опел како тогаш кога си ја купувал !  :)

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #7 на: 10 Јануари 2013, 17:55:40 pm »
Одлично опелче........... еееее сум се чудел како комшијава зема 2008ма иста ваква нова...а знам тие години се произведува астра х.........не е битно....одлично зачувана ти е колава  и браво за претставувањето ! :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #8 на: 10 Јануари 2013, 17:56:37 pm »
И јас би ги извадил тие од браникот, а знаев дека и друг ќе изреагира.
Инаку браво за претставувањето, одлично би било сите претставувања да беа вакви. :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #9 на: 10 Јануари 2013, 19:18:36 pm »
Педантно. Браво. :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #10 на: 10 Јануари 2013, 19:50:40 pm »
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
Smeni go. Toj kais se menuva na max 30.000

- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
Kaj Astra G, ne-classic verzija ne krckaat plastikite ko ludi.

- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
somnitelno.


Задоволен, но не би купил Opel никогаш повеќе. Едино, ако ги даваат без пари, тогаш би земал. :D
haha, zosto? i sto bi kupil?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #11 на: 10 Јануари 2013, 19:56:07 pm »
Мн убаво количе, одлично одржано.  ;)

Едно од најдобрите претставувања на форумов ...БРАВО !!!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #12 на: 10 Јануари 2013, 20:07:47 pm »
Одлично претставување.
Со здравје да се вози.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #13 на: 10 Јануари 2013, 20:26:43 pm »
Задоволен, но не би купил Opel никогаш повеќе. Едино, ако ги даваат без пари, тогаш би земал. :D

јас би убил за астра г :)

за пластиките еднаш кога се качив во едно такси исто скрцаше се живо и мислев дека е до тоа што е таксирана и не е пазена

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #14 на: 10 Јануари 2013, 20:46:58 pm »
Одлично одржано ти е количево,со здравје да си го возиш и многу км да поминиш.
-за пластиките што ти крцкаат има решение,подмачкај ги од внатрешната страна каде што допираат со металот или со друга пластика со сапун,(обичен не од наливните)и мене ми беше чудно но функционира.Имам заприметено кај мојата астра дека крцкањето се појавува секогаш кога има температурни разлики на времето (ладно-топло).
-Друга интересна работа што заприметив е дека GM маслото што ти го ставале изгледа му имале забаено,затоа што и јас го користам истото масло и го плаќам 1100 ден за 4л.Филтерот никогаш не сум го платил повеќе од 250 ден.поленовиот филтер пред неколку месеци го платив 350 ден.сега е 450 ден.од чешките-полските кој и да се и се променуваат на 10-15000км.а оние филтери со активен јаглен што се тие се ми се чини дека беа околу 1200-1300 ден.и се променуваат на 40-50000км.
-А за тоа што ти светнал check engine ламбичката нека не те плаши многу кај сите астри светнува кога надвор времето е влажно или кога врни.Еден пријател имаше астра како твојата  и се скапа фрлање пари за да отскрија зошто светнува ламбичката променуваше се и сешто ја промени и ламбда сондата со оригинална и само што заврна пак му светна.:)))) послем извесно време ја продаде и си купи ауди A4 караван дизел и не излезе од механичарска работилница, и после беше пишман што си ја продаде астрата :)))).Мене ми изгледа дека е тоа свесно направено за некој да си фрла пари во ветер, исто како што прават електросервисерине ке ти пуштат некоја жичка свесно и не е нигдека поврзана и сега ти думај се од што е таа жичка,ке си го викниш фино лепо пак и ке почни да ти соли памет дека таа жичка е од ова -она и на крај ке ти речи дај 300 ден.
-Ме интересира кое возило би го купил, со оглед на тоа какви ни се патиштава а и цените за одржување на истото?
« Последно менување: 11 Јануари 2013, 03:36:02 am diablic »