Ако немаш изолација логорски оган не те стоплува. Јас греам 80м2 КУЌА со клими, нема да се убедувам (со 2 мали деца сум). А ќе ти ги покажам и сметките на увид.
Тој што те заебал да ставиш инвертери без изолација нека ти го плати парното на пелети. Кога се купува инвертер се пресметуваат топлинските загуби на просторот, а не "абе пријател грее со 3.5kw 60м2 стан,па и јас ќе згреам 80м2 куќа без изолација"
И баш ме интересира како ќе ладиш со пелетите во лето, зошто немаш изолација и ти е топло дома
П.с. се нашол некој паметен и пресметувал, ама нема кој да чита изгледа
https://www.qsl.net/z33t/greenje_mkd.html
Се залетаа сите по субвенции за котли на пелети, и сега нема назад
Па имаше сега (есенва) субвенции и за клими, и тоа до 1000 евра.
Инаку се согласувам, смешно е кога некој ќе каже „клими не греат“ а „парно на пелети растура“.
Клими имало дали една дали две, можеби некои евтини 3.5-ки... Ама печкава на пелети оп ~15KW. Епа греела, епа секако дека ќе грее... 15 киловати наспрема 3.5 (или 7).
Киловат енергија е киловат енергија, сеедно од кој извор. Тоа што не е сеедно е цената на тој киловат топлина, а цената на топлина од пелети е многу поскапа од топлина од просечен клима уред. Тука не вбројувам шкарт клима уреди кои не можат да испорачаат топлина на -10с. А температури од -25 имаше неколку денови во тие две години. Во просек многу многу ретко, доволно ретко за да не е проблем догревање со помошно грејно тело. Инаку јас немав такви потреби ни на -25с, само мене ми се правилно димензионирани јачините на климите.
Мене ми е под 200 евра греење на ~75м2, од есен до пролет, цела сезона. Мерено со одделни мерачи на секоја од климите.
Најголемите заштеди се на есен, и на пролет, кога не е многу ладно ама сепак треба греење. Тогаш климите се супер економични а пелетите/дрвата се најнеекомични (пошто од тие 15 киловати им требаат само 1 или 2, ама таквото слабо горење/согорување не е ефикасно).